30/05/2017 12:20
•
Posted by: MK News
Како резултат на ниските температури во грејната сезона 2016/2017 година до потрошувачите биле испорачани 507.906.124 kwh, а прогнозирани биле 480.235.185 kwh. Исто така, грејната сезона траела и 16 дена подолго од вообичаеното, соопшти Балкан Енерџи груп. Екстремно ниските температури во текот на зимата ја зголемија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енегија […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:19
•
Posted by: MK News
Пратениците го одбија предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски за промена на изборниот законик по итна постапка. Според деловникот за работа на Собранието, секој предлог по итна постапка се става на гласање без претходно отворање на дискусија. Иницијатива за итна промена на изборниот законик не е усвоена поради, како што објасни претседателот на Собранието, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:14
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Мандатарот Зоран Заев до Собранието во неделата околу полноќ ги достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада. Собраниската седница е закажана за 11 часот. Според Деловникот за работа на Собранието, Заев ќе има обраќање […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 15:36
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност со појава на краткотраен умерен дожд на југот и со слаб ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 26 степени. Наредните денови не очекува пораст на температурите.
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 15:27
•
Posted by: MK News
Редовниот професор, д-р специјалист за физиотерапија и хиропрактика, Ангел Џамбазовски кој е со прилепско потекло, а живее и работи во Скопје, ја облече одората за титулата Академик на Бугарската академија за наука и искуство. Покрај тоа што е шеф на институтот за кинезиолошка антропологија на Скопскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј” професорот работи и во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 15:12
•
Posted by: MK News
Обвинетите во случајот „Дива населба“ денеска во скопскиот Кривичен суд го бојкотираа судењето откако беа одбиени предлозите на нивната одбрана да бидат изземени членовите на Судечкиот совет на чело со судијката Верка Петковска. Тие на денешното рочиште со висок тон се обраќаа кон судијката, откако беа одбиени предлозите на одбраната за овој предмет да бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 15:03
•
Posted by: MK News
Бензините од полноќ поскапуваат за денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на литар „еуродизел БС“ од 95 октани изнесува 64 денари, додека за литар „еуросупер БС“ од 98 октани од полноќ ќе се плаќа по 66 денари. Цената на „еуродизел (Д-Е […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 14:57
•
Posted by: MK News
Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места. Централниот одбор на СДСМ, вечерва на лидерот и новиот македонски мандатар му даде „зелено“ светло до Собранието да ги предложи следните министри, меѓу нив се: – Радмила Шеќеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Драган Тевдовски министер за финансии, Никола Димитров […]
______________________________________________________________________________________________________
29/05/2017 14:42
•
Posted by: MK News
Откако мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ја достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада, собранискиот спикер Талат Џафери за утре во 11 часот ја закажа седницата за избор на новата Влада. Од Кабинетот на Џафери информираа дека и програмата и составот се веднаш доставени до пратениците. Новата Влада ќе има 15 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2017 13:28
•
Posted by: MK News
Претседателството на ДУИ доцна синоќа ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи и Садула Дураку за министри во новата влада на Зоран Заев. Хазби Лика ќе биде вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците.Бујар Османи ќе биде вицепремиер за евроинтеграции. Садула Дураку е предлог за нов министер за животна средина. Крешник […]
______________________________________________________________________________________________________
28/05/2017 13:21
•
Posted by: MK News
Движењето Беса денеска одлучува дали ќе биде дел од новата влада на Зоран Заев и дали таа ќе има стабилно мнозинство поддржано од 67 пратеници. За оваа одлука денеска ќе се изјасни Централниот комитет. За разлика од Беса, претседателството на ДУИ синоќа ги предложи Хазби Лика, Бујар Османи, Билент Салиу, Крешник Бекташи и Садула Дураку […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2017 19:26
•
Posted by: MK News
Социјалистичката партија на Македонија денеска го одржа осмиот Конгрес. На Конгресот се избрани нови органи, а за претседател повторно е избран Љубисав Иванов Ѕинго. Од партијата соопштија дека на Конгресот бил поднесен извештај за работата на партијата во изминатиот четири годишен период, направени се мали измени на Статутот на СПМ и се донесени заклучоци за […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2017 19:22
•
Posted by: MK News
Зоран Заев е старо-новиот лидер на СДСМ. Вака одлучија седумстотината делегати на 22 Конгрес на партијата. На функцијата заменик претседател останува и Радмила Шекеринска која и до денеска ја извршуваше таа функција. Мали измени во составот има само во Надзорниот одбор на СДСМ. Од 723 присутни делегати, на Конгресот гласаа 643. Поддршка на Заев му […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2017 18:50
•
Posted by: MK News
Медијаторот во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил смета дека Македонија треба да стане членка на НАТО без натамошно одлагање. – Силно ја поддржувам иницијативата на поранешниот премиер Никола Груевски за Македонија да стане членка на НАТО без натамошно одлагање. Македонија веќе се има истакнато со рекордна поддршка за операциите на НАТО, дури и без да се […]
______________________________________________________________________________________________________
27/05/2017 18:46
•
Posted by: MK News
Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека успеа да се искачи на победничкиот подиум. За нашиот возач оваа е втора победа во ЕТЦЦ шампионатот откако првата ја имаше лани, но ова е прв триумф […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2017 15:52
•
Posted by: MK News
Петок 2 јуни 2017 година, пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Оттаму додаваат дека неработниот ден е согласно Законот за празниците на Република Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2017 15:46
•
Posted by: MK News
Охридската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ш. (51) од Охрид, сопственик и управител на погребалното претпријатие ,,Мирен сон” од Охрид, кое е овластен оператор за вршење погребални услуги, за несовесно работење во служба. За да има поголема добивка починатите лица за кои вршел погребални услуги, подолг временски период наместо да ги однесе во капела, ги […]
______________________________________________________________________________________________________
26/05/2017 15:42
•
Posted by: MK News
Поднесена е кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје кој на 27 април, за време на насилните настани во Собранието поставил импровизирана експлозивна направа – петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп, како и уште едно парче петарда. Ј.Л. околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собранието на Република Македонија. Околу […]
______________________________________________________________________________________________________