01/06/2018 13:05
•
Posted by: MK News
Со пострелна рана на десната потколица е повредена 53-годишна скопјанка вчера попладне во Скопје, откако ја погодил куршум испукан од разбојници кои ограбиле кривопаланчанец кој излегувал од зграда на ул. „Руди Чајавац“ и му одзеле 10.000 евра. Полицијата информира дека вчера во 16:30 часот на ул. „Руди Чајавец“ во Скопје две непознати лица со моторцикл […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2018 13:06
•
Posted by: MK News
Околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во станбена зграда во изградба, при подигање на цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла која што го погодила по главата Д.П. од Република Албанија. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2018 12:58
•
Posted by: MK News
Малолетничка од Скопје 10 дена била киднапирана и физички малтретирана во домот на 26-годишен маж. Како што соопшти МВР, вчера во 3,30 часот 53-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден, околу 23,50 часот, добил телефонски повик од пријател дека истиот ја забележал неговата 16-годишна ќерка како видно вознемирена се движи по улица во населбата […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2018 12:45
•
Posted by: MK News
Петгодишно дете било каснато во пределот на десниот образ од куче-скитник викендов во Скопје. Како што соопшти МВР, настанот се случил во петокот (25 мај), околу 16:30 часот во село Идризово, а вчера во 13,30 часот во полициска станица го пријавил неговиот татко Ч.Ф.(33) од Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2018 14:27
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Н.Ј. (38) и неговата сопруга Т.Ј. (33) синоќа биле физички нападнати од нивниот роднина Д.А. (31). МВР информира дека случајот половина час по полноќ во полиција го пријавил Н.Ј., кој рекол дека од 14 часот со неговата бремена сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А. Околу 21 часот, Д.А. со палка […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2018 14:24
•
Posted by: MK News
Во Полициската станица Драчево, 41- годишниот И.Х. од село Елово, скопско, пријавил дека на 24.05.2018 година околу 16 часот неговиот малолетен син видел како негов братучед го тепа неговото куче, кое подоцна починало. Кога го прашал зошто го прави тоа, тој му се заканил дека ќе го застрела со ловџиска пушка ако му каже на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2018 14:22
•
Posted by: MK News
Тело на починато машко лице било пронајдено вчера часот во нива во близина на бензинската пумпа „С – Петрол“ во Гостивар. -Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето, се работи за И.А. (21) од с.Вруток, гостиварско, информираат од МВР. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот […]
______________________________________________________________________________________________________
25/05/2018 15:07
•
Posted by: MK News
Скопјанецот А.Е. (27) вчера пријавил дека околу 11,20 часот на крстосницата на ул. „Индира Ганди“ со ул. „Гвадалахара“ во Скопје во моментот кога застанал со своето возило „Цитроен“, во кое бил со семејството и нивен роднината Н.Д. (26), неколку лица почнале со камења да фрлаат кон возилото и го искршиле предното ветробранско стакло и стаклото […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2018 13:26
•
Posted by: MK News
Двесет и едногодишна девојка од Свети Николе рано утрово загина загина во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Според информациите од портарпоролот на СВР Штип Гордана Панајотова несреќата се случила во 5 часот и 15 минути а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/05/2018 12:58
•
Posted by: MK News
Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на улицата „18“ застанал со моторното возило „фиат пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“. Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2018 13:54
•
Posted by: MK News
Вчера утрото во 10:15 часот на автобуска станица на улица „Ѓорче Петров“, при качување во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој тргнувал, со повреди се здобила патничката Р.Т.(63) од Скопје. Таа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2018 13:53
•
Posted by: MK News
Голем пожар настанал на улица Македонија во Скопје. Како што информираат од МВР, синоќа во 20:05 часот во Скопје на улица „Македонија“ во стан сопственост на Д.А. (91), настанал пожар, во кој е зафатена спалната соба и причинета е само материјална штета, додека повредени лица нема. Во 22.30 часот пожарот е целосно изгаснат од Противпожарна […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2018 13:51
•
Posted by: MK News
Четиригодишно девојче било нападнато од куче во Скопје. Како што информираат од полицијата, на 18 мај околу 17:30 часот во Скопје на улица „Скупи 7“, четиригодишно девојче билo нападнатo и каснатo од куче. Со возило на Итна медицинска помош детето било пренесно во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2018 13:51
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени. – Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2018 12:43
•
Posted by: MK News
Во периодот од 01.00 до 06.00 часот на локалниот пат пат селот Миладиновци-село Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот З.Д. од селото Долно Лисиче, излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката, 68-годишната […]
______________________________________________________________________________________________________
21/05/2018 22:04
•
Posted by: MK News
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, полициската станица од Кичево до надлежното Јавно обвинителство во Гостивар, поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на 17-ти, овој месец, во парк на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, на начин […]
______________________________________________________________________________________________________
21/05/2018 11:57
•
Posted by: MK News
Скопје, во куќа на улица „Прохор Пчински“ при собирање на кабел со макара Н.Б.(26) од село Рашче добил струен удар. Со возило на Итна медицинска помош лицето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на доктор констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен […]
______________________________________________________________________________________________________
21/05/2018 11:57
•
Posted by: MK News
В.Д.(40) од Скопје, пријавил дека околу 00.05 часот на булевар „8-ми Септември“ поточно на излезот од паркингот кај Спортски ценатр „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од лице кое управувало возило „Тојота Ланд Крузер“. Додека пријавителот со неговата сопруга се движеле пеш, при разминување со посоченото возило од него излегло едно лице кое физички го нападнало […]
______________________________________________________________________________________________________