Archive | Македонија RSS feed for this section

Експлозија во рафинеријата ОКТА – едно лице повредено

Несреќа во скопската рафинерија ОКТА. Еден од работниците заработил тешки изгореници, јавува Сител.

______________________________________________________________________________________________________

Војна меѓу Вечер и Вест – Хомосексуалнци и голи новинарки – што е следно?

Откако дневниот весник ВЕСТ објави анкета на својата веб страна со прашање ,,Која од новинарките теба да го интервјуира Никола Груевски со раширени нозе“ , каде со фотографии беа посочени 12 македонски познати новинарки и водителки,  меќу кои и уредничката на Вечер, Ивона Талевска Вечер враќа со наслов ,, Има ли хомосексуалци меѓу новинарите? ,, каде како пример се […]

______________________________________________________________________________________________________

На нивна пот прават милиони и ТВ и ММИ – а стапот пак по музичарите

Додека телевизиите и ММИ, која сака да наплаќа за музиката која ја емитуваат медиумите, се караат кој колку да плаќа, а кој да зема – трпат само музичарите. Ќе им текне ли да дигнат глас конечно и никој во нивно име да не се раскусурува со нивната работа и талент??

______________________________________________________________________________________________________

Брошура за Охрид по која и охриѓанец би се изгубил

На интернационалниот туристички саем во холандскиот град Утрехт, се делеле брошури за Охрид со погрешни информации. Ова на фотографијата е еден од примероците печатени на српски, англиски и на холандски јазик. Ја финасирала Општина Охрид, но нема податок која година е печатена, јавува телевизија Алфа. 

______________________________________________________________________________________________________

Кичевчанецот Тино Алексов надмина 10 000 преводи на македонски на Facebook

Кичевчанецот Тино Алексов, човекот поради кого користите Facebook на Македонски! Деновиве бројот на неговите преводи достигна петцифрен број – фантастични 10 000 преводи на термини на Македонски јазик кои ги користи Facebook и веќе го зазеде првото место!

______________________________________________________________________________________________________

Сојузот на иднина наместо блокади денес ќе организира граѓански парламент

Пратеничката Весна Бендевска најави дека наместо блокадите што се одржуваат на „Партизанка“ пред Симпо, кај мостот „Гоце Делчев“ и кај Стара Рампа, ќе организира граѓански парламент, со почеток во 12 часот пред Собранието на Република Македонија. Го организраат граѓанскиот парламент бидејќи за утре е најавена седница на Собранието на Република Македонија на која ќе бидат […]

______________________________________________________________________________________________________

МОСТ ќе ангажира 3.500 набљудувачи за локалните избори

Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ објави дека започнаа активностите за набљудување на изборниот процес. За набљудување на Локалните избори 2013 и денот на гласањето ќе бидат ангажирани повеќе од 3.500 набљудувачи, на целата територија на Република Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Дел од Карпош и Аеродром без струја

Денеска на ден 31.01. (четврток ) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош и Аеродром. Во периодот од 10.30 до 14 часот, струја ќе немаат корисниците на ул. Букурешка, ул. Дамаска и ул. Прашка во општина Карпош.

______________________________________________________________________________________________________

МВР се подготвува за избори

Министерството за внатрешни работи ги почна подготовките за постапување на полициските службеници пред и за време на претстојните локални избори што треба да се одржат во март. Со одлука на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, формиран е Оперативен штаб кој треба да ги испланира и реализира сите активности.

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Скопје – со автомобил удрил во пациент кој излегувал од болница

Несреќата се случила кога возач на автомобил носејќи ја сопругата на медицински преглед удрил во лице кое што излегувало од клиниката. Веднаш по инцидентот повредениот е вратен во медицинската установа каде што му е пружена прва помош, пишува порталот Република. Тешка сообраќајна несереќа се случила попладнево околу 17 часот на улицата Скупи во близина на […]

______________________________________________________________________________________________________

Девојче повредено кога возило влетало меѓу демонстрантите на опозицијата

Возило влетало вечерва во колоната која протестираа во Пробиштип, а едно девојче е повредено, пишува порталот а1он.

______________________________________________________________________________________________________

Три национални телевизии бараат да и се одземе лиценцата на ММИ

Министерството за култура итно да и ја одземе лиценцата на организацијата Македонска музичка индустрија (ММИ) и да се почне со измени на Законот за авторски и сродни права најмногу во делот на прибирање на средства од корисниците на овие услуги.

______________________________________________________________________________________________________

Македонија на дното на листата – имаме најлоша слобода на медиумите

Македонија го достигна европското дно на листата на Репортери без граници во однос на слободата на информирањето. За само една година Македонија паднала за дури 22 места на листата, најмногу од сите држави на континентот.

______________________________________________________________________________________________________

Заврши средбата Груевски – Тачи (Видео)

Eвроинтеграцијата треба да биде да биде приоритет за сите партии, се согласиле премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи на денешната средба во Владата.

______________________________________________________________________________________________________

Ристовски бара најстроги казни за педофилите

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски побара најстрога казна за 28-годишниот скопјанец И.Г. обвинет за полов напад врз две девојчиња. Најстроги казни, според него, треба да добијат сите за кои низ судска постапка ќе се докаже дека се сторители на такво дело.

______________________________________________________________________________________________________

Почина ќерката на гемиџијата Павел Шатев – Последно што направи е се да прати во Македонија

На 27 јануари во Загреб почина Милка Шатева, ќерка и единствен жив наследник на македонскиот револуционер, гемиџија и прв министер за правосудство во слободна Македонија – Павел Шатев.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Емирот од Катар си купил влечки од Бит Пазар? – ама ќе инвестира 100 милиони

Удобни гумени влечки наспроти кнап лаковани црни кондури. На фотографијата која ја забележа порталот здраво Шеикот си е во удобни влечки додека Иванов е стегнат во тесни кондури. Порталот прашува, дали можеби Емирот си ги купил папучите при нодамнешната посета на Макдеонија.

______________________________________________________________________________________________________

Шведска инсистира на враќање на визи за Македонија

Шведскиот министер за имиграција инсистира да се вратат визите за граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и БиХ.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1