31/05/2017 13:35
•
Posted by: MK News
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната 27 до 32 степена.Во Скопје слично време со температура од 12 до 30 степени. Утре ќе преовладува сончево и многу топло време со максимални температури […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2017 13:33
•
Posted by: MK News
По повод 10 годишнината од своето формирање, здружението БОРКА заедно со креативната агенција Пи Ворлд ја започна кампањата за подигнување на свесноста за ракот, со цел да им укажат на граѓаните за сериозноста на овој проблем, да ги поттикнат властите и здравствените институции да превземат активности во насока на решавање на овие живото-загрозувачки проблеми. Во […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2017 13:08
•
Posted by: MK News
Пратениците на денешната трета собраниска седница ја изгласаа Одлуката за основање постојани работни тела на Собранието на Република Македонија. За Одлуката, која беше поднесена од пратениците од Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски, гласаа 98 пратеници, воздржани и против немаше. Претходно беше завршена конститутивната собраниска седница на која беа избрани претседател, заменик претседател, членови […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2017 13:07
•
Posted by: MK News
Нестабилноста која доцна попладнево го зафати охридско-преспанскиот регион и која беше поизразена на планината Галичица предизвика краткотрајно невреме и во Охрид. Околу 19 часот за кратко време наврнаа 18 литри/м2 дожд, а имаше и појава на град со големина на леблебија, информираат од УХМР. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од невремето кое го зафати […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2017 13:06
•
Posted by: MK News
Трагична вест вчера ја потресе Македонија, за смртта на познатата пилатес-инструкторка Ирина Митеска. Погребот денеска ќе биде извршен во 15 часот на Градските Гробишта Бутел, а претходно посмртните останки во 14 часот ќе бидат во капелата. Пилатес-инструкторката зад себе остави шестгодишно синче.
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 19:33
•
Posted by: MK News
Петок 2 јуни 2017 година, пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.ac Оттаму додаваат дека неработниот ден е согласно Законот за празниците на Република Македонија. Тоа значи дека добиваме продолжен викенд наредната недела. За жал, времето нема да ни се погоди. До четврток ќе преовладува […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 19:24
•
Posted by: MK News
Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА денеска од Собраниската говорница обвини дека владата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е полна со корупција и криминал. Тој го праша Заев каква машина за перење има со која ги пере корумпираните и инкриминираните. -Господине Зев, граѓаните сакаат да знаат зошто Катица Јанева досега нема покрената ниту една тужба […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 19:15
•
Posted by: MK News
Спикерот на македонскиот Парламент цели 3 минути мораше да го кара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој се обиде да говори од собраниската говорница. – Влатко седни си на место. Влатко, те молам седни си, кога ќе добиеш збор тогаш ќе говориш. Немаш право да си на говорница без јас да ти дозволам – му […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 14:04
•
Posted by: MK News
Сосема неочекувано рано утрово почина една од најпознатите инструкторки по пилатес во Скопје – Ирина Митевска (41). Важеше за една од првите кои во Скопје го промовираа пилатесот. Засега нема информации која е причината за смртта, но нејзините пријатели веќе се збогуваат од неа преку социјалните мрежи. Ирина беше самохрана мајка и зад себе остави […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 13:19
•
Posted by: MK News
Поради отсуство на адвокатот Насер Рауфи, Врховниот суд ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, каде требаше да се одлучува за доживотните затворски казни на петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Пред одложувањето јавната обвинитекал Лилјана Спасовска побара од судот и судијата да ја одложат јавната седница на подолго време и како нивна обврска од Законот […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 13:17
•
Posted by: MK News
Листата на пратеници се менува по влегувањето на шестмина народни избраници од СДСМ во извршната власт и по откажувањето од пратеничкиот мандат на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ. Според практиката, на нивно место во законодавната власт влегуваат наредните од листите за пратеници во Собранието. На местото на Дамјан Манчевски, кој е кандидат за министер за информатичко […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 13:14
•
Posted by: MK News
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од петок ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок и в сабота. Променливо […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 13:07
•
Posted by: MK News
Талат Џафери на првата седница која што ја води во Собранието на Република Македонија, почна да претседава на албански јазик, иако тоа е против деловникот и законските одредби. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го повика пратеникот Џафери да ги почитува законите, барем до моментот додека она што го имаат договорено со СДСМ, не го преточат […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 13:06
•
Posted by: MK News
Најавувам дека ќе предводам реформска влада во Македонија, истакна мандатарот Зоран Заев во образложението на предлог-програмата и предлог-составот на новата влада, која е единствена точка на дневниот ред на втората седница на Собранието на Република Македонија. Наши три клучни темели, потенцираше, ќе бидат посветеност на економијата и живот на сите, на силни професионални институции и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:57
•
Posted by: MK News
На почетокот на денешната собраниска седница претседателот Талат Џафери ја констатираше оставката на пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Тодоров.Џафери образложи дека според законските норми пратеникот има обврска на собраниска седница да ја образложи својата сотавка но, бидејќи е известен дека Тодоров тоа нема да го направи, тој само на констатираше дека му престанува мандатот. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:55
•
Posted by: MK News
Тројца министри од ДУИ во новиот владин кабинет не ги разјаснија шпекулациите дека постојат сомненија за извршени криминални дела. Тоа се идните министри Рамиз Мерко, Бујар Османи и Садула Дураку, јавува телевизијата Алсат-М. Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:32
•
Posted by: MK News
Врховниот суд на Република Македонија денеска ќе одржи јавна седница по предметот оформен по жалба против пресуда донесена од Апелацискиот суд Скопје, во врска со убиството кај Смилковско Езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток, кај Смилковското Езеро, беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2017 12:28
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината за предлагање на овој закон е тоа што постои сомнеж дека ново формираното владејачко мнозинство нема да го испочитува договорот од пред три недели за закажување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии […]
______________________________________________________________________________________________________