27/11/2012 20:21
•
Posted by: MK News
На граничниот премин Богородица при влез во македонија од соседна Грција вечерва фатен српски државјанин со 10 кг хероин во својот автомобил, јавува Канал 5.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 16:43
•
Posted by: MK News
Божја волја е обединување на сите Албанци во една земја, порачува Реисот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во интервјуто за весникот на албански јазик „Zhurnal plus”, кое ќе биде објавено во целост во петочниот број, пишува макфакс.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 16:19
•
Posted by: MK News
Во специјално изработен бункер во камион, кој пренесувал цемент полицијата заплени над 500 килограми висококвалитетна марихуана. Камионот е откриен на на граничниот премин ќафасан, а бил управуван од 50-годишен скопјанец кој тврди дека незнаел што превезува.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 16:12
•
Posted by: MK News
Утрово, во близина на месноста Бунец, на патот Гостивар-Маврови Анови, регистрирани се излетувања од коловозот и еден судар на товарни возила, информираат од СВР Тетово.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 16:01
•
Posted by: MK News
Топлото време според синооптичарите ќе трае до крајот на оваа недела. Од следната не очекува постудено време со врнежи од дожд и снег. Максималните темпертури ќе се движат до пет степени, а утринските ќе бидат во негатива.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 15:48
•
Posted by: MK News
Претседателот Ѓорѓе Иванов одлучил да не присуствува на централната прослава по повод 100-годишнината од албанската независност која ќе се одржи утре во Тирана. Од Вила Водно потврдиле дека поради последните инциденти, претседателот ја откажал посетата на албанската престолнина, пишува прес24.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 10:30
•
Posted by: MK News
Граѓаните на Скопје дишат повеќе прашина отколку кислород. Воздухот во центарот на Скопје и во населбата Ново Лисиче е „многу високо“ загаден од честички прашина со големина од 10 и 2,5 микрометри, пишува порталот greenbox.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Британката Ангела Ставреска во чии вени делумно тече и македонска крв е една од дизајнерките на најпрестижниот парфем што беше специјално изработен за кралицата Елизабета Втора.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 09:30
•
Posted by: MK News
20 американски доктори ќе едуцираат македонски кардиолози, невролози, онколози, гинеколози, педијатри и офталмолози. Тие од идната година ќе работат заедно со нашите лекари, ќе прегледуваат пациенти и оперираат низ македонските болници.
______________________________________________________________________________________________________
27/11/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Делови од Скопје и околината денес и утре ќе останат без струја. Од 9 до 16 часот, без електична енергија ќе останат корисниците од селат Ракотинци, Добри Дол и Маркова Сушица, како и викенд населбите во во овие населени места.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 22:47
•
Posted by: MK News
Музичари од Македонија, пиштол-голи поминале два часа на турската граница. Членовите на рупата „Дим тим“ им биле сомнителни на граничарите, на излез од Турција, па ги соблекле голи под сомневање дека шверцувале дрога, пишува весникот Вест.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 21:05
•
Posted by: MK News
Скопјани утре сепак ќе имаат парно. Со ваква вест попладнето Владата ја смири јавноста дека спорот со испораката на мазут и гас за потребите на Топлификација е надминат. Проблемот е решен, но како ќе се спроведе, останува да се види, јавува телевизија Алфа.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 15:56
•
Posted by: MK News
Макпетрол денеска соопшти дека од утре ќе ја прекине испораката на мазут и природен гас кон компанијата „Производство на топлина“ која е фирма ќерка на топлификација, бидејќи должела 105 милиони денари.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 13:00
•
Posted by: MK News
Во петокот во просториите на МКЦ Blogirame.mk доделуваше награди за најдобрите македонските блогери и твитерџии. За најдобар твит во 2012-та година беше избран твитот “Слободно може да се заебавате на моја сметка, блокирана ми е”. Еве кои твитови се пласираа во топ 5 за 2012.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 10:45
•
Posted by: MK News
Фотографијата од вчерашната прослава на 100 годишнината од албанското знаме стана вистински хит на ТВИТЕР. Откако се слушнаа изјавите дека пушката која ја држи човекот на фотографијата наводно била пластична твитерџиите ја пуштија фантазијата на слобода и почнаа да се ,,зезаат,, со фотката.
______________________________________________________________________________________________________
26/11/2012 08:30
•
Posted by: MK News
Во Македонија во утринските часови ке има појава на густа магла и ниска облачност која понекаде ке се задржи и претпладне, а попладне ке биде претежно сончево со локална облачност.
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2012 23:40
•
Posted by: MK News
По најавата на Црвенковски дека е можно Бучковски да биде исклучен од партијата, екслидерот возврати – Црвенковски добива погрешни информации и донесува погрешни заклучоци, пишува Дневник.
______________________________________________________________________________________________________
25/11/2012 16:49
•
Posted by: MK News
Поглаварот на македонската православна црква, Архиепиското охридски и македонски Г.Г. Стефан го искажа своето незадоволство од серијата настани поврзани со прославата на 100-годишнината од албанската независност, пишува Нова Македонија.
______________________________________________________________________________________________________