06/04/2015 00:19
•
Posted by: MK News
Поради врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, додека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за тешки товарни возила и автобуси. Од 17 часот на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови – Дебар и обратно, поради врнежи од снег сообраќајот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 20:46
•
Posted by: MK News
Според синоптичкиот извештај се очекува врнежите да продолжат, а поголеми количини се очекуваат во западните, северните и јужните делови. Доколку оваа прогноза се оствари, очекуваме забрзано покачување на водостоите, при што на одредни веќе познати карактеристични места можни се локални проблеми, јавува УХМР. Снегот што паѓа на планините и на повисоките места, може да го […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 19:54
•
Posted by: MK News
Жаре Бербер одговори на прозивките од СДСМ. Тој во изјава за КУРИР вели дека го иритира дволичноста, но сепак им простува. Жаре Бербер вели дека неговиот личен и професионален однос наспроти пријателите и познаниците е секогаш искрен и директен и поради тоа смета дека нема потреба да го оправдува. -Не знам зошто, но излегува дека […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 18:16
•
Posted by: MK News
Тетовската полиција извести дека на патот од брана Маврово до селото Трница поради снежното невреме блокирани се дваесетина автомобили и комбиња, а во Маврови Анови заглавени се петнаестина автомобили и автобус со патници. Екипи на Македонија Пат се упатени да интервенираат во расчистување на снегот од коловозите, кој од утрово интезивно и засилено паѓа. Според проценките […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 16:40
•
Posted by: MK News
Обилните врнежи од снег освен во Маврово и Попова Шапка, денеска го зафати и скопскиот регион, посебно во реонот на населените места Матка и Глумово, каде зимата на почетокот на април се врати ненадејно. Во моментов врнежи со различен интензитет има низ целата земја. Побеле и Кичево а снег има и во Охрид Во ски […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 13:16
•
Posted by: MK News
Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, како и на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови -Дебар, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Оттаму посочуваат дека сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 10:58
•
Posted by: MK News
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го Велигден на католичките верници на литургијата ја прочита велигденската порака. –Со оваа најубава литургија во Католичката […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 10:56
•
Posted by: MK News
Македонија денеска ќе биде на удар на циклонот Викторија. Не очекува променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели. На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 10:50
•
Posted by: MK News
Крива Паланка денес е завиена во црно. Градот тагува по загинатата Ф. Ц (19), која вчера настрада во страшната сообраќајка во Скопје. Советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вчера донесе одлука со која денешниот ден го прогласува за ден на жалост во градот по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Цековска. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 10:38
•
Posted by: MK News
Празникот Цветници секогаш се слави во неделата пред Велигден, затоа што тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 10:29
•
Posted by: MK News
Американската лесна нафта за испорака во мај поевтини на берзата во Њујорк за 52 центи при денешното тргување и во моментов се продава по цена од 49,57 долари за барел. Северноморската нафта од типот Брент која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поевтини за 50 центи на 56,60 долари за барел, јави […]
______________________________________________________________________________________________________
05/04/2015 09:55
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Во централите делови од земјава врнежите ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 21:24
•
Posted by: MK News
Во интервју за тетовската телевизија Арт, лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека сите недоумици околу случајот “Монструм“ ќе исчезнат по објавувањето на материјалите. – Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 20:54
•
Posted by: MK News
По немилиот настан кој се случи синоќа на Партизанска во билзина на Универзана сала ги потресе сите граѓани во цела Македноја. Затоа советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вечерва донесе одлука со која 5. април го прогласува за ден на жалост во Крива Паланка, по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 17:34
•
Posted by: MK News
Порталот Кривапаланкаинфо пренесе АПЕЛ до граѓаните угостите на Крива Паланка денеска да ја сопрат музиката во кафеаните и дискотеките во знак на жалост за нивната сограѓанка,20 годишната студентка која синоќа беше прегазена во Скопје. Во апелот се наведува дека прегазувањето со брзина на автомобилот со 160 км на час на пешачки премин не е несреќа, […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 15:51
•
Posted by: MK News
И покрај тоа што избегал од местото на несреќата, возачот на „хондата“ по распитот во полициска станица е пуштен на слобода. Според објаснувањето од истрагата, Љ.Б. не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело. Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 14:22
•
Posted by: MK News
Македонскиот претставник на Еврозвизија Даниел Кајмакоски ги поканува сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна „Autumn leaves“ и да освојат билет за првата полуфинална вечер на 19 мај, во Виена. Оној кој ќе има најуспешно завршување на приказната ќе има можност да го бодри во живо и да ужива во заедничка […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2015 14:14
•
Posted by: MK News
Веќе трета недела по ред одиме низ Македонија на вакви настани, а веќе 6 недели наши тимови, наши функционери и наши истакнати членови и поддржувачи одат по населените места низ Македонија и ја шират нашата порака, одат од едно во друго мето, од дом во дом, разговараат со семејствата, со граѓаните, пренесувајќи ги нашите идеи, […]
______________________________________________________________________________________________________