28/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Две ноќи по ред е опасно нивото на јаглероден моноксид на мерната станица за воздух во Лисиче каде што индикаторот покажуваше црвен аларм. Загадувањето со јаглероден моноксид почнува во попладневните часови, околу 17 часот, и максимумот го достигнува околу полноќ. До утро отровниот гас е на нормално ниво. Лисиче е единствената мерна станица во […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 22:31
•
Posted by: MK News
Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна. Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Како за пример кај нашите соседи Бугарите импотентностса е поголема, секој петти маж е импотентен. Еректилна дисфункција (ЕД) претставува постојана или привремена неможност на мажот да постигне или […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 14:22
•
Posted by: MK News
Од триесет тони свинско смрзнато месо кое стигнало од Данска, се земени примероци за анализа и во средината на следната недела ќе се добијат првичните резултати за тоа дали во истото има бактерија стафилококус ауреус или не, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, пишува Дневник. Ваквата контрола беше неопходна откако следуваше […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 13:06
•
Posted by: MK News
Пилотите кои го управуваа кингерот во кој загина претседателот Траковски ги следеле инструментите во кокпитот кои покажувале дека треба да се почне со процедурата за слетување, пишува Вечер. Инструментите биле исправни кога полетале од Скопје и Дубровник, но веќе пред Мостар едниот од нив давал погрешни информации. Овој извештај има многу заеднички со оној на […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Чад, прав, мирис на изгорено, магла, слаба видливост, загриженост. Печат очите, гребе грлото, срцето стега. Надвор е кисело, горчливо и тажно. Децата ги нема на игралиштата, рекреативците ги напуштија патеките. Прашање е кога ќе почнеме да се гледаме низ маски преку носевите зашто Македонија се задушува. Како последица на загадениот воздух, по еден Македонец умира […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Позната е причината за пожарот кој избувна вчера околу 10 часот во црквата „Св.Атанасиј Велики“ во Богданци. Извршен е увид на местото на настанот при што било утврдено дека причина за пожарот била неисправна електрична инсталација. Пламените јазици ги зафатија сите просториипри што изгоре целата црква. За среќа, во пожарот нема повредени лица.
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Интересно и несекојдневно запросување се случи во центарот на Прилеп пред неколку денови кога Ристе од Струмица облечен како Дедо Мраз и приреди убаво изненадување на прилепчанката Дијана, пренесе порталот Шеталиште.ком
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Истанбул и Париз се најатрактивните дестинации за Македонците за пречек на Новата Година. Покрај нив, интерес има и за Прага, Будимпешта, Виена, Барселона и Дубаи. Сепак, најголем дел за новогодишните празници ќе останат во државата. Почетните цени на аранжманите се движат од 250 евра за Истанбул со вклучен авионски превоз, за каде новогодишното патување со […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Заради нетранспарентноста на акционерските друштва по ова прашање, во Македонија речиси е невозможно да се дознаат висините на платите на главните извршни директори. Неофицијално, тие изнесуваат во просек околу 50.000 евра годишно, со се бонуси и се меѓу најниските директорски плати во Европа, пишува Капитал.мк. Околу 50.000 евра на годишно ниво во бруто износ, или нешто […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Пет илјади евра глоба за приредувачите на игри на среќа кои ќе дозволат влез во просториите на лице по 18 години, се предвидуваат со измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои се во владина процедура. Според предложените измени новина е тоа што се засилуваат овластувањата на Управата за јавни приходи […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Во следните три години кејот од Камени мост до мостот Гоце Делчев ќе биде блокиран. Тој е веќе заграден за изградба на панорамското тркало и ќе остане така сè додека не заврши изградбата. До пред извесен период имаше монтажен мост за пешаците да можат од Камени мост покрај оградата на кејот да стигнат до мостот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 09:15
•
Posted by: MK News
И по седумнаесет години, сагата за пропаднатата штедилница ТАТ продолжува. Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не ја прифати жалбата на штедачите од трите пропаднати штедилници, ТАТ, “АЛФА С“ и “Лавци“, кои што се жалеа дека не можат да ја истераат својата правда поради немање пристап до македонските судови. На денешниот прес, татовци рекоа […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Од 18 часот вчера е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража каде што има задржување на снег на коловозот. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино-Демир Капија е намалена на 50 до 100 метри. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2014 21:14
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а во раните утрински часови се уште ќе има врнежи претежно од снег. Преку денот ќе има намалување на облачноста, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од минус четири до […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2014 16:47
•
Posted by: MK News
Денеска претпладне избувна пожар во православната црква Св. Атанасиј Велики во Богданци. Пожарот избувнал во внатрешноста од црквата и набрзина се проширил на кровната конструкција. Благодарение на свештениците, но и месното население сите икони од црквата се спасени, но не и поголемиот дел од инвентарот. Во гасењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2014 15:25
•
Posted by: MK News
Собранието на Република Македонија ја почна седницата за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата, но во салата нема двотретинско мнозинство односно 82 пратеници потребни за одземање на мандатите. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го одлага поединечното гласање за мандатите, но претресот за другите мандати продолжува. Дискусија по точката на дневен ред нема. На седницата […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2014 15:20
•
Posted by: MK News
Десет месеци затвор за велешкиот оџа кој беше фатен како превезува мигранти од Сирија. Ова е казната за Несим Демири што ја одреди Основниот суд Скопје 1. Според информациите од судот, оџата ја искористил можноста за спогодба предвидена со новиот кривичен закон, јави велешкиот протал Лисица. Така тој без судење се спогодил со обвинителство по […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2014 15:17
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика информира дека 1 јануари 2015 година е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година.
______________________________________________________________________________________________________