03/12/2014 11:21
•
Posted by: MK News
Полицијата го истражува случајот на 19-годишна пробиштипјанка, која се обидела да се самоубие. Девојката била наводно разочарана од животот, па испила 50 таблети за смирување. Таа е згрижена во скопската Клиника за токсикологија. Ја нашле родителите кои ја пренеле во болница.
______________________________________________________________________________________________________
02/12/2014 14:10
•
Posted by: MK News
Возачот на автомобилот „голф“, Ј.Исени од тетовско Камењане, е полесно повреден откако вчера околу 19 часот изгубил контрола и со своето возило влетал во бурекчилницата во неговото село.
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2014 21:23
•
Posted by: MK News
Скопјанец бил избоден со нож во сообраќајна караница вечерва во скопската населба Карпош 4. Тој со неколку исекотини по телото и по главата бил однесен од случајни минувачи во болница, каде бил хоспитализиран во одделението за интензивна нега, јавува Бриф.мк Според првичните неофицијални информации, нападнатиот 23-годишник бил во возило со својот 19-годишен брат. Движејќи се по […]
______________________________________________________________________________________________________
01/12/2014 12:40
•
Posted by: MK News
Дваесетиедногодишна кумановка Д.Ј, синоќа петнаесет минути по полноќ во полициска станица пријавила дека на 30 ноември околу 19 часот ја пресретнало нејзиното поранешно момче Ф.М. од Куманово, насилно ја внело во куќата на неговата баба и физички ја нападнало, заканувајќи и се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие, соопшти МВР. Од ударите, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/11/2014 19:51
•
Posted by: MK News
Попладнево се случи сообраќајна несреќа на кружниот тек кај Католичка црква. сообраќајката се случила помеѓу автомобил и моторцикл на кој имало прикачено приколка. На улицата има расфрлено пластични шишиња што биле натоварени на приколката. Засега нема информации дали има повредени.
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2014 21:59
•
Posted by: MK News
Возило со марка „фолксваген“ излетало од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес. Неофицијално се работи за 17-годишник кој управувал со автомобил во кој биле четири лица и после губењето на контролата над возилото излетал од патот и буквално „слетал“ од 30 метри висина подолу на кружниот тек на влезот од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2014 21:58
•
Posted by: MK News
Попладнево околу 15,30 часот автомобил излета од патот кај Спомен Костурницата и падна на новоизградениот кружен тек. Автомобилот летнал во височина од десетина метри колку што е разликата помеѓу патот каде возел и таму каде слетал. Автомобилот е безмалку искршен. Повредени се четири лица во автомобил комби фолксваген шаран . Според дежурниот доктор од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2014 13:23
•
Posted by: MK News
На граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје вчера во 16:20 часот, на излез од РМ, при пасошка контрола на Ф.К.(26) од Италија утврдено е дека во италијанската лична карта во делот каде што е фотографијата најверојатно е извршена замена на фотографијата. Тој е задржан и предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за […]
______________________________________________________________________________________________________
29/11/2014 13:21
•
Posted by: MK News
На улицата „Џон Кенеди“ во Скопје вчера, околу 15 часот, непознато лице со нож им нанел повреди на Б.С.(26) и Х.С.(18) двајцата од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје и ГОБ „Св. Наум Охридски” при што кај Б.С. се констатирани тешки телесни повреди, убодна рана во пределот на стомакот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга Затвореникот бил на возраст од 36 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Како што ни изјавија од затворот во Струга, безживотното тело било пронајдено вчера утрото околу 9 часотго од друг затвореник со кој заедно ја делеле затворската ќелија. После […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2014 21:49
•
Posted by: MK News
Вчера во 20:30 часот во полициската станица во Чаир А.Џ. (45) од Скопје пријавил дека на 24.11.2014 година околу 15 часот неговата ќерка Ј.Џ. (18) излегла од дома и не се вратила. Се превземаат мерки за пронаоѓање на девoјката.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2014 21:42
•
Posted by: MK News
Безживотно тело на затвореник вчера е пронајдено во казнено поправната установа во Струга. Затвореникот бил на возраст од 35 години и бил осуден за кривично дело загрозување на сигурноста. Телото на починатиот по наредба на јавниот обвинител е предадено на обдукција, а започната е истрага за да се откријат причините за смртта.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2014 21:39
•
Posted by: MK News
Дваесет и девет годишен скопјанец кривично ќе одговара за убиство во обид откако со ножици нападнал две лица. Инцидентот се случил пред пет дена пред ТЦ Капитол Мол, по претходна расправија меѓу четворица скопјани, познати деливкенти за полицијата. МВР го расчисти и ова убиство во обид на кое му претходело нетрпрение меѓу Б.Ј.(40) и Е.А.(29). […]
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Четворица полицајци се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, откако џипот со кој се возеле се превртел. Според првичните и непотврдени информации, возачот загубил конторла врз возилото бидејќи се обидувал да избегне човек кој го претрчувал на автопатот. Во сообраќајката со полесни повреди поминале четворица припадници на МВР кои по прегледите се пуштени на домашно лекување. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 13:00
•
Posted by: MK News
Професионалниот војник Драган Манаилов кој е осомничен за тројното убиство во Злетово бил во редовен работен во Армијата на Република Македонија. Од Генералштабот на АРМ го осудуваат чинот на нивниот припадник и соработуваат со полицијата за да се расветли тројното убиство. При вработувањето на војникот биле запазени сите процедури во однос на психолошката подготвеност и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 12:57
•
Posted by: MK News
Уште една жртва на пругите во Македонија повторно е мигрант од Сирија. Несреќата се случила синоќа во 19.25 часот на пругата кај надвозникот пред Демир Капија, соопшти СВР-Велес. Според првичните информации, станува збор за маж на 25-годишна возраст. Мигрантите што транзитираат низ земјава на патот кон Европската унија ги користат пругите како ориентација и за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2014 11:42
•
Posted by: MK News
Двајца мажи и една жена се убиени утринава во пробиштипско Злетово. Според неофицијалните информации, зет со огнено оружје ги застрелал родителите на сопругата и уште едно машко лице. Тројното убиство во пробиштипско Злетово се случило на две локации, неофицијално дознава Курир. Утринава зетот со огнено оружје ги застрелал родителите на неговата сопруга во нивната семејна […]
______________________________________________________________________________________________________
24/11/2014 16:25
•
Posted by: MK News
На ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува селата Јегуновце и Пршовце, во близина на тамошната чешма, утринава пронајден е мртов 73-годишниот Б.Ц. од Јегуновце. Местото веднаш е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а нешто подoцна извршен е увид, со учество и на јавен обвинител и лекар по судска медицина. Безживотното тело […]
______________________________________________________________________________________________________