Archive | Македонија RSS feed for this section

ФОТО: Плажите во Преспа ќе бидат туристичка атракција

Освен плажите во Стење и Сливница, чие уредување веќе е во тек, наредната година и плажите во Отешево, Крани, Коњско, Претор со најавените проекти ќе добијат подобар изглед. – Има најава за проекти кои би почнале наредната година и се однесуваат и на други плажи во преспанскиот регион. Градежните активности на плажите во Сливница и […]

______________________________________________________________________________________________________

Охриѓани тврдат: Не е скапо скопјаните ни прават лош маркетинг

Охрид не е скап и не празен, како што тврдат некои медиуми. Од Економскиот совет на градот ги демантираат таквите тврдења и велат дека цените се прилагодени за сечиј џеб и оти голем е бројот на странски туристи. Преку примери за цени на производи и услуги, охриѓани застанаа во одбрана на туристичката понуда со тврдење […]

______________________________________________________________________________________________________

Попладне понесете си чадор

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната од 28 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде слично, со температура до 33 степени.

______________________________________________________________________________________________________

Помеѓу тагата и хуманоста: Бубрезите на Дејан спасија двајца браќа од Куманово (ФОТО)

Во најголемата болка и тага за загубениот живот донесоа одлука да бидат хумани.  Нивниот Дејан не преживеа по тешката сообракајка пред десетина дена во Ѓорѓе Петров. Еден ден по несреќата  35 годишниот скопјанец почина на КАРИЛ. Имаше мозочна смрт, но органите му беа здрави. Во моментите на големата трагедија  семејството Јованоски  ја покажа хуманоста да […]

______________________________________________________________________________________________________

Далибор беше чирак во фабриката, тукушто го оженивме, а сега животот му виси на конец

Во екплозијата во фабриката за пиротехника во скопско Сопиште, со тешки изгореници се здобија 27-годишниот Далибор, кој неодамна се оженил, како и 59-годишниот Живко и 51-годишната Злата, сите од Скопје. Во фабриката Далибор и постариот Живко работеле како бравари, додека Злата С. била хемичарка. Можна причина за експлозијата е искрење на предмет што го внел […]

______________________________________________________________________________________________________

Што остана засекогаш под урнатините по земјотресот во Скопје (Фото)

Покрај загинувањето на голем број луѓе, во центар на вниманието беа и материјалните штети. Ужасна била и состојбата на музеите и спомениците на културата. Зградата на Музејот е до темел разрушена, поголемиот дел од материјалот е уништен или тешко оштетен, како што се збирката од керамика, икони и фонд од копии на фрески. Турбе Јигит […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопје денес се сеќава: Тресење, татнеж, лелеци – 20 секунди го претворија Скопје во пепел

Денес се навршуваат 51 година, откако на 26 јули 1963, во 5:17 часот, Скопје беше зафатено и разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 […]

______________________________________________________________________________________________________

Новото спортско возило Вајпер го дизајнираше Македонец

Родениот тетовчанец, Томе Јованоски (31), е одговорен за внатрешниот дизајн  на ултра-спортскиот автомобил, Вајпер, излезен од погоните на американски Крајслер. За Капитал, тој ја раскажа својата приказна, за тоа како од Македонија, преку Детроит, каде што се отселил со своите родители во 1996 година, се вивна во врвот на светскиот дизајн на автомобили. “По дипломирањето на […]

______________________________________________________________________________________________________

Тодоров поднесува кривична поради бактеријата листерија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител поради четирите жртви од бактеријата листерија. Министерот истакна дека резултатите од првично земените мостри се негативни на оваа бактерија. Испитани се млечни производи, производи за бебиња и некои сувомесни производи. -Не сум задоволен од резултатите кои се негативни и иако министерството за здравство […]

______________________________________________________________________________________________________

Повредените 39, 51 и 59-годишна возраст, во фабриката во Сопиште се уште во животна опасност

Трите тешко повредени лица во вчерашната несреќа во фабриката за пиротехнички средства во Сопиште се уште се во животозагрозувачка состојба, информираше министерот за здравство Никола Тодоров. – Сите тројца пациенти се уште се во животозагрозувачка состојба на респиратор и ја примаат неопходната терапија за ваков вид случаи како што се инфузии, хидрирање, обезбедување доволно течност […]

______________________________________________________________________________________________________

За трујачот со листерија казна од 8.000 и 2.500 евра, но не и клуч на врата?

Дали и кој производител на храна е можниот причинител на труењето со опасната бактерија листерија, од која за еден месец починаа четири лица, меѓу кои и едно бебе, а вкупно седум заболеа, најверојатно ќе се знае денеска, кога се очекува да бидат познати првите резултати од анализите на повеќе од 150 мостри месо, месни преработки, […]

______________________________________________________________________________________________________

Паника во Охрид, пропаѓа туристичката сезона

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески свика вонредна седница на Локалниот економски совет во проширен состав, посветена на актуелната туристичка сезона и појавите на необјективно и тенденциозно известување во некои медиуми за лоша сезона или превисоки цени на услугите, јавува Сител. На состанокот во проширен состав присустуваа и претставници на сите субјети од градот кои учествуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Повредените во експлозијата во Сопиште се со 90% изгореници и дишат на апарати

Тројцата повредени во попладневната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште се во критична состојба. Повредени се двајца мажи и една жена на возраст од 27 до 59 годишна возраст. Сите тројца дишат со помош на апарати и се наоѓаат во животозагрозувачка состојба. Жената е примена во Ургентниот центар и веднаш е хоспитализирана на КАРИЛ. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес без струја ловиштето „Јасен“, Карпош и Арачиново

Ловиштето „Јасен“  од 10 до 15:30 часот ќе остане без струја, а од 9 па до 15 часот струја ќе нема на дел од улиците Копенхагенска, Стохолмска, Петар Драганов, Његошева, Софиска, Бриселска во општина Карпош, како и во дел од селото Батинци и во населбата Љубош во општина Студеничани, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи […]

______________________________________________________________________________________________________

Дишат со помош на апарати – Во критична состојба се тројцата повредени во експлозијата во Сопиште

Во критична состојба се тројцата повредени во попладневната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште. Повредени се двајца мажи и една жена на возраст од 27 до 59 годишна возраст. Сите тројца дишат со помош на апарати и се наоѓаат во животозагрозувачка состојба. Жената е примена во Ургентниот центар и веднаш е хоспитализирана на КАРИЛ. […]

______________________________________________________________________________________________________

Здраствено ќе плаќате по 2 пати? – И вработените и хонорарците за секој прилив ќе си плаќаат придонеси!

Според одговорите што ги добивме од Министерството за финансии, во Македонија на сцена стапува повеќекратно плаќање придонеси, односно едно лице ќе треба да одвојува приближно околу 40 отсто од секој хонорар што го зема (вклучително со персоналниот данок), на сметка на државата, пишува Фокус. Министерството за финансии, по два дена, даде одговори на прашањата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Меѓу повредените во експлозијата во Сопиште и една жена – 3-ца се во животна опасност

Три лица кои во моментот работеле во халата на скопската фабрика за пиротехнички средства се здобиле со тешки изгореници и се борат за живот на скопските клиники. Четвртиот работник поминал со полесни повреди, јавува Сител Според репортерите на Сител двајца од тешко повредените се згрижени во Градската хируршка болница и имаат изгореници по целото тело. Тие […]

______________________________________________________________________________________________________

Повредените во експлозијата во Сопиште се борат за живот, познат нивниот идентитет

Три од повредените 4 лица во експлозијата во фабрика за пиротехника во скопско Сопиште, се наоѓаат во сериозна животна опасност. Станува збор за 27- годишниот Д.К. , Ж. А. (59) и З.С. (51). Полесно повреден е 39- годишниот Г.Ј. пренесува Курир Инаку, експлозија во фабриката се случила околу 17:10 часот. На местото интервенирале две возила […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1