Archive | Македонија RSS feed for this section

Од недела промена на времето- заладување, дожд и ветер

Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови […]

______________________________________________________________________________________________________

Домашното пилешко месо се враќа на трпезите – Државата ќе го финансира

Со помош од државата ќе се развива живинарството во земјава. Семејни живинарски фарми ќе произведуваат бројлери, а државата ќе одлучи како и каде ќе се продава пилешкото месо и по кои цени. Целта е да се зголеми домашното производство на пилешко месо и да се намали увозот. Министерот Цветков денес информираше дека со 3 милиони […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема да ви се верува колку степени се измерени во Гевгелија

Највисока температура во Македонија во септември во Македонија била измерена во Гевгелија во 2008 година кога живата во термометрите се искачила на 39,2 степени целзиусови. Според мерењата на УХМР за периодот од 1951 година, во Скопје во септември најтопло било во 1987 година кога биле измерени 36,9 степени целзиусови. Поради високите температури што на почетокот […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинители ќе се жалат за отфрлањето на „бомбите“ како доказ

Најмалку шест жалби во текот на денот се пристигнати во скопскиот Кривичен суд по одлуката на судија во претходна постапка со која аудиоснимките беа издвоени како незаконски прибавени докази. Рокот во кој обвинителите кои работат по предметите за прислушувањето можат да ја обжалат одлуката истекува вечерва на полноќ со што официјалната и точна бројка ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Во одбрана на Водно од пожарот повреден пожарникар – еве што пламенот остави зад себе

Дваесет и пет пожарникари од скопската Бригада со осум противпожарни возила и шест автоцистерни на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, завчеравечер успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на Водно, кај Теферич. Во борбата со пламените јазици полесно беше повреден еден од пожарникарите со долгогодишно работно искуство. Се лизнал на стрмниот и каменит […]

______________________________________________________________________________________________________

Пресуда: 5 години затвор за возачот кој ја усмрти новинарката кај Зебра

Пет години затвор е пресудата која денес му беше изречена на Бојан Блажевски, кој е обвинет за сообраќајната несреќа кај Зебра во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска Павлоска. Адвокатот на обвинетиот Блажевски смета дека пресудата е коректна, додека адвокатот на семејството на новинарката се надева дека обвинителството ќе ја обжали истата. За кривичното […]

______________________________________________________________________________________________________

Опомена пред тужба за неплатен само јули – БЕГ за парно на пола Скопје му испрати претечки писма за тужба

БЕГ на половина град му испратил непријатни опомени пред тужба, а на некои за само неплатен еден месец и тоа минатиот јули, бидејќи сметките за август нормално се уште не се стасани. Граѓаните револтирани од односот на компанијата бараат од инспекциите да ги заштитат од вакви ШОК писма и тоа непотребно. Писмото е со крајно […]

______________________________________________________________________________________________________

24 годишен затвореник починал во Идризово

Дваесет и четири годишен затвореник, осуден за педофилија, починал утринва во затворот Идризово. Според директорот на затворот, Живко Пејковски, затвореникот бил наркозависник кој се лекувал со метадонска терапија. Сепак причинте за смртта не се се уште потврдени, а телото на починатиот затвореник е предадено на обдукција.

______________________________________________________________________________________________________

Вторник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2015 година (вторник), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Автомобил влетал во огнените јазици на патот Куманово-Свети Николе

Огнената стихија која се случи меѓу светиниколските села Ѓуганци и Павлешинци пеплоса над 100 хектари шума, предизвика сообраќајна несреќа во која три лица се повредени, а едно возило е опожарено, објави Телма. Поради големите пламени јазици кои веќе преминувале преку регионалниот пат Свети Николе-Куманово и густиот чад две возила, од кои едното од Куманово, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Сончево и топло време, температури до 36 степени

Во Македонија времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 7. […]

______________________________________________________________________________________________________

Гори Водно – голем пожар избувнал вечерва (Фото)

Со голема брзина пожар се шири на  Водно над Теферич. Огнот започнал да се шири околу 19.15 часот, во близина на патот каде што се гради кон новата населба Сончев град. Веднаш е пријавено и противпожарни екипи веќе се на местото на пожарот и се обидуваат да го спречат неговото ширење Информацијата ја потврди и командантот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожари горат кај Студеничани и Зелениково

Ноќеска, во 1 часот по полноќ е локализиран пожарот кај велешкото езеро „Младост“. Во моментов се работи на негово целосно гаснење. Како што информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувна вчера во 14.15 часот и зафати насади од борова шума и се ширеше со голем интензитет. Во гаснењето биле ангажирани вработени и два авиона на […]

______________________________________________________________________________________________________

Судот и наложи на Телма да ја врати старата уредничка – Судот ни се меша во уредувачката политика

Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2 со која се на телевизија Телма и се наложува да ја врати Емилија Лазаревска на нејзината поранешна фукција – одговорен уредник на информативна програма. Телевизија Телма ја смени Лазаревска од позицијата и на нејзино место го постави сегашниот директор и уредник, Атанас Кировски, а таа беше распоредена […]

______________________________________________________________________________________________________

Поради пожар затворен патниот правец Куманово- Свети Николе

Сообраќајот на патниот правец Куманово- Свети Николе попладнево од 15:30 часот е затворен поради пожар кај местото Мездра, помеѓу селата Ѓуѓанци и Павлешинци. Како што информираат од АМСМ, гори борова шума и стрниште во близина на патот.

______________________________________________________________________________________________________

Возење со СВЕТЛА ПРЕКУ ДЕН ОСТАНУВА ДА ВАЖИ? – Ај одлучете се веќе не може да ве пофати човек

– Одредбата да се вози со запалени светла најверојатно ќе се применува и натаму. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната јавна дебата за Предлог-законот за безбедност на сообраќајот на патиштата најави дека ќе поднесе амандаман со кој ќе бара и натаму да остане обврската возилата да се управуваат со запалени светла и дење, пренесува МИА. […]

______________________________________________________________________________________________________

Жерновски ќе ја урива терасата на ВМРО-ДПМНЕ – од партијата тврдат имаат дозвола

Дел од објектот на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ е пуштен во употреба без употребна дозвола, изјави Кочо Стојчески, раководителот на секторот за инспекциски работи во Општина Центар, по направениот увид во објектот. „Дел од објектот е пуштен во употреба, што се констатираше со увид на местото, без употребна дозвола. Надворешниот дел не е настрешница, како […]

______________________________________________________________________________________________________

Преку глава ви е од жешко – Еве кога ќе разлади времето

На почетокот на овој месец на повидок е пад на температурите и посвежо време. Според Метеопро, недела е денот кој ќе ја донесе пресвртницата во метеоролошките услови. Во вториот ден од викендот се очекува нов продор на постуден воздух од север, кој со себе ќе донесе и краткотраен бран на врнежи кои ќе бидат претежно […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1