Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Детали за несреќа во Скопје: Маж и жена мртви на лице место

Во периодот од 01.00 до 06.00 часот на локалниот пат пат селот Миладиновци-село Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот З.Д. од селото Долно Лисиче, излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката, 68-годишната […]

______________________________________________________________________________________________________

Во притвор 67-годишниот кичевчанец што се обиде да силува 6 годишно дете

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад скопјанец почина од струен удар

Скопје, во куќа на улица „Прохор Пчински“ при собирање на кабел со макара Н.Б.(26) од село Рашче добил струен удар. Со возило на Итна медицинска помош лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на доктор констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец претепан додека со сопругата шетале покрај СЦ „Борис Трајковски“

В.Д.(40) од Скопје, пријавил дека околу 00.05 часот на булевар „8-ми Септември“ поточно на излезот од паркингот кај Спортски ценатр „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од лице кое управувало возило „Тојота Ланд Крузер“. Додека пријавителот со неговата сопруга се движеле пеш, при разминување со посоченото возило од него излегло едно лице кое физички го нападнало […]

______________________________________________________________________________________________________

Пронајдено 27 годишно мртво момче на улица

Дваесет и седумгодишен прилепчанец е пронајден мртов на улица синоќа околу 20,50 часот. Полицијата денеска соопшти дека 27-годишниот Ј.Р е пронајден на улицата „Бистра планина“ во Прилеп. Извршен е увид на местото, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Кичевчанец допирал девојче (6), перверзната глетка ја пријавил минувач

Жител на Кичево вчера во 14:25 часот пријавил дека на ул.„Јанко Михајлоски“, во близина на Правниот факултет во Кичево, забележал како непознато машко лице допирал малолетно женско дете по делови од телото. Полициски службеници излегле на местото каде ги затекнале пријавителот, шестгодишното девојче и неколку граѓани. По преземени мерки, по кратко време од слобода бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец измамен од лажен доктор на клинички

Скопјанец вчера околу 13:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил измамен од непознат сторител кој му се претставил како доктор и му се понудил да и помогне на неговата болна сопруга за одреден надомест. Како што информира МВР, додека Б.В. (63) од Скопје чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му […]

______________________________________________________________________________________________________

Млад затвореник почина на Гастрологија, бил хоспитализан 4 дена пред смртта

Вчера околу 08.00 часот во Клиничкиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“во Скопје починал А.К. (37) од Скопје, осуденик во Казнено-поправната установа Идризово, кој од 12.овој месец бил хоспитализиран на Клиниката за гастрологија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Минатата година имаше повеќе смртни случаи на затвореници од затворот […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовец на принтер испечатил дански круни, си купил цигари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со „фалсификување пари”. На 20 ноември минатата година на „Зелениот пазар” во Тетово, Л.С. при купување цигари употребил фалсификувана банкнота од 1.000 дански круни. По преземени мерки, полициски службеници при претрес во домот […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат идентитетот на трупот пронајден во Охрид

Во текот на вчерашниот ден во 09.55 часот во водите на Охридското езеро помеѓу селото Подмоље, охридско, и местото викано „Оровничка плажа“, на неколку метри од брегот, било забележано тело на непознато лице. Телото било извадено од водите на езерото, бил извршен увид и било утврдено дека се работи за 54-годишниот Б.Ј. од селото Куратица, […]

______________________________________________________________________________________________________

Нападната скопјанка од четири улични кучиња

Триесетгодишна скопјанка А.А. била нападната од четири кучиња од непозната раса во село Долно Соње. Нападната била во петокот околу 16.30 часот кога едно од кучињата ја каснало за левата нога нанесувајќи и видлива повреда. А.А. се упатила во болницата „Св. Наум Охридски” каде и била укажана лекарска помош, а случајот во полиција бил пријавен […]

______________________________________________________________________________________________________

Карпош: Пукање од автомобили во движење

Синоќа околу 22:45 часот пријавено е дека на крстосница на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“. На местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 мм. Се преземаат мерки за целосно расчистување […]

______________________________________________________________________________________________________

Дете (9) каснато од куче во Гази Баба

Вчера во 21.20 часот во Полициската станица Гази баба, Г.Д. (41) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот на ул. „Франц Лист“ од страна на расно куче во пределот на десната подлактица бил каснат нејзиниот деветгодишен син, при што му биле нанесени видливи повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка дала 1.400 евра за лек против канцер- дознала дека е измамена

На 10.05.2018 година во Полициската станица Карпош В.Г. (58) од Скопје пријавила дека во мај 2017 година во два наврата била измамена од К.Ј. од Скопје, при што била оштетена за 86.000 денари. Според соопштението на МВР, К.Ј. ја сторил првата измама при набавка на лек за лекување на канцер. Тој и побарал на пријавителката […]

______________________________________________________________________________________________________

Синоќа пожар во Народна банка и во Макстил

Во Скопје на улица „Филип Втори“ во објект на Народна банка, синоќа околу 19:40 кој е во изградба, настанал пожар во кој е опожарена пилевина. Пожарот е целосно изгаснат околу 20:10 часот од екипа на Противпожарна единица. Ноќеска на полноќ од Противпожарна единица било пријавено дека избувнал пожар во кругот на фабрика „Железара“ каде бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина затворничката која “Идризово” не ја носеле не лечење

Затвореничката од “Идризово”, Ката Трајкова која беше болна од карцином и два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија и нега, вчера почина во Гостиварската болница, јавува Досие.мк. Според болнички извори, таа самата побарала лекарска помош. По неколку часа од приемот состојбата и се влошила и починала. Обвинителството дало наредба за обудукција. Сега починатата […]

______________________________________________________________________________________________________

Се запали автобус полн со ученици на Стража

Автобус со скопски регистерски таблици кој утринава се движел кон Охрид, а управуван од К.М.(51) од Скопје се запалил околу 9:20 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Од полицијата информираат дека свтобусот се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандал во скопско училиште – наставник претепа ученик

На тринаесетгодишен ученик во ОУ во Бутел вчера му биле нанесени повреди од стап од страна на негов наставник. Како што соопшти МВР, настанот вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил неговиот татко Д.Б.(45) кој изјавил дека истиот ден околу 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1