Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Видео/Фото: Македонци дилале фалс странски пасоши

Акцијата “Кондор“ на МВР траела неколку месеци. Во неа биле вклучени полиции од Косово, Црна Гора, Бугарија, како и полициите на Австрија, Холандија и др. Групата која е фатена подолг период тргувала со фалс странски пасоши, лични карти, возачки дозволи, осигурителни картички, дипломи, а изработувале фалс македонски возачки дозволи, АДР лиценци и др.

______________________________________________________________________________________________________

Повредено момче на плажа во Струга – го удрил скутер

Вчера попладнето околу 17 часот додека момчето се сончало на педалинка во водите на охридското езеро во близина на машката плажа во Струга, во него удрил скутер.

______________________________________________________________________________________________________

Демолирано училиштето во Врапчиште

Наставниците и учениците утринава затекнале искршени прозорци на училиштето „Сали Лиси“ во општина Врапчиште.

______________________________________________________________________________________________________

Тепчка во Стоби на Кеј ноќеска

  Околу полноќ во кафе бар “Стоби“, лоциран на кејот на Вардар во Трговскиот центар тепачка двајца наспрема 5 лица.  Летале чаши и шишиња.

______________________________________________________________________________________________________

Алфите само минатиот месец привеле 248 лица

  Посебната мобилна едница на полицијата за борба против криминалот – “Алфа“, во текот на минатиот месец, легитимирала 556 лица, прегледала 53 возила, а по разни основи приведени се вкупно 248 лица, информираат од МВР.

______________________________________________________________________________________________________

Заталкан куршум за малку ќе погодел девојчиња во Ченто

Избегната трагедија во скопската населба Ченто. Заталкан куршум, ноќеска околу 23 часот, за малку ќе погодел три девојчиња кои си играле во дворот на нивната куќа, јави Канал 5.

______________________________________________________________________________________________________

На арачиновец не му се допаѓал зетот – го претепал и со закана со пиштол си ја зел ќерката

Арачиновецот Р.А. заедно со ,,сватовската тајфа,, составена од 5 лица вчера отишол во домот на несудениот зет 22 годишниот А.И.од Нукуштак, кумановско. Намерата му била да си ја врати ќерката.

______________________________________________________________________________________________________

Татко и син претепале и ограбиле таксист во Штип

37 годишен штипјанец М.И., и неговиот 13 годишен син, вчера претепале штипски таксист на улицата „Христо Ботев”.

______________________________________________________________________________________________________

24 годишно момче прободено во Капиштец

Вчера на улицата „Народен фронт“ во скопската населба „Капиштец“, скопјанец бил избоден со нож од непознат насилник.

______________________________________________________________________________________________________

Во Рашче на свадба испукани 23 куршуми – рафално

Вчера на семејна прослава во на влезот од селото Рашче-скопско околу 17 часот,  19 годишен жител на Рашче, од пиштол марка „М-57“ кал.7,62 мм пукал во воздух и тоа неколкупати. Полицајци од Ѓ.Петров реагирале и го привеле лицето. Откриено е и дека пиштолот го поседувал без одобрение. Извршен е увид на местото и пронајдени се […]

______________________________________________________________________________________________________

Тројца малолетници краделе по училишта во Драчево и автомобили во Аеродром

Двајца 17 годишни и еден 15 годишен скопјанец сториле повеќе кражби. Краделе и автомобили. Во 4 случаи успеале, во 5 обид биле фатени.

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка на патот Битола – Ресен, загина жена, две лица се повредени

Вчера на полноќ, на патниот правец Ресен-Битола, во близина на местото викано Ротинска крстосница во сообраќајна несреќа животот го загуби едно лице а две се повредени.

______________________________________________________________________________________________________

Тешко повреден работник во „ОКТА“ – чистел резервоар со вода

Работник во ,,Окта,, се здобил со изгореници од прв и втор степен додека бил на работното место. 58-годишниот Д.П., вработен во рафинеријата „ОКТА“ во Скопје чистел резервоар со топла вода.

______________________________________________________________________________________________________

Во Центар крадци и ги тепале и ги ограбувале жртвите – фатени се

  Две лица на возраст од 23 и 20 години, обајцата од од Скопје заработија кривични пријави и 30 дена притвор, за неколку сторени дрски кражби.  

______________________________________________________________________________________________________

Наркомани напаѓале и им ги кинеле златните ланчиња на минувачите во Аеродром

Двајца уживатели на опојни дроги 37 и 34 годишни скопјани вчера околу18,30 часот на паркинг просторот на булевар Јане Сандански ја ограбиле 57 годишната С.Х. прво ја нападнале, а потоа со кинење од вратот и е одземено златно ланче со што ја оштетиле за износ од 33.000 денари.

______________________________________________________________________________________________________

Татко и ќерка на туѓо име си зеле 4000 евра кредит од Уни банка

Екс менаџер на „УНИ Банка“ Подружница Тетово и неговата 29 годишна ќерка ја оштетиле банката за 4.000 евра.

______________________________________________________________________________________________________

Најдена удавена жена во Дебарско езеро – се удавила во Радика

Телото на 55 годишната Ферзија Муслиоска било пронајдено на брегот на Дебарското Езеро во близина на Косоврашки Мост.

______________________________________________________________________________________________________

15 годишно дете исчезна во водите на мавровското езеро

15 годишно дете исчезна во водите на мавровското езеро. Несреќата се случила во непосредна близина на манстирската црква Св Никола попладнево околу 14:30 часот.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1