13/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошта“, Арменд Фазлиу, ќе одговара за предизвикување на големиот пожар во оваа државна компанија, кој, за среќа, заврши без човечки жртви. Една година по избувнувањето на пожарот, заврши истрагата и е поднесено обвинение за предизвикување тешко кривично дело против општата безбедност. По истекот на законските рокови, кога обвинението […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2014 20:23
•
Posted by: MK News
Македонските навивачи во фан зоната во Хернинг се подготвуваа за бодрење на нашата репрезентација. Натпреварод со Данска започнува – подготвени ли сте за навивање? Фото – Курир
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2014 17:33
•
Posted by: MK News
Под мотото „Биди и ти вистински василичар!“ денеска во Вевчани официјално почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал, манифестација позната како спој на паганството и традицијата со која на специфичен начин се одбележуваат настаните што ја одбележаа годината што помина. Преку маските и годинава вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а нема да […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2014 10:03
•
Posted by: MK News
Од утринава во 6:30 кога било пријавено, противпожарните служби работат на локализирање на пожарот кој избувнал во куќата на познатиот режисер Милчо Манчевски на улицата Димитрие Туцовиќ во Скопје. На местото на настанот интервенираат две противпожарни возила но сеуште нема информации колкав дел од објектот е зафатен од огнот кој започнал во подрумските простории а […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
По 17,18 часа исчекување, напнатост и постојани одлагања, македонската машка ракометна репрезентација, како и целосната експедиција некаде околу полноќ пристигна на Билунд аеродромот во Данска со чартер лет од Софија. Авионот кој требаше да полета во 9 часот изутрина од Скопје, дури во 20:50 од софискиот аеродром без проблеми и со одлична видливост полета за […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 19:47
•
Posted by: MK News
Александар Велики Македонски најверојатно починал како последица на труење со токсчична билка со која било зачинето виното што го пиел, тврдат новозеландски научници. Еден од најголемите војсководци во историјата починал во 323 година пред новата ера, на 33-годишна возраст, по 12-дневна агонија, за која многумина историчари сметаат дека била предизвикана од треска. Но, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 19:37
•
Posted by: MK News
Едно од летувалиштата каде се создадени многу детски спомени на една генерација денес е напуштено, обраснато, искршено и наликува на сцена од хорор филм. Огромниот хотел во Отешево е оставен да пропаѓа. Во него се уште стојат дипломи, сметки кои ги пишувале келнерите, тука е и мебелот, руиниран до душа. Во овој хотел времето како […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 19:17
•
Posted by: MK News
Поради магла откажани се и пренасочени сите полетувања и слетувања на авионите на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Од скопскиот аеродром информираат дека нормализирањето на авионскиот сообраќај во земјава зависи од временските услови. Утринава откажан беше и чартер летот на македонските ракометари кои требаше да отпатуваат за Данска каде што утре почнува 11-то Европско првенстов во ракомет. По […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 11:15
•
Posted by: MK News
На програмите на Сител и Сител 3 телевизија ќе бидат емитувани 25 директни преноси од ЕП. Најголемиот дел од нив ќе бидат во групата во која ќе настапува Македонија, а од останатите групи во зависност од саатницата на почетокот на натпреварите ќе бидат емитувани по еден или два натпревари. Ова е изборот за директни преноси […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Kаде се чизмите со кои моето дете замина од дома? Маја беше најдена боса. Невозможно е диво животно да ги откопча и да ги извади чизмите од нозете. Зошто на телото нема ниту една гребаница и нема плускавци или рани на нозете ако пешачела до таму? Знам дека нема да го вратам моето дете, но […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Граѓаните и фирмите добиваат уште една шанса да си ги откупат дворовите и земјиштето под објектите за едно евро за квадратен метар. Со законски измени кои се во собраниска процедура рокот за евтина приватизација на државното градежно земјиште, кој истече на крајот на минатиот месец, се продолжува за девет месеци по влегувањето во сила на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 17:49
•
Posted by: MK News
Ракометната репрезентација на Македонија се соочи дополнителни проблеми во пресрет на Европската Првенство 2014 во Данска, откако неколку ракометари завршија во болница и мораше да им биде дадена дополнителна лекарска помош. Според информацијата која ја пласираше интернет поралот “Екипа” на сите ракометари утрово им била дадена инфузија, а проблемот настанал кога дел од нив реагирале […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 16:09
•
Posted by: MK News
Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода лицето Кирил С.(48). Скопјанецот се барал по потерница од 12.12.2013 година за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “измама”, јавува Курир. Истиот е спроведен во Затвор – Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 13:16
•
Posted by: MK News
Лидерот на Сојузот на Ромите на Македонија Амди Бајрам немал срцев удар, туку на Кардиологија лежи веќе една недела. Плусинфо објавува дека пратеникот ги примил своите најблиски утрово, кога бил видно истоштен. – Многу ме вознемири веста која вчера и завчера ја објавија некои медиуми, а никој не ја проверил, а во која се велеше дека […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Вкупниот број на заболени од грип во републиката од почетокот на сезоната 2013/2014 (40 недела, 2013) заклучно со 1-та недела 2014, изнесува 1.343 од кои шестмина се заразени од вирусот на свински грип. Во овој период нема регистрирани смртни случаи асоцирани со инфекции со вирусот на грип. Нови 366 заболени од грип се регистрирани во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 10:00
•
Posted by: MK News
„Никој не може да го растури она што Господ го споил, а најмалку човекот“. Оваа фраза често ја слушаме како дел од молитвата за благослов на секоја венчавка меѓу невестата и младоженецот во црква. Со тој црковен чин новата брачна двојка се заветува пред Бога дека ќе се почитува меѓусебно и духовно ќе се надополнува. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Со решение на УЈП, кое, патем, го примив на 31 декември 2013 година, некој вид новогодишна честитка, бев информиран дека имам неплатен долг на име данок за 2012 година. Бев многу изненаден од ваквата содржина на решението, зашто јас данокот не го плаќам директно на УЈП. Станува збор, пред с`, за авторски хонорари и пензијата. […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Од почетокот на годинава, односно од 01.01 почна со примена “Правилникот за формата, содржината, кавалитетот и начинот на поставување на налепница за извршена регистрација“ (Сл.Весник на Република Македонија бр.99/13). Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека тоа значи дека секое новорегистрирано возило од 1-ви јануари добива налепница за извршена регистрација која задолжително треба да се […]
______________________________________________________________________________________________________