18/12/2012 17:22
•
Posted by: MK News
Се поголем е бројот на заболените од сексуални заразни болести во Албанија. Посебно со загрижувачка брзина се шири сифилисот, јави дописникот на МИА од Тирана.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 12:46
•
Posted by: MK News
Бројот 18 е поврзан со црквата Св Никола во Катланово. На пример, камбанаријата е висока точно 18 м и 18 см, крстот на самата круна е висок 118 см, фреската е висока 18 м, а камбанаријата се осветува на 18 декември.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 12:24
•
Posted by: MK News
Јапонецот Џиромон Кимура, кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот, почина на 116. години.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 11:43
•
Posted by: MK News
Бродот „Сисциа“ кој плови под хрватско знаме, се насукал во Дунав кај Сремски Карловци.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 11:11
•
Posted by: MK News
Три лица се потешко повредени, 34 минале со полесни повреди во сообраќајна несреќа на автопатот кај Кутина. Автобус со студенти од Босна и Херцеговина излетал од патот.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 11:00
•
Posted by: MK News
Емил Рамсауер, 94-годишниот старец кој ќе ја претставува Швајцарија на Евросонг за себе вели дека е стар лонец, но не е за фрлање. Вели дека витален го одржува неговата жена.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 10:30
•
Posted by: MK News
Медицинската сестра од училиштето во Конетикат за влакно ја избегнала смртта. Се сокрила под масата во моментот кога убиецот влегол во канцеларијата. Стоел пред неа, пред масата и заминал. Таа е првата која заедно со секретарката на училиштето повикаа 911.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 10:20
•
Posted by: MK News
Зак Собиек, тинејџер кој боледува од неизлечлив облик на рак, сними песна со која се збогува со своето семејство и пријателите, откако лекарите му кажале дека има само уште 3 месеци живот.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот која е поставена кај ФИНКИ во населбата Карпош во Скопје, од утрово покажува дека квалитетот на воздухот во Скопје е на ниво на ОПАСНО .
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 09:45
•
Posted by: MK News
Пратениците во Собранието Лилјана Поповска и Ивон Величковски од Меѓупартиската група за ХИВ, вчера на павилјонот за ХИВ тестирање поставен на плоштадот Македонија, направија ХИВ-тест.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Радмила Шеќеринска поради собранискиот циркус пред два дена мораше да дојде во Собранието со шината нога.
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2012 09:00
•
Posted by: MK News
До Нова година „Паркови и зеленило“ очекува да ги набави коњите кои ќе ја влечат кочијата наменета за разгледување на Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 23:33
•
Posted by: MK News
NASA вечерва (во 23 и 28 минути по наше време) ќе ја бомбардира Mесечината. Се работи за контролирано погодување на Mесечината со две роботизирани летала во склоп на мисијата GRAIL. Целта е да се дознаат повеќе податоци за тоа што лежи под површината на Mесечината.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 23:18
•
Posted by: MK News
Мала трошна собичка, полна влага, тука Јоца Смуџин со својата љубов живеел 28 години. Пред 2 дена таа починала, а Јоца 2 дена спиел, очаен и во болка до нејзиното мртво тело.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 22:40
•
Posted by: MK News
20 инспектори го чешлале кабинетот на Градоначалникот на Струмица Зоран Заев денеска, пишува мкинфо.мк.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 22:01
•
Posted by: MK News
Во Кина се уапсени 93 лица поради ширење кобни пророштва и гласини за апокалипсата на Маите, јавува Гардијан.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 21:36
•
Posted by: MK News
Три сонца биле забележани над неколку кинески градови на 10 декември, освен сонцата над нив имало и виножито превртено.
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2012 21:10
•
Posted by: MK News
Американскиот кошаркар ризикуваше и пред натпреварот клекна на колена на среде терен.