06/08/2014 18:11
•
Posted by: MK News
Чадениот свински врат на компанијата „Екстра Меин“ од Куманово е причинителот за ширење на бактеријата Листерија, од која досега четири лица починаа. „Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2014 19:30
•
Posted by: MK News
Според револтираниот сопственик, прво едно лице околу полноќ влегло во барот и дрско му се обратило на диџејот со зборовите „што има да пушташ вакви песни овде во чаршија“. Погрешен избор на песна како причина за насилен упад и демолирање на кафе бар во старата скопска чаршија. Се уште непознати сторители, млади лица на возраст […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Место голема свадба, закажаната веселба во две семејства заврши со погреб. Дваесет и тригодишната тетовка Ариета Мемети ненадејно почина на денот на нејзината венчавка, пишува Утрински весник. Најсреќниот ден за кој се подготвувало целото семејство одеднаш се претвори во голема трагедија. На неа во неделата изутрина, и се слошило, по што била однесена итно во болница. […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2014 20:59
•
Posted by: MK News
Во целост ви го пренесуваме соопштението на Комити: Затекнати од немилите настани кои се случија на дербито и изреволтирани поради изнесените невистини должни сме да го истакнеме ова соопштение со цел да ја запознаеме целата Македонска јавност со вистината околу настаните за време на и по натпреварот Пелистер– Вардар одигран на 03.08.2014. Имено со радост […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 21:11
•
Posted by: MK News
Десетина навивачи на Вардар се повредени, а еден од нив е однесен во болница во Скопје за да му биде делумно ампутирана раката, барем според последните лекарски извештаи од Битола, откако на трибината беше активирана полициска шок-бомба, пред крајот на фудбалското дерби против Пелистер во Битола. Цела фотогалерија на – СпортМедиа.мк ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Навивачот на Вардар […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2014 19:00
•
Posted by: MK News
Локалните жители на Гафса на југот на Тунис беа пријатно изненадени кога среде пустина забележаа ново езеро. Никој не може да објасни како се создало езерото, но властите во Тунис сметаат дека станува збор за подземни води кои минале низ пукнатини и го наполниле кањонот, пишува Huffington Post. Мистериозно езеро се појавило среде пустина во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2014 10:24
•
Posted by: MK News
Не престануваат трагичните настани по сообраќајната несреќа во близина на Удово. Според српските медиуми , вчера во Неготино ненадејно починал кумот на возачот на фордот фиеста , Рајко Радојковиќ од Ниш. Тој дошол во посета заедно со мајка му на момчето, кому судот му одреди мерка притвор како осомничен за трагичната сообраќајна несреќа во која […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 23:21
•
Posted by: MK News
Целиот Балкан, вклучително и македонските медиуми ја пренесоа приказната на хрватските медиуми кои денес објавија дека македонец малтретирал фока и бил протеран од Хрватска. Тие малку ја напумпаа приказната по што се доби дојам дека македонецот е протеран поради фоката. Вистината е дека македонецот поради вонемирување на фоката – но не ТЕПАЊЕ олатил казна но […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 22:21
•
Posted by: MK News
Повеќе од два часа сите авиони над Хрватска и скоро половина од оние кои биле во воздушниот простор на Босна и Херцеговина останале без контакт со контролата на летање поради силното невреме кое го зафати овој дел од Балканот. Пилотите во ситуација кога биле практично изгубени во воздухот, помош побарале од контролата на летае на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 14:40
•
Posted by: MK News
Маскирани напаѓачи вооружени со оружје околу 13 часот се обиделе да извршат грабеж во златарница во Дебар. Златарницата била во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам, пренесува Кајгана.мк. Четири лица се примени во болница по вооружениот грабеж што околу […]
______________________________________________________________________________________________________
28/07/2014 20:15
•
Posted by: MK News
Неверојатното невреме со силен ветер и високи бранови затече на плажа околу 30 туристи, па мораа да бидат спасувани од страна на црногорската полиција и Управа на морската безбедност. Драматично како што е соопштено од полицијата, било на плажата Могрен кај Будва и на некои плажи меѓу Бара и Петровец. Туристите практично биле заробени, и […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2014 21:45
•
Posted by: MK News
Колку и да се трудите, порано или подоцна екранот на вашиот смартфон ќе биде прекриен со гребнатини. Сепак, постои начин за да ги отстраните оштетувањата и да го вратите екранот до статус „како нов“. Земете малку паста за заби и ставете ја на парче памук или платно. Со кружни движења тријте ја оштетената површина, нежно […]
______________________________________________________________________________________________________
27/07/2014 09:55
•
Posted by: MK News
На порталот Либертас, наводно одредена госпоѓа од Скопје, која летувала во Охрид, сакала да им помогне на Молдавки-играорки, и да ги однесе до тоалет во некој од рестораните во близина на црквата Света Софија. Се чувствувам посрамена како Македонка, вели скопјанка која долги години живее во Лондон а деновиве е на одмор во Охрид. Настанот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/07/2014 11:46
•
Posted by: MK News
Во најголемата болка и тага за загубениот живот донесоа одлука да бидат хумани. Нивниот Дејан не преживеа по тешката сообракајка пред десетина дена во Ѓорѓе Петров. Еден ден по несреќата 35 годишниот скопјанец почина на КАРИЛ. Имаше мозочна смрт, но органите му беа здрави. Во моментите на големата трагедија семејството Јованоски ја покажа хуманоста да […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2014 20:40
•
Posted by: MK News
Авион ИзиЏет (EasyJet) за време на летот бил погоден од гром додека во него се наоѓале 156 патници. Патниците кои летале од Бристол за Барселона биле престрашени, авионот почнал да се тресе и настанала вистинска паника. Летот A319-111 принудно слетал на аеродромот Реус во Шпанија, а преплашените патници чекале еден час до следниот лет. „Не […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2014 15:43
•
Posted by: MK News
Обидот на Наташа да ја прекине врската со Игор е причина за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Аеродром, раскажува пријателка на убиената девојка за Канал 5. Според неа, убиената Наташа од Аеродром била во љубовна врска со убиецот Игор Спасовски- Боксач од пред Нова година, кога се запознале во дискотека во која тој работел […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 18:10
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Игор (36), за кого се говори дека бил познат и под прекарот Боксер, стрелајќи од својот службен пиштол, најпрво ја убил својата две години помлада пријателка Наташа, а потоа и нејзината сестра Билјана (31). Потоа си го одзел животот. Сведоци на овој немил случај се две деца на возраст од седум и девет години. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Комисијата за заразни болести во присуство на Министерот за здравство, Никола Тодоров, одржа состанок, кој е трет по ред во изминатите 4 дена, по добиените информации од Институтот за јавно здравје дека за еден месец е регистрирана појава на 7 случаи кај кои лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија, а со цел разгледување на […]
______________________________________________________________________________________________________