15/08/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Градот Скопје во соработка со јавното претпријатие Градски паркинг и невладината организација Еко свест пред четири години го започнаа проектот „Изнајми велосипед“. Проектот е воведен со примарна цел велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје. Исто така, целта на проектот е велосипедите да се употребуваат за рекреативни и туристички потреби […]
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Спроти домот на фолк-легендата, ноќта спроти неговиот роденден, на 19 август ќе се издигне споменик на Гоце Арнаудов, дело на македонскиот скулптор и сликар од Струмица, Митко Тошев, дознава СтрумицаНет. Споменикот ќе биде висок 2 метра, а неофицијално пред откривањето ќе се одржи мал концерт на Струмичката естрада со рефрените од песните на Гоце.
______________________________________________________________________________________________________
15/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Во текот на попладнето ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе овозможи во северните и западните делови на земјава да има опаѓање на дневната температура, а во останатите делови се уште ќе биде многу топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа, според метеоролозите, во наредните денови ќе продолжи да се спушта посвеж воздух […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 20:05
•
Posted by: MK News
Полицијата денеска го уапси озлогласениот Арслан Пода од Грчец, организатор и предводник на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава но и надвор од неа, јави Сител Тв. Тој и неговите соработници се занимавале со продажба на дрога, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени. Заедно со Пода уапсен е и еден негов соработник. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 19:22
•
Posted by: MK News
Во автомобил кој бил изложен на сонце во Скопје термометарот покажува + 45 степени. Веќе е познато дека денес и утре целата територија на Македонија ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата фаза. Температурата ќе се движи од 34 до 40 степени. Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, повисоки […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 16:02
•
Posted by: MK News
Огромен број полицајци во моментов се наоѓаат пред, во и околу трговскиот центар Скопје Сити Мол, јавува Press24. За што станува збор, одговор побаравме во Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека зголеменото присуство на униформирани полициски службеници се должи на посетата на фудбалерите на младата репрезентација на Израел, кои во моментов се на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 15:47
•
Posted by: MK News
Намалена видливост , зачаденост и непријатна миризба во воздухот утрово можеа да забележат тетовци. Појавата предизвика вознемиреност и беше главна тема на разговорите, како и на објавите на социјалните мрежи. Експертите тврдат дека се работи за нормална појава предизвикана од високите температури на воздухот и големата влажност на почвата во содејство со веќе постоечката загаденост […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 13:19
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со вчерашната трагедија во Вевчани, кога 56-годишниот З.С. во кафеаната „Плаца“ застрела и уби две лица, а две се здобија со тешки повреди. „Вчера околу 21,30 часот во летната бавча од угостителскиот објект „Пјаца“ едно лице испукало 10 проектили од пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 13:01
•
Posted by: MK News
Вевчанецот З.С., кој вчеравечер уби двајца и рани уште двајца соселани неколку часа претходно го најавил крвавиот пир, но никој не го сфатил сериозно бидејќи бил под дејство на алкохол, пренесува Вечер. Очевидецот кој се уште бил во шок вели дека е чиста среќа што останал жив и што нема повеќе жртви. – Можеше сите […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 12:23
•
Posted by: MK News
Две мртви и две ранети лица во инцидентот кој се случи вечерва во селото Вевчани. На повредите им подлегнаа: Владо Попески и Матеј Ѓурчески а повредини се Илија Пржитоски и Горан Коруноски. Убиецот Здравко Србакоски (поранешен поштар) после немилиот настан сам се предал на полицијата. Причината за убиството била: убиецот Здравко Србакоски барал пари на заем […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 11:50
•
Posted by: MK News
На пишувањата на грчките медиуми дека можеби станува збор за гробот на Александар Трети Македонски, Кузман вели дека за официјалната археологија е јасно дека големиот војсководец бил погребан во Египет, во Александрија, каде што доаѓале на поклонение и римските кралеви, но точната локација се’ уште не е позната. Иако, додава, се мисли дека гробот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Малку е веројатно во монументалната гробница во северна Грција да било погребано семејството на Александар Велики – сопругата Роксана и нивниот син Александар Четврти Македонски, бидејќи историските факти водат кон поинакви заклучоци, сметаат домашните археолози. A вистината може да излезе на виделина и по 50 години. Гробницата оддалечена десетина километри од античкиот град Амфиполи (старото […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Дванаесет години по завршувањето на претходната санација на мостот Гоце Делчев, повторно ќе се утврдува моменталната состојба во која се наоѓа овој важен инфраструктурен објект во центарот на Скопје. Градската управа е во потрага по субјект што ќе изврши експертиза во однос на одржувањето на мостот во изминатиот период и ќе ја прикаже неговата сегашна […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Две лица починаа по пукањето во Вевчани кога едно лице упаднало во угостителскиот објект „Пјаца“ и пукало во 4 лица кои седеле во кафулето Полицијата го фати осомничениот за двојното убиство во Вевчани што се случи вчера околу 21 часот во кафеаната Пјаца.Пукањето се случило околу 21 часот во кафеаната Пјаца, каде осомничениот влегол и, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/08/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Целата територија на Македонија, денеска и утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата алертна фаза. Температурите, зависно од регионот, ќе се движат од 30 до 40 степени. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со температури од 30 до 40 степени и слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје дневната […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 21:55
•
Posted by: MK News
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, територијата на целата држава, во текот на утрешниот ден и задутр ќе биде биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолта, односно алертна фаза. Станува збор за температури од 34 до 40 степени, зависно од регионот. Деновите со повисоки температури се очекува да траат до […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 15:54
•
Posted by: MK News
Ренато Џељадини (15) од кумановската населба Стари Лозја пред пет дена исчезнал во близина на депонијата Краста, јави „Куманово Њуз“. Детето последен пат било со своите родители во саботата, додека собирале пластика на кумановската депонија. Околу 13 часот заминал до култиваторот кој бил паркиран покрај патот, за да јаде, и повеќе не се вратил. Родителите […]
______________________________________________________________________________________________________
13/08/2014 15:47
•
Posted by: MK News
Нема присуство на бактеријата листерија во произвоидте на месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово, потврди Агенцијата за храна и ветеринарство, откако до неа стигнале сите резултати од анализите на брисевите земени од работните површини, материјалите и производите на оваа месна индустрија. По минатонеделното известување од Министерството за здравство, дека е детектирано присуство на Listeria monocytogenes […]
______________________________________________________________________________________________________