18/02/2015 21:16
•
Posted by: MK News
Пресуван тнт со фитиљ бил запален во жандиниерата на булеварот Гоце Делчев пред Основниот суд Скопје 2, дознава НетПрес. Во моментов на лице место се наоѓаат голем број на полицајци. Оштетување на судовите нема, ниту пак повредени. Полицијата во моментов врши увид на лице место.
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 20:55
•
Posted by: MK News
Анонимус влета среде вестите односно линкот во живо на Канал 5 и испеа песничка.
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 20:48
•
Posted by: MK News
Според сведочењето на вештаците од судска медицина, убодната рана во градниот којашто му ја нанел обвинетиот Насер Ештрефи на матурантот Ангел Петковски била смртоносна и најбрза реакција на лекарите немало да го спаси момчето. Смртоносниот убод бил длабок 14 сантиметри, а од раната на Ангел му биле рассечени меѓуребрените мускули, десното белодробно крило, дел од аортата и десната […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 20:46
•
Posted by: MK News
Во СВР Велес денеска пријавени се два случаи на оштетувања на возила. Во првиот случај исечени се три гуми на автомобил марка „форд фиеста“, а во вториот случај дупнати се гумите на товарно возило. Во првиот случај станува збор за автомобилот на поранешниот претседател на Велешкиот суд, Јордан Лазаров, на кој минатата пролет му беше […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 20:43
•
Posted by: MK News
Вечерва околу 20 часот на дежурниот телефон 192 во полицијата граѓанин пријавил дека слушнал експлозија на булевар „Гоце Делчев“ во непосредна близина на скопскиот Кривичен суд потврдија за Алфа од СВР Скопје. Од таму велат дека повредени нема ниту пак е причинета материјална штета а детали околу тоа што се случило пред Кривичниот суд и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 20:33
•
Posted by: MK News
Детонација се случила пред Основен суд Скопје 2 вечерва, без посериозни последици. Се врши увид кој треба да покаже што експлодирало пред судот јавува Плусинфо. Случајот го пријавил вработен во судот. Од МВР велат дека полициски екипи веднаш излегле на терен. Утврдено е дека нема повредени и нема оштетни автомобили. Единствено оштетена е една жардинера. Голем […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 12:13
•
Posted by: MK News
Цената на барел нафта порасна на 62 долари на меѓународните берзи поради немирите во Либија кои ја загрозуваат испораката од блискиот исток. На лондонската берза нафтата поскапи за 66 центи и се тргуваше по цена од 62 долари. На американскиот пазар, барел „брент“ се продаваше за 43 центи повисока цена за 53,21 долар. Регулаторната комисија […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 12:02
•
Posted by: MK News
12 семејства од срушена зграда на улица Руди Чајевац 39/1 се жалат дека се принудени да плаќаат радиодифузна такса и во периодот додека инвеститорот одново ја гради зградата, а тие не живеат во неа. Дел од нив, како што велат, веќе се исселиле кај свои роднини или закупиле станови во кои веќе се плаќа радиодифузна такса, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 11:15
•
Posted by: MK News
Полициските иследници и полицајци од Свети Николе три месеци безуспешно трагаат по групата крадци кои од археолозите на локалитетот Билазора украдоа пет лопати, рачни копачи, три-четири колички за носење земја и друг градежен алат кој го користеле научниците за проучување на овој заштитен локалитет. Но, засега нема ни трага кој крадел во зимскиот период кога […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 10:30
•
Posted by: MK News
На Фејсбук профилот што девојката го направила специјално за промоција на својот „бизнис“ таа бара да и се јават ситуирани и културни машки господа. Цената е релативно ниска, но средбите мора да бидат во хотел. Denesen.mk
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 09:30
•
Posted by: MK News
Во бунарот на едно семејство во Куманово водата е со топлина од 87 степени целзиусови. Кумановчани се шокирани од овој феномен и на него гледаат како на божјо чудо, па често доаѓаа во дворот на семејството Давитковски за да се уверат и да остават пари. Давитковски велат дека водата е толку топла што не можат […]
______________________________________________________________________________________________________
18/02/2015 09:10
•
Posted by: MK News
Над 40 отсто од матичните лекари во Куманово, деновиве се казнети од Фондот за здравство, бидејќи во првото тромесечје од 2014 година препишале повеќе антибиотици од дозволеното. Казните за матичните се движат од 200 до 1000 евра Во зависност од бројот на пациенти еден матичен лекар може да издаде одреден број на рецепти за антибиотици […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 20:27
•
Posted by: MK News
По точно една седмица од започнувањето на окупацијата на факултетите, Студентскиот пленум соопшти дека автономната зона е проширена низ цел Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Вечерва на интерен пленум студентите одлучиле од утре да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет, додека студентите од Градежен факултет се уште се во преговори. Во текот на денот, […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 19:03
•
Posted by: MK News
Новинарот Томислав Кежаровски ќе остане на слобода, бидејќи Апелациониот суд ја потврдил неодамнешната одлука на Кривичниот суд за условен отпуст на новинарот, објави Фокус. Според тоа, Кежаровски утре нема да се врати во затвор.
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 11:45
•
Posted by: MK News
Кој и до кога треба да пополни даночна пријава? Датумот за физички лица е до 15 март Данокот се пријавува во Управата за јавни приходи, којашто има подрачни единици во сите општини.На даночниот обврзник за сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност, ако не поднесе […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 11:30
•
Posted by: MK News
Во Шведска по првпат е направено испитување на обемот и карактерот на илегалниот транспорт со камиони низ земјата, јави допсиникот на МИА од Гетеборг. Во рамки на студијата се регистрирани преку 400 товарни возила со странски регистарски таблички кои ги кршат правилата. Странски камионџии кои вршат меѓународен транспорт за Шведска можат да направат три други […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 10:30
•
Posted by: MK News
Во првиот момент помислив дека удри земјотрес. Прво слушнав силно завивање, а потоа страшен удар. Иако поради поројниот дожд што цело време паѓаше бев малку задреман, веднаш станав и излегов надвор. Кога видов, навистина се стаписав. На неколку метри од мене земјата буквално се лизгаше кон мојата куќа. Не знаев што да правам. Нозете ми […]
______________________________________________________________________________________________________
17/02/2015 09:45
•
Posted by: MK News
Анонимуси Македонија се јавија по видеото кое се појави на Јутјуб, се појави и информација дека биле хакирани информациите од комјутерот на СДСМ од страна на Анонимусите, што беше демантирано од страна на партијата. -Нашата страница нема направено вакво видео и не стоиме зад ова. Се сомневаме дека видеото е направено за нечии политички поени. […]
______________________________________________________________________________________________________