Archive | Македонија RSS feed for this section

Тројца студенти од Нигерија на ИНФЕКТИВНА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ СИМПТОМИ ОД ЕБОЛА!

Надлежните здравствени служби на аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје пред два дена поради констатирана зголемена температура и симптоми кои асоцираат на заразната болест ебола ставиле во карантин две лица од Нигерија кои како што дознава „Охрид1“ се студенти на Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле “ во Охрид. Со нив од Нигерија допатувал уште […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија и нуди помош на Бугарија за справување со последиците од поплавите

Македонската Влада одлучи да и понуди помош на Република Бугарија за справување со последиците од поплавите коишто ја зафатија оваа земја. Конкретната помош ќе биде дефинирана на првата наредна седница на Владата по извршени консултации со бугарската страна и во зависност од нивните интервентни  потреби, информираат извори од Владата. 

______________________________________________________________________________________________________

Мирјана Најчевска : Македонскиот народ е глуп

Говор на омраза и еден куп на навреди од страна на поранешната раководителка на Хелсиншкиот комитет, Мирјана Најчевска кон македонскиот народ. Коментирајќи го поставувањето на новите споменици во главниот град, Најчевска пишува дека “овој народ е едноставно глуп, како цепаница, неделкана“. -Срамно и ненормално и пред се жално. Жално затоа што зборува за исклучително ниското ниво […]

______________________________________________________________________________________________________

Чекор до пронаоѓање на гробницата на Александар Македонски

Археолози од три земји упорно работат на пронаоѓање на гробницата на најголемиот војсководец, двигател на светот, Александар Македонски. Се чини дека секој се вклучил со цел да ја разреши најголемата археолошка мистерија во светот, но притоа да го прикаже Александар како свој. Грчките историчари своите книги во голема мера ги испишале врз основа на лажни […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејството Димитриевски со 2 мали деца ќе нема каде да ја поминат зимата – избркани се и од подрум

Четиричленото семејство Димитриевски од кумановската населба Карпош, позната како Рајкова Куќа, стравува дека ќе презими на улица, без покрив над главата и топол дом. 33-годишниот Драган со 29-годишната сопруга Благородна со двете деца, четири и пол годишниот Лука и двегодишната Лара, се принудени да го напуштат подрумот, во кој пред четири години по многу расправии […]

______________________________________________________________________________________________________

СКАНДАЛОЗНО: Струшкото училиште на кое Баерн му подари столчиња, именувано по командант на ОНА

Деновиве разбравме дека фудбалскиот клуб Баерн од Минхен му подари столчиња на основното училиште во струшко Делогожди, но токму оваа донација ни откри и дека училиштето се вика Нури Мазари, односно е именувано по „Командант Струга“, загинат припадник на ОНА. Столчињата се поставени на трибината во училишниот двор, која е украсена со албански и знамиња […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Скопје се разбуди со нови споменици – еве кои

Од утринава во Скопје има нови споменици, пренесе порталот Први.мк. На аголот на Универзитетската Библиотека е поставен споменикот на Пере Тошев, во негова близина е споменикот на Никола Петров Русински. Кај Судска Палата е подигнат споменикот на Андон Лазов Јанев –Ќосето, а се поставува и споменикот на Ѓорѓи Сугарев. Одлуката за поставување на новите споменици […]

______________________________________________________________________________________________________

Денеска променливо облачно, со локален дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Пооблачно ќе биде во западните и јужните делови каде ќе има и почеста појава на грмежи. Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а дневната од 21 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, кон крајот […]

______________________________________________________________________________________________________

Се слави независноста – Почесна артилериска стрелба на АРМ

Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември традиционално ќе биде одбележан и со почесна артилериска стрелба од артилерискиот баталјон на АРМ. Почесната стрелба со 10 плотуни од 12 артилериски орудија ќе биде изведена од касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 18 часот, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

______________________________________________________________________________________________________

Повредените во сообраќајката кај Демир Хисар се надвор од животна опасност

Од Клиничката болница Битола не информираат дека на Ургентното одделение се донесени 5 лица со поврди од сообраќајката која попладнево се случи на патото Кичево Демир Хисар меѓу камион и автобус. сите се препратени на одделот за ортопедија каде им била констатирани фрактури и набиеници но се надвор од животна опасност сите 5 лица велат […]

______________________________________________________________________________________________________

По тешка сообраќајка, 13 год Виктор се мачи низ животот – сега има шанса – Бидете хумани

Да помогнеме едно дете, кое веќе 5 години нема среќно детство, во иднина да го живее животот како и останатите деца. Виктор Ангелковски на 8 години имаше сообраќајна несреќа и беше во страшна состојба. Се лекуваше една година во градската болница. Најголема повреда има на левата нога – нема мускул, а коленото му се витка […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Неколку лица се борат за живот – се преврте автобус полн турски туристи кај Демир Хисар

Пред околу еден час во близина на демирхисарското село Жван се случила тешка сообраќајна несреќа – автобус што превезувал турски туристи се судри со камион . Според првичните информации како што пренесува Канал 5 во несреќата потешко се повредени 5 лица. Тие се пренесени во болница во Битола. Сообраќајна несреќа која се случила меѓу автобус […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Извлечено аудито од дупката кај Порта Влае

Аудито кое што утрово падна во дупка кај Порта Влае е извлечено. Во инцидентот немало повредени а автомобилот е делумно оштетен.

______________________________________________________________________________________________________

Бугарите снимаат докумнетарец за потонувањето на Илинден

Бугарската телевизија „Нова Тв“, по повод 5-годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“, сними документарен филм, кој е посветен на 15-те жртви во страотната несреќа и нивните семејства. Дел од документарниот филм се работеше во Охрид. -Сакавме да направиме малку повеќе од две минути колку што одделуваат медиумите секоја година за трагичниот настан кој се случи […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Еве како изгледа новиот лик на Дојран!

Лежалки под балдехини, набљудувачки кули, соблекувални во модерен стил, бројни туристи… вака изгледаат сега плажите во Дојран, кои за само една година претрпеа голема преобразба. Погледнете го Дојран низ објективот на SkyEye, а ги пренесува Денешен.мк

______________________________________________________________________________________________________

СКАНДАЛОЗНО Функционери на ДУИ го тргаа македонското знаме среде Скопје

Функционери на Демократската унија за интеграција побарале да се тргнат државните знамиња поставени покрај спомен-плочата на местото каде некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, јави Алсат-М. Според телевизијата, на одбележувањето на 17-годишнината од упокојувањето на нобеловката Гонџа Бојаџиу, од Здружението „Скопјанката Мајка Тереза“ биле поставени две државни знамиња на двете […]

______________________________________________________________________________________________________

Ученик од Kарпош освои злато на олимпијада по роботика

Осмоодделенецот Матеј Предовиќ од Основното училиште „Војдан Чернодрински“ го освои првото место на втората олимпијада по роботика што се одржа од 27 до 29 август годинава во Зрењанин. Учествуваа ученици од цела Југоисточна Европа, а освен осмоодделенци, со свои изуми се претставиле и средношколци и студенти. Меѓу нив Матеј, кој се закити со злато, бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Грците пукаат во воздух да не им се вратат Сиријците – бараат пари и од ЕУ – Македонија сама се справува

Доаѓаат во Македонија од сите страни. Покрај Вардар, покрај пругата, низ лозјата, со воз…, раскажуваат гевгеличани. За нив, илегалните мигранти, кои нелегално влегуваат од соседна Грција и се обидуваат да стасаат до западна Европа, одамна се дел од секојдневието. Најчесто се Сиријци, Ирачани, Авганистанци, Пакистанци… Мирни се, велат, од мака се дојдени, а овдека се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1