05/01/2019 14:12
•
Posted by: MK News
Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение упати апел до граѓаните на Република Македонија да се воздржат од палењето на бадникови огнови на отворено, со цел да се избегне дополнителното загадување на амбиенталниот воздух. Исто така, од Министерството ја поздравуваат одлуката на Град Скопје и скопските општини да не донираат дрва за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2019 14:10
•
Posted by: MK News
Студеното време со максимални дневни температури под или околу нулата продолжува и во наредните денови. Утре и во понеделник претпладне ќе има локален слаб снег и ќе дува повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури во наредниот период ќе бидат многу ниски, особено на планините, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога температурата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:31
•
Posted by: MK News
Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца, соопшти Министерството за здравство. – Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда. Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:25
•
Posted by: MK News
Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух. – Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:20
•
Posted by: MK News
МПР вакцината е висококвалитетна и ефективна вакцина, тврдат од Министерството за здравство, по реакциите на дел од родителите кои одбиваат да ги вакцинираат децата по појавата на епидемија во Скопје. Надлежното министерство појаснува дека оваа вакцина ја произведува GlaxoSmithKline од Белгија. Официјалните бројки се дека до 19 часот синоќа 488 деца ја примиле таа вакцина, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 15:02
•
Posted by: MK News
Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година и тоа нема да направи зафаќања во Буџетот.Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација. -Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:57
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство информира дека за време на викендот, на 5 и 6 јануари, вакциналните пунктови „Јане Сандански“, „Бит пазар“ и „Букурешт“ ќе работат во две смени, во периодот од 7,30 до 19 часот. Во понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 7,30 до 13 часот.
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:55
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев во изјава за белградски Танјуг тврди дека со вчерашната изјава дека не гледа ништо спорно во предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за отворање на границите со Македонија, Црна Гора и Грција, всушност мислел на отворање на сите граници. Тоа впрочем Заев го кажа и на вчерашната прес-конферњнција во Министерството за финансии […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:45
•
Posted by: MK News
Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на последната седница одржана на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, денес објавуваме Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избор 2019 година, истакна портпаролот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 14:41
•
Posted by: MK News
Десет гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави Алсат. Според извори на телевизијата, храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците бараат помош […]
______________________________________________________________________________________________________
04/01/2019 10:17
•
Posted by: MK News
Бадник се прославува ден пред Божиќ и претставува последен и најстрог ден на Божикниот пост, како и голема среќа, бидејќи претходи на денот на Исусовото раѓање. Еве какви се обичаите на Бадник и Божиќ. Бадник Бадник името го добил по гранка од даб – бадник која се сече на тој ден, се внесува дома и […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:51
•
Posted by: MK News
Уште пет лица добија амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, соопшти Кривичниот суд. Станува збор за петмина кои беа осудени за учество во толпа, кои првично добија условна казна, а потоа пресудата беше преиначена со затворска.Со денешните пет решенија, Кривичниот суд се произнесе за сите 66 барања кои стигнаа во двата […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:47
•
Posted by: MK News
Во прашање се денови до завршување на истрагата на Јавното обвинителство за бегството на поранешниот пермиер Никола Груевски, но тврдам дека политиката немала замешано прсти. Ниту сакала, ниту можела, ниту, пак, требала да помогне и да овозможи таква работа. Тајни договори кои значат избегнување на правда немало и нема да има, порача денеска премиерот Зоран […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:43
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека денови се во прашање кога ќе бидат соопштени деталите од истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. -Дилеми не треба да има. Ако Обвинителството утврди дека има пропуст за бегството на екс премиерот Груевски, одговорност ќе има и ќе се побара – кажа Заев.
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:42
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека е сигурен дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство кое е потребно за да се донесат уставните измени. Тој истакна дека ќе се сретне со Биљаљ Касами од Беса, како и со претставници на Алијансата за Албанците. Заев посочи дека очекува со сигурност дека 80 пратеници ќе гласаат за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:38
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција кажа дека не гледа ништо спорно во изјавата на албанскиот колега Еди Рама за отворање на албанските граници кон соседите, вклучително и кон Македонија. Македонскиот премиер, во пораката на Рама препознава единствено економски бенефит и забрзување на протокот на патници и стока. „Јас би ги отворил сите граници веднаш, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:37
•
Posted by: MK News
Повеќе родители на невакцинирани деца денеска побарале во градинките да се отворат посебни, или специјални паралелки, за деца кои не се вакцинирани, дознава Пресинг ТВ. Со ова состојбата по прогласувањето епидемија на морбили (мали сипаници) добива уште димензија, односно се отвора проблем за кој не се знае кој и како ќе го решава. Откако вчера […]
______________________________________________________________________________________________________
03/01/2019 17:33
•
Posted by: MK News
Реални и одржливи економски перспективи, со повисоки плати, нови вработувања и инвестиции, најавуваат за годинава премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски. Како што информираа на прес-конференција, годинава имаат намера да донесат одлука за ново зголемување на минималната плата, но се уште немаат конкретни рокови и бројки. Според Заев, 2019. треба да ја […]
______________________________________________________________________________________________________