Archive | Македонија RSS feed for this section

Навредите и заканите ечат на благајните на пајак-службите

Неофицијалната статистика говори дека автомобилот на секој возач со неколкугодишно искуство барем еднаш завршил во депо на пајак-службата во главниот град. Нервозата на гневните граѓани поради плаќањето на казната за враќање на автомобилот редовно се истура на вработените. Според пајак-службите на ЈП „Градски паркинг“ и Паркингот на општина Центар (ПОЦ), насилните инциденти се ретки, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Отсега кај нас ќе се прават операции на ‘рбет

Досега за ваков вид операции пациентите се праќаа во странство и плаќаа од 35 до 50 илјади евра, а отсега во Македонија ваква операција ќе чини до седум илјади евра Министерот за здравство Никола Тодоров информира дека оваа метода е особено значајна за младата популација, бидејќи овозможува корегирање на деформитетите во најрана можна возраст, од […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес пријавување за отпис на долгови за струја, парно, кредити…

Од денес се доставуваат барањата за отпис на долгови Министерството за финансии денеска го објави јавниот повик за еднократен отпис на долгови на најранливите категории, а од понеделник граѓаните ќе можат да ги доставуваат барањата во Центрите за социјална работа Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Најмалку четири години затвор за “виновникот” за листерија

Пуштањето во промет штетни прехранбени продукти или пијалaци, средства за лична хигиена, нега или други штетни продукти, со што се предизвикува опасност за животот или здравјето на луѓето, претставува кривично дело по чл.213 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор до три години. доколку поради стореното дело настапила смрт на едно или повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

К-15 да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија

Регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15, кој од годинава е задолжителен во приватниот сектор, да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија, предлага претседателката на Стопанската комора за туризам на Македонија, Лела Крстевска во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Таа вели дека на тој начин домашните туристи ќе останат во земјава, […]

______________________________________________________________________________________________________

Милениумскиот крст на Водно нема да свети три месеци- еве зошто!

Милениумскиот крст на Водно ќе добие ново осветлување. Од утре ќе почне демонтажата на постечкото и поставување на новото осветлување, што е во рамки на проектот за реконструкција и адаптација на Крстот. Додека траат градежните работи за замена на светилките, Милениумскиот крст нема да свети во наредните два до три месеци, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве какво време не очекува денес

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени Целзиусови, a УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОСКАПЕА МАЈСТОРСКИТЕ УСЛУГИ: Ако не се пазарите, ќе ве „одерат“

Најскапи се електричарите, кои ќе ве чинат неколку стотина евра само за работната рака. Молерисување чини 50 до 60 денари од квадратен метар, смена на две водоводни цевки околу 2.000 денари, a лакирање паркет 6-7 евра од квадрат За правење кујна по нарачка за четири квадрати површина, платив 1.000 евра, заедно со материјалите, и знам […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте на хигиената и исхраната- жолтица демнее во Македонија

Во Инфективното одделение во Клиничка болница во Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица. Инфектологот Глорија Караѓозова изјави дека кај четворица пациенти веќе е докажано дека имаат хепатит од типот А. – Хепатит А е сезонско заболување и покрај тоа што ние го очекуваме во есен или зима, но сега во август, токму […]

______________________________________________________________________________________________________

Ишкртан автомобил на Грк во Охрид

Вечерта меѓу 15-ти и 16-ти август во периодот од 22 до 10 часот на паркингот Горна Порта, оштетено е возило од марката Ауди, со грчки регистарски таблички, во сопственост на грчки државјанин. На возилото бил испишан текст MK is not GR, GR=MK со спреј, а направени се и вулгарни цртежи. Увид на лице место извршила […]

______________________________________________________________________________________________________

Грчки „Локумадес“ од скопскиот Спајдермен

Сите оние кои биле на грчките плажи не можеле а да не налетаат на продавачите на слатки крофни и останатите зашеќерени или со шербет прелиени слатки, попознати како „Локумадес“.  Ама знаете ли какво вчудоневидување следува кога наместо „обичниот локумадес продавач“ на плажата ќе го здогледате „Спајдермен“ со тацната крофни в рака! Децата остануваат во прашалници, […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес постудено време и засилен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен, северен ветар, кој на места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.  Температурата ќе се движи од 21 до 31 Целзиусови степени. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви […]

______________________________________________________________________________________________________

Евтини летови од Македонија до 14 европски дестинации

Нискобуџетските компании и евтините авиобилети ги раздвижија патниците. Патувањето до европските дестинации стана хит за македонските граѓани. Истанбул е најфрекфентната дестинација, а за Виена, Цирих и Малме се бара место повеќе во авионите. Од Александар Велики и Свети Апостол Павле веќе летаат Виз ер, Пегасус, Флај Дубаи, Ер Берлин, Ер Свиден, Флај Ники, пишува Лидер. […]

______________________________________________________________________________________________________

Штипјани преживеале драма на одмор: Во Будва им украле пари, пасоши и автомобил

Штипјани кои отишле во Будва, Црна Гора, на одмор наишле на големи проблеми, објави порталот „Во Штип“. Имено, додека оштетените лица Ј.М, Х.Т., Н.Т. и Е.Г. биле на излегување, непознати лица го разбиле станот во кој биле сместени и се превртеле наопаку. Покрај големиот неред им биле одземени сите патни исправи на сите четири лица […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија се опреми со скафандери за ебола

Здравствените власти во Македонија набавија скафандери како дел од мерките за превентивна заштита од опасната заразна болест ебола, која се шири од западна Африка. Според министерот за здравство Никола Тодоров, станува збор за скафандери за еднократна и за повеќекратна употреба кои се дадени на тимовите кои може да бидат во прв контакт со евентуално заболени […]

______________________________________________________________________________________________________

Министерот Тодоров: Извор на листерија е еден

Не беше дозволиво што различни институции во една вака сложена ситуација полемизираа меѓусебно и на тој начин се создаде забуна во јавноста за тоа дали е детектирана листеријата. Да не се шпекулира повеќе за тоа дали е детектиран изворот, дали е во исправна насока водена целата насока, дали некоја лабораторија била референтна. Сите лаборатории во кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Жолтица во Штип – за 3 дена 11 лица во болница

За само еден ден хоспитализирани четворица пациенти со симптоми на жолтица во штипската болница. Со вчерашните новопримени случаи, бројот на заболени пациенти за кои инфектолозите се сомневат дека имат Хепатит А  се искачи на единаесет. Хоспитализираните пациенти се на различна возраст. Најмладиот пациент има 5 години, а најстариот  над 30. За сега изворот на заразата […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште една жртва од листерија – почина 46 годишен маж од Неготино

Претпладнево во Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 46 годишниот пациент од Неготино, заразен од бактеријата листерија. Тој од 3 август е на клиниката со клиничка слика од акутен гастроентероколит. Дополнителните испитувања откриле и инфекција и на централниот нервен систем. Поради влошување на болеста, неготинецот бил ставен под механичка вентилација, односно на апрати за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1