16/08/2014 14:05
•
Posted by: MK News
Девет месеци малолетна штипјанка ја криела страшната тајна, за она што и се случило во декември минатата година, кога во нејзниот дом, нејзин прв братучед ја силувал. Срамот од јавноста бил главната кочница, за да не ја открие лузната на душата, што според нејзино кажување пред полициските истражни органи и ја направил двојно постариот роднина. […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 13:18
•
Posted by: MK News
Пожар зафатил погонот за полнење на гас близу фабриката Здравје Радово во Струмица. Погонот и млекарата според информациите се наоѓа на 3 км од градот, близу с. Василево, јавува Кумановски Муабети
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 13:12
•
Posted by: MK News
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 03.08.2014 година околу 19:20 часот на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, за време на одигрувањето на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК„Пелистер“ и ФК„Вардар“, на место каде била сместена […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 13:11
•
Posted by: MK News
На падините на Скопска Црна Гора се наоѓа селото Бањани, во општината Чучер Сандево. Тоа е одалечено околу 15 километри од центарот на Скопје. Во него се наоѓа малата црква, посветена на светецот Ѓорѓи. Во внатрешната страна на црквата стои напис од кој дознаваме дека црквата е завршена во 1548/49 година, во време на султанот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 11:32
•
Posted by: MK News
Разгневен маж, поранешен поштар, завчера влезе во кафеаната „Пјаца“ и почна да пука. Епилогот е – двајца мртви и други повредени. Владо П. (43) и Мате Ѓ. (23) се двете лица кои го загубија животот, откако 56-годишниот З.С. пукал кон нив. Во нападот повредени се уште две лица кои се надвор од животна опасност. Општина […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 10:39
•
Posted by: MK News
Во непосредна близина на Велес, на површина од 27 хектари, античкиот град Стоби е цврст доказ за вековното постоење на македонската држава. Најстарите пишани извори и археолошки ископувања говорат дека градот Стоби бил подигнат во вториот век пред нашата ера. Античките палати, театарот, црковните објекти и гробницата го потврдуваат големото стратешко значење кој Стоби го […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 10:13
•
Posted by: MK News
Интересот за посвојување на деца без родители е четирипати поголем од бројот на деца кои чекаат да бидат посвоени. И покрај тоа што во моментов во регистарот се запишани 360 посвоители, а само 82 деца без родители, законските процедури налагаат долги временски рокови за изведување на целокупната постапка, кои траат со месеци, па и години. […]
______________________________________________________________________________________________________
16/08/2014 10:07
•
Posted by: MK News
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе биде до 33 […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 19:23
•
Posted by: MK News
Дванаесетгодишно девојче, по девет месеци, и` раскажало на мајка си дека било силувано од непознато повозрасно момче, пишува Вест.мк Девојчето решило да им каже на своите родители дека било силувано откако случајно го сретнало момчето на улица во близина на нивната куќа. Според кажувањето на девојчето, во декември минатата година, пријавениот влегол во нивниот дом додека […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 18:48
•
Posted by: MK News
Исмет Шаиновски, татко на 21-годишниот Бирсан Сејфула, пред Основниот суд во Куманово денеска го изрази своето незадоволство, затоа што неговиот син е осуден на затворска казна од 13 години, за сторено кривично дело разбојништво. Имено тој тврди дека неговиот син воопшто не е вмешан во групното разбојништво, кое што се случило во март годинава на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 18:42
•
Posted by: MK News
Каде има листерија? Народот веќе побудале. Оддлени институции се препукуваат меѓу себе. Анализите рекле има во свинскиот врат на Екстра Маин, па суперанализите покажале дека нема. Народот веќе не знае што чита и кому да верува. АМАН нашите животи се во прашање – ИМА ЛИ НЕКОЈ КАДАРЕН И НАДЛЕЖЕН ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА ЈА ПРЕКИНЕ […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 16:00
•
Posted by: MK News
Кај 16-годишно девојче од Неготино хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести-Скопје со клиничка слика на менингит, денеска е добиена лабораториска потврда за присуство на бактеријата листерија. Ова попладнево го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести и директор на Клиниката, Звонко Миленковиќ, по завршување на состанокот на Комисијата. Тој рече дека здравствена состојба на пациентката […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 15:43
•
Posted by: MK News
МВР вчера приведе две лица од село Грчец на возраст од 39 и 50 години. Двете лица се приведени во рамките на акција „Мрежа“, насочена против уличните дилери и пресекување на меѓународни канали за недозволена трговија со дрога. Акцијата реализирана во село Грчец беше брза, прецизна и мина без никакви инциденти. Од МВР соопштуваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 12:27
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека следната недела ќе ја укине суспензијата за производството на „Екстра меин“ од Куманово, откако сите анализи потврдија дека во фабриката не е најдена бактеријата листерија. Од Агенцијата завчера извести дека по целосните контролите кои ги направиле по налог добиен од министерството за здравство во погоните на „Екстра меин“ […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 12:20
•
Posted by: MK News
Потпалени и раскопани ѕидови, искршени олуци, ѓубре и отпушоци насекаде, ваква била глетката која ја забележале докторите и медицинскиот персонал од амбулантата во Ѓорче Петров два, пренесува Канал 5. – Штом се затвори амбулантата имаме проблем со околното население, најверојатно деца, кои цела ноќ седат овде. Наоѓаме најразлични работи – од шприцови до алкохол, но […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 11:30
•
Posted by: MK News
„Испрати порака и добиј ги најсигурните типови за денес“, „Обложувај се со најдобрите“, „Обложи се на сто отсто сигурен меч“. Најчесто вака гласат примамливите понуди за продажба на спортски резултати. Тие прогнозираат, а често и ветуваат сигурни резултати за фудбалски, ракометни, кошаркарски и други натпревари со кои можете да се збогатите прекуноќ, но, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Гоце Бежоски е еден од луѓето кои за време на воениот конфликт од 2001 година, како дел од резервниот состав на АРМ, се најдоа на браникот на татковината. Тринаесет години подоцна, како и многумина од тогашните бранители, невработен, болен и заборавен од државата, Бежоски сѐ потешко се справува со егзистенцијалните проблеми. Гоце има 51 година. бил […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Жител од Кочанското село Полаки пронашол половина килограм златници. Сопственикот ја договорил својата стара куќа за продавање на Италијанец и при иселувањето случајно во запоставен црн чорап кој бил прилично тежок, пронашол 17 златници, пренесува ВоШтип.мк Златниците според проценките се во вредност од 16 илјади евра. Додека сопственикот се радувал на совето пронајдено бгатство купецот […]
______________________________________________________________________________________________________