16/11/2014 21:14
•
Posted by: MK News
Утрово околу 05.00 часот во Скопје во угостителскиот објект „Деспина“ се случила тепачка во која едно лице било три пати прободено со остар предмет. По претходна расправија помеѓу повредениот Е.А.(1980) од Скопје и дел од обезбедувањето на објектот, непознато лице со остар предмет му нанело три убодни рани во пределот на стомакот. Од страна на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Тинејџер на возраст од 16 години загина по ударот на автомобил во близина на Католичката црква, што се случи денеска попладне. Момчето по ударот итно било пренесено во Ургентниот центар, каде за жал им подлегнало на повредите. Несреќата се случи кога во 16-годишниот скопјанец удри џип Туарег, управуван од скопјанецот Д.М. (20). Очевидци за порталот […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 21:30
•
Posted by: MK News
Шеснаесет годишниот И.Б. е малолетникот кој денес беше удрен од автомобил во близина на Католичката црква. Момчето по ударот итно беше пренесено во Ургентниот центар каде за жал им подлегнало на повредите. Несреќата се случи кога во 16-годишниот скопјанец удри џип Туарег управуван од скопјанецот Д.М. (20). Очевидци за Курир раскажаа дека И.Б. го поминувал […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 19:59
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а едно повредено во сообраќајката на патниот правец Охрид-Кичево, јави Плусинфо. Сообраќајката се случи доцна попладнево на магистралниот пат кај селото Песочани. Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобила со охридски регистарски таблички. Повреденото лице е пренесено во болница во Охрид. На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено забранет.
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 19:50
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочани. Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила и оти засега нема информации за повредени. На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено во прекин. ФОТО: Охрид1
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 18:08
•
Posted by: MK News
Дете на возраст од околу 12 години е прегазено на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во близина на Католичката црква, објави порталот Курир. Очевидци за порталот велат дека детето било удрено од џип Туарег додека го поминувал пешачкиот премин. Од ударот малолетникот бил отфрлен неколку метри, а за несреќата сведочи едната патика која му паднала […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 17:05
•
Posted by: MK News
Човекот кој попладнево беше прегазен кај Градската болница во центарот на Скопје се бори за живот. Како што дознава Курир, тој по пристигнувањето на Итната медицинска помош, бил однесен во ГОБ „8-ми Септември“ каде во тек е хируршка интервенција. Повеќе детали за неговата сосотојба не се познати, а се уште нема информации за неговиот идентитет. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2014 14:24
•
Posted by: MK News
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде М.Ѓ.(47) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,посредување во вршење проституција“, по член 191 ст.1 од КЗ на РМ. -Во периодот од од 28.06 до 14.10.2014 година, пријавениот откако се запознал со оштетената истата ја ангажирал за делење […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2014 14:46
•
Posted by: MK News
Вчера околу 12 часот Симе.Ѓ од Битола, кој одлегувал крави во демирхисарското село Брезово бил нападнат од бик тежок 400 килограми. Бикот му нанел тешки телесни повреди на главата и телото, а битолчанецот некако успеал да телефонира кај својот син за помош. Тој веднаш бил префрлен во Здраствениот дом во Демир Хисар, а од таму […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2014 14:26
•
Posted by: MK News
Млада девојка од село Делогожда, струшко, се води како исчезната. Како што информира МВР, вчера наутро во полициската станица во Струга, Л.Ш.(44), пријавил дека истиот ден околу 02:15 часот од дома се оддалечила неговата внука А.Р.(26) од истото село. До моментот на пријавување, таа не се вратила дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Професор претепал 13 годишен ученик во училиштето во скопско Студеничани, тврди неговиот чичко во изјава за Сител. Момчето, според информациите со повреди на главата завршило во болница. Од полицијата за Сител потврдиле дека инцидентот се случил утринава околу 1 часот во основното училиште Наим Фршери. Од МВР велат дека истрата се уште трае па не […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2014 20:28
•
Posted by: MK News
Полицијата во Свети Николе поднесе кривична пријава за 48-годишниот М.М. за злоупотреба на службената положба и овластување. Во текот на 2010 година, пријавениот како директор на СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе без донесена одлука и без утврдена одговорност за штета им наредил на класните раководители од секој ученик да соберат од 200 до 250 […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2014 15:39
•
Posted by: MK News
Во месноста Суитлак во близина на Струмина чешма попладнево пронајдено е телото на тригодишното дете од Штип кое исчезна завчера. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова потврдува дека телото на малиот Чинар Сулејманов е пронајдено, екипите на крим техника направиле увидот на лице место. Станува збор, посочи, за непристапен терен каде што е пронајдено телото на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Банална расправија била причината 14-годишник со нож да ја повреди својата шеснаесетгодишна девојка, завчера во близина на ТЦ „Мавровка“ во Скопје, соопшти МВР. Инцидентот се случил околу 18.15 часот, на булеварот Kрсте Петков Мисирков. Таму скопјанката Р.А.(16) и нејзиното момче од село Бојане почнале банална расправија. Додека се карале девојката го извадила чевелот и со […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2014 18:55
•
Posted by: MK News
Ивица Антевски најверојатно е човекот кој вчера беше најден во провалијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. 39 годишниот скопјанец од населба Аеродром пред точно една недела беше пријавен за исчезнат, јавува Алфа. Постои сомнеж дека се работи за сообраќајна несреќа, поради необезбеденоста на патот и видните оштетувања на автомобилот. Телото по наредба на јавен […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2014 13:35
•
Posted by: MK News
Дваесет и две годишната штипјанка Б.С. вчера вечерта пријавила во полиција дека исчезнал нејзиниот три годишен син. Според мајката детето исчезнало вчера околу 16.30 часот откако претходно си играло во близина на куќата. Штипската полиција превзема мерки за пронаоѓање на детето. Тригодишно дете од Штип исчезнало вчера попладне. Родителите на малиот Чинар Сулејманов вчера околу 21 […]
______________________________________________________________________________________________________
12/11/2014 09:10
•
Posted by: MK News
16 – годишниот А.Р. вчера околу 19 часот пред Мавровка во Скопје по кратка расправија со нож ја прободел 14 годишната Ц.М од селото Бојане. Девојчето добило две убодни рани во пределот на левата натколеница, а напаѓачот се дал во бегство. Девојчето е префрлено во Градската општа болница и е надвор од животна опасност.
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2014 22:44
•
Posted by: MK News
Вечерва тешка сообраќајка се случила кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје, јавува порталот ЗаСе. Според неофицијални информации на овој портал такси возило прегазило пешак. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и се уште нема информации во каква состојба се наоѓа пешакот. Моментално сообраќајот е блокиран, објави порталот
______________________________________________________________________________________________________