15/10/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Замената на азбестните цевки си оди по планот и ние континуирано ги заменуваме со нови. Последната азбестна цевка е вградена во 1989 година во градскиот систем, кој има 1.310 километри. Од тие 1310 км, има само 90 километри азбест-цементни и поцинкувани цевки, а досега се заменети 70 километри. Оваа година сменивме околу 15 километри. Значи […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Следната година конечно ќе започне изградбата на новиот долгоочекуван и најавуван Луна парк. Град Скопје од буџетот за 2016 година ќе издвои околу 60 милиони денари за набавка на реквизити, а наскоро ќе биде распишан и тендер за тоа. На конкурсот за избор на фирма што ќе го изработува основниот проект за новиот Луна парк, […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2015 09:37
•
Posted by: MK News
Од денес, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2015 09:20
•
Posted by: MK News
Електронско плаќање даноци со безготовинска картичка, е новата услуга на Управата за јавни приходи (УЈП) која овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виза, Маестро или Мастеркард (издадена од домашна банка). Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот само треба да креира […]
______________________________________________________________________________________________________
15/10/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Откако беа изградени 66-метарскиот Милениумски крст и жичницата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие што стопанисува со целиот тој простор интензивно работи на изградбата на лифтот на крстот и на создавање услови за идниот ресторан, кој на посетителите треба да им понуди пријатен престој на Крстовар. Целиот тој потег ќе стане елитен простор што на граѓаните, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 19:59
•
Posted by: MK News
Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски по одлуката на Советот на јавни обвинители да прифати седум од 14-те предложени имиња на Јанева изјави дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд, а додаде и дека предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански. -Вчера имавме состанок на јавни обвинители, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 19:47
•
Posted by: MK News
Голема и значајна победа во име на македонската дијаспора извојува преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ после маратонските преговори со останатите три големи партии водени од Питер Ванхојте. Стотиците илјади Македонци кои живеат надвор од границите на својата татковина ќе добијат свои претставници во Собранието на Република Македонија на изборите кои ќе се одржат во април 2016-та […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 19:45
•
Posted by: MK News
Денес се постигна договор за изборниот законик. Сета енергија која што ја вложивме, целото време, многу аргументи, имаше и непријатни моменти, но договорот е постигнат, информира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Постигнувањето на договорот за изборниот законик значи уште еден чекор во исполнување на договореното помеѓу четирите политички партии и со тој договор се обезбедуваат условите […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 12:57
•
Posted by: MK News
Инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршија редовен надзор и констатираа дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели го надминува „Интермецо Кафе“, соопшти Општина Центар. При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на оластена компанија не е констатирано надминување на 45-те дозволени децибели, велат од таму. […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 11:32
•
Posted by: MK News
Од неделава стапија на сила измените во Законот за сообраќај. Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Нешто помалку од 800 илјади Македонци во првата половина од 2015та ја посетиле Грција, а со тоа нашата земја се наоѓа на 4то место по бројот на пристигнувања од европските држави кај јужниот сосед, информира Канал 5. Во податоци објавени од грчката статистичка служба, од истражувањето спроведено од банката на Грција, Македонија е и меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
14/10/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, информира дека денес ќе се изведува технички зафат за поправка на затворачи на водоводна мрежа во општина Аеродром. Интервенцијата ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите. Без вода ќе останат корисниците од населбата Маџари, јужно […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 21:40
•
Posted by: MK News
Израелскиот тур-оператор „Arkia International“ планира од идната година да воспостави директна авионска врска со Охрид и на тој начин да им овозможи на израелските туристи организирано да летуваат во Македонија. Тоа е потврдено на денешната средба на генералниот директор на „Arkia International“, Дуду Макхлаб, со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 21:36
•
Posted by: MK News
Во недела на 25 октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето. Но, има и добра и лоша вест- за спанковците тоа е добра вест бидејќи […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 16:17
•
Posted by: MK News
Вистинска приказна за мојата 12-годишна ќерка Анамарија која само по неколку часа во болница стана Ангел. Настанот се случува вечерта меѓу 28-29 јануари 2015 на Клиниката за инфективни болести – Скопје. Нема зборови со кои би се опишале болката, тагата и се она што доживува еден родител кога ќе се соочи со најстрашната работа на […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 14:51
•
Posted by: MK News
Денеска во Виница министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на агенцијата за вработување Влатко Поповски и преставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија Мауро Ди Вероли направија обиколка на Центарот за вработување кој се реновира како и на Центарот за дневен престој на децата, пренесува МИА Оваа посета е во рамки на проектот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 13:31
•
Posted by: MK News
На Железничката станица „Рајко Жинзифов“ кај Велес околу 10 часот изутрина е избегнат директен судар на два патнички воза, откако едниот поминал на црвен сигнал, изјави за МИА портпаролот на МЖ Инфратсруктура Невзат Мамути. Возовите сообраќале на релацијата Скопје – Велес. Според портпаролот на МЖ Инфраструктура, нема никакви последици, а стручни екипи се на терен […]
______________________________________________________________________________________________________
13/10/2015 13:15
•
Posted by: MK News
Роден е во видна фамилија, по род блиска до персискиот и ерменскиот царски дом. Кога овие два дома завојуваа, свети Григориј се повлече во Кападокија. Таму ја позна Христовата вера, се крсти и ожени. Во бракот му се родија два сина, Ортан и Аростан. По смртта на својата жена, свети Григориј се врати во Ерменија […]
______________________________________________________________________________________________________