Archive | Македонија RSS feed for this section

Новинарот Кежаровски вратен во затворот во Шутка

Томислав Кежаровски е вратен во затворот во Шутка. Неколку полициски службеници вчера попладне го приведоа од неговиот дом  и го вратија назад во затворот каде што веќе помина 6 месеци, објави Сител. Кежаровски најголем дел од казната го помина во домашен притвор – една година и два месеца, а  му остануваат уште три месеци и […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: ТВ-шминкерката од МТВ стана бездомник

ТВ-шминкерката од МТВ Гордана Ивановска стана бездомник.  Жената во зелена јакна и со црвен шал околу вратот, која секогаш стои пред влезот на Македонската телевизија, веќе едвај ја препознаваат и вработените во зградата, пишува Вест. Горде се обиде во две реченици да ја објасни трагедијата низ која поминува последните четири години. -Останав без стан оти […]

______________________________________________________________________________________________________

Униерзалната сала сепак ќе се вика Тоше Проески

Иако низ медиумите се рашири веста дека Универзалната сала ќе се вика Александар Македонски, сепак стигнува појаснување дека тоа ќе е името на целата Јавна установа во чиј склоп ќе функционираат повеќе сали. Значи, во склопот на Јавната установа Конгресен центар Александар Македонски ќе бидат следниве сали: – Универзална сала Тоше Проески (со капацитет од 3000 седишта) […]

______________________________________________________________________________________________________

Охрид за Водици – Еве што се ќе се случува

Со целовечерен концерт на сите културно-уметнички друштва од градот вечерва во Охрид започнува официјалната програма по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици. Организацијата е од страна на општинската власт и Здруженето за афирмација на МПЦ „Богојавление“. Ансамблите „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“ ќе имаат свои настапи пред публиката во Центарот за култура […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Како Македонија го газеше Тунис

Премиерна победа на Македонија на Мундијалот во Катар и тоа против Тунис од 33:25. Избраниците на селекторот Ивица Обрван одиграа одличен меч во кој противникот им парираше само во првите пет-шест минути. Кире Лазаров со 10 погодоци беше најефикасен, а по шест постигнаа Манасков и Миркуловски, додека Борко Ристовски мечот го заврши со 13 одбрани. […]

______________________________________________________________________________________________________

Чаусидис: Што е толку опасен еден новинар, за да мора итно да се стави зад решетки?

Група од триесетина граѓани и новинари, кои ја слушнаа веста дека новинарот Томислав Кежаровски вечерва беше спроведен во затворот во Шутка, се собраа пред затворот, да му изразат поддршка и да го искажат својот револт. Меѓу нив е претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис. – Изненадени сме од брзината со […]

______________________________________________________________________________________________________

Кежаровски по итна постапка спроведен во затвор – ЗНМ шокирано

Новинарот Томислав Кежаровски, кому вчера Апелациониот суд му ја намали казната затвор на две години, вечерва е префрлен во затворот во Шутка. Ова го потврди и неговата сопруга која тоа го објави на нејзиниот Фејсбук профил. Здружението на новинарите на Македонија е шокирано од спроведувањето во затвор по итна постапка на колегата Кежаровски по одлуката […]

______________________________________________________________________________________________________

Викенд временска прогноза – малку сонце, малку снег

Времето во Македонија денес сончево со мала облачност, а претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Според УХМР, до сабота ќе биде стабилно и суво време. Од денес ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Ова е зградата која гореше во Кисела Вода – детали за пожарот

Постара жена си го запали станот во скопската населба Кисела Вода, на улицата Петар Дељан. Пожарот веднаш го забележал нејзин сосед, па заедно со друг сосед притрчале и и го спасиле животот од пламените јазици. Тој за Вечер вели дека жената често пати знаела да пали хартии на тераса, па мислел дека и сега го […]

______________________________________________________________________________________________________

Гори зграда во скопска Кисела Вода – голем број станари префрлени во болница

Голем пожар во скопска Кисела Вода. Предмалку пламени јазици ја зафатија зградата со број 1 на улицата Петар Дељан.   Според информациите, пет противпожарни возила се на терен и го гаснат пожарот кој беснее. Амбулантни возила кои се на местото на настанот постојано носат станари од зградата кои најверојатно се затруле од чадот, но засега […]

______________________________________________________________________________________________________

Лисиче не се гледа од чад – жителите едвај дишат, најавуваат протест

Жителите велат дека едвај дишат, а деновиве и куќите не се гледаат од густа магла. Ако за кусо време состојбата не се промени, жителите најавуваат дека ќе излезат на протести пред Општина Аеродром, пишува Вест. Се жалат дека загадениот воздух им остава црнила на алиштата, колите и на дрвјата, па многумина веќе почнале и да се […]

______________________________________________________________________________________________________

УЈП удри во Охрид и Кичево: Затворени „Кадмо“ „Перла“ „ Ферат компани“ и „Дежа ву“

Повеќе угостителски објекти во Охрид и во Кичево во четвртокот биле под контрола на Управата за јавни приходи (УЈП), полицијата и Државниот пазарен инспекторат, а локалите  „Кадмо“ и „Перла“ во Охрид и „Ферат компани“ и „Дежа ву“ во Кичево се затворени поради неправилности во работењето. Во контролата во угостителски објекти на подрачјето на Охрид беа […]

______________________________________________________________________________________________________

Гори зграда во Кисела Вода

Противпожарните екипи во моментов се обидуваат да го изгаснат пожарот во зграда во Кисела Вода. Густ чад изледува од петиот кат во зградата. Сеуште не се познати причините поради кои избувнал пожарот, јавува Вечер

______________________________________________________________________________________________________

Овците во Сопот угинале од Листериоза

„Листериоза“ е причина за угинувањето на овците и козите од одгледувалиштето во кумановското село Сопот, каде од декември минатата година досега угинаа 175 животни, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по добиените резултати од анализите. Болеста ја предизвикува бактеријата листериа која со анализите беше детектирана и во ткивата на угинатите животни и во мострите […]

______________________________________________________________________________________________________

Дојдете да си го земете детето – градинките кратат работно време за да штедат струја?

Слабата посетеност на децата во градинките во јануари годинава била главната причина тие да се префрлат во една група, за да се намалат трошоците за струја. Оваа одлука ја донеле неколку скопски градинки, откако неколку дена по ред згрижувале по две-три деца. Така, тие ги затвориле другите објекти (клонови) и ги известиле родителите дека децата […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарите во вторник на протест за Кежаровски

Со листови хартија на кои пишува „Je suis Kezarovski“, по примерот на слоганот „Je suis Charlli“ кој е актуелен по нападите во парискиот сатиричен весник Charlli Hebdo, новинарите во петок го изразија револтот од одлуката на Апелациониот суд, со којашто на новинарот Томислав Кежаровски му ја намали казната затвор од четири и пол на две […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако имате ваков стамбен кредит тешко вас

Граѓаните кои имаат станбени кредити во швајцарски Франци може да се очекува во наредните денови да плаќаат висока цена, пишува Фактор. Се очекува пораст на ратите, откако швајцарскиот Франк стигна до 30 отсто зголемување на вредноста. Ова е уште еден удар за џебот на должникот, по 2008 година, кога оваа валута порасна. Три години граѓаните […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерството демантира – нема да се плаќа придонеси и за 1 денар хонорар

Министерството за труд и социјална политика демантира дека вработените ќе плаќаат придонеси дури и за 1 денар хонорар. Еве што велат во нивната реакција. Со измените и дополнувањата во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за здравствено осигурување коишто  се применуваат од 1 јануари 2015 година […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1