Archive | Македонија RSS feed for this section

ПОРАДИ НЕПЛАТЕНА KАМАТА ОД ПРЕД 7 ГОДИНИ – Скопјанец блокиран и за платени сметки

Долг од пред седум години од 487 денари за затезна камата на сметки платени со задоцнување за парно на старата „Топлификација“ го чинеле скопјанецот Ѓорѓија Симоновски блокирана сметка и извлечени цели 6.000 денари. Тој тврди дека ниту некој го известил дека должи за затезна камата ниту извршителот му пратил писмена опомена пред извршување, туку се […]

______________________________________________________________________________________________________

Се повеќе македонци стануваат монаси – земјава има над 200 замонашени во манастири

Неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во земјата има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства. Најмногу монаси има во струмичката и во дебарско-кичевската епархија. Манастирот во Велјуса и во Хамзали, Струмичко, се полни, а постојано се јавуваат нови искушеници. Во Бигорскиот манастир, Дебарско, […]

______________________________________________________________________________________________________

Градски парк има газди – половина земја е на извесен Хасан и на Трифун Костовски

-Во сопственост на извесен Хасан се 20-30 отсто од паркот, а и Трифун Костовски има право на уште неколку илјади квадратни метри од паркот. Токму поради нерешените имотно-правни односи не може да се реализира и “Паркот на цивилизациите”, истакна градоначалникот Трајановски Изградбата на “Паркот на цивилизациите” во Градски парк е закочена уште на почетокот, бидејќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Во сабота топло до 20 степени

Времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 18 степени Во Скопје и околината претежно сончево време со температура до 16 степени. Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со ниски утрински температури. Максималните дневни температури се во пораст, а во сабота можни се температури и над […]

______________________________________________________________________________________________________

Посветено за сите наши браќа херои кои се жртвуваа – „Тигрите“ одблизу ВИДЕО

„Посветено за сите наши браќа херои кои се жртвуваа и го дадоа својот живот за нашата безбедност и мир. Почивајте во мир“. Одбележувајќи го 13-ти март, денот на Единицата за специјални задачи „Тигар“, Министерството за внатрешни работи објави промотивен спорт за ЕСЗ кој денес одбележуваат 33 години од формирањето. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска […]

______________________________________________________________________________________________________

Ивона се спрема за српска снашка!

По скандалот со милионскиот тендер за апарати во здравството на фирмата на мајката на популарната тв новинарка Ивона Талевска, нејзе ја снема од екранот. Порталот Либертас повикувајќи се на свои извори пишува дека Талевска е суспендирана од појавување на екранот, но се појавува на работното место во тв Сител и весникот Вечер каде што е главна […]

______________________________________________________________________________________________________

Хоророт во кои живеат студентите во „Гоце“ ќе се реновира – на лето

Реновирањето на студентскиот дом „Гоце Делечев“ се одложува за наредната есен, гласат последните најави на владата. Студентите и овој семестар ќе продолжат да живеат и учат во неподносливи услови. Реконструкциите и подобрувањето на условите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе продолжат веднаш по завршувањето на изборниот процес, најави денеска министерот за образование и наука Спиро […]

______________________________________________________________________________________________________

Мајка и бебе нападнати од ротвајлер во Неготино

Куче од расата „ротвајлер“ вчера пред хотел во неготино нападнало мајка која се шетала со своето бебе. Како што појасни денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес вчера во 14 часот на паркинг пред хотел во Неготино констатиран е прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, […]

______________________________________________________________________________________________________

Градска болница „8 септември“ со објаснување за Хорор фотографиите

Читател вознемиренод глетката додека бил во болницата, испратил фотографии до порталот ЗаСе под нив напишал – Да му е страв на човек да дојде до момент кокга треба дa оди во скопскиве болници. Вака изгледа дежурната служба на градската болница 8-ми септеври во Скопје. Патот до ренгенот во соседната зграда е патешествие кое никој не […]

______________________________________________________________________________________________________

Не биле доста парите се бара уште – Изборите ќе не чинат над 8 милиони евра

Претседателските и парламентарните избори во Македонија ќе чинат над осум милиони евра. Државната изборна комисија веќе побарала дополнителни 158 милиони денари за спроведување на парламентарните избори. Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи информира дека од Министерството за финансии се побарани дополнителни средства за спроведување на парламентарните избори. – Направивме финансиска пресметка која е доставена до Министерството […]

______________________________________________________________________________________________________

Загриженост кај граѓаните – Што се’ се гради на Водно?

На интернет кружи слика од регионалниот пат до Сончевград, но она што ги загрижува скопјани е кракот нагоре, каде што на висина од околу 700 метри забрзано се раскопува дополнителен простор, пишува Утрински Дали низ зеленилото на Водно ќе никнат објекти надвор од предвидената елитна населба Сончевград? Дали се работи за сосема друга градежна парцела? […]

______________________________________________________________________________________________________

Грозоморни сознанија за педофилот од Скопје: Ја зел сопствената внука од дом за деца за да ја силува

Жртва на триесет и четиригодишниот Т.Ч. кој вчера беше уапсен од полицијата било 14 годишно девојче, негова внука од шура, чиј старател бил самиот тој. Скопскиот педофил беше пријавен дека постирал експлицитни содржини со детска порнографија и на профилот на својот дванаесетгодишен син на социјалната мрежа Фејсбук”, открива МВР. Малолетничката долги години била во канџите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Се е платено а пак стои долг – Проверете си ги сметките за телевизија да не ве блокираат

На сметките на голем број граѓани се јавува долг за радиодифузна такса кој реално тие го немаат. Иако немаат ниту една заостаната неплатена сметка, на фактурите што ги добиваат се регистрира заостанат долг за една, две или повеќе сметки. Загрижени поради големата акција на Управата за јавни приходи за блокирање на трансакциските сметки во домашните […]

______________________________________________________________________________________________________

7.000 полицајци ќе го чуваат редот и мирот за време на изборите

Активностите што ќе ги преземе МВР се поделени во три фази: предизборен период, вклучувајќи ја и кампањата, денот на гласањето и периодот по затворањето на гласачките места во двата изборни процеси. Според Јанкулоска, покрај формирање на оперативен штаб, кој треба да ги испланира и да ги реализира сите активности во рамките на републичката акција Избори […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинетите чувале ВИДЕА од мртви луѓе и крвави тела на деца – судење Монструм

Крвави мртви тела, снимки од обука на муџахедини и маскирани војници со црни шалови се дел од доказите кои биле изведени на судењето за случајот Монструм во скопскиот Кривичен суд, пишува Вест. „Снимките полни со радикално исламистичка содржина, што се прикажуваа на видео бим во судница во Скопскиот Кривичен суд, се најдени во компјутерите на дел […]

______________________________________________________________________________________________________

ДЕВОЈКА ОД КАРИБИТЕ СЕ ОМАЖИ ВО ТЕТОВСКИ ЧЕЛОПЕК

Двегодишното допишување преку Скајп меѓу Боби Марковски (25) од селото Челопек, Тетовско, и Веделин од Карибите, завршило со романтична свадба, пишува Вест 27 годишна девојка од Кариби ги напушти егзотичните Кариби и дојде кај својот сакан во Челопек. Првата недела луѓето од моето место нe гледаа малку чудно, но потоа се свикнаа и се спријателија […]

______________________________________________________________________________________________________

Малку сме плаќале паркинг – Градски паркинг сака да го поскапи

Цената на паркирањето во Скопје треба да се зголеми, а не да се намалува, сметаат од ЈП „Градски паркинг“, од каде пресметале дека скопјани плаќаат ниска цена за паркирање. „Наведените цени не се променети од 2008 година и оттогаш нема нивно покачување. Во тие цени, покрај услугата, пресметан е трошокот за ДДВ од 18 отсто, […]

______________________________________________________________________________________________________

Мистерија е се уште – каде води тунелот на Исарот во Штип

Штипската легенда за освојување на тврдината Исар ќе остане недооткриена и шест години по откривањето, пишува Ирис. Пари за дополнителни истражувања на тунелот, кој според претпоставките води до врвот на тврдината, засега нема. Иако тунелот целосно не е отворен, сепак тој го привлекува вниманието на лица вљубени во археологијата. Месното население тврди дека од време […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1