05/10/2012 22:08
•
Posted by: MK News
,, Стара школа,, – овој студент се подготвува за испит. Си ја почитува изгледа старата пракса да се препишува од рака. Не сака да екпериментира со слушалки, телефони и слично па се што имал си запишал на рака.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 21:15
•
Posted by: MK News
Благодарение на Јавното сообраќајно претпријатие, во сабота по 19, превозот во сите автобуси кои гравитираат кон центарот на Скопје, ќе биде бесплатен!
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 16:38
•
Posted by: MK News
Нова препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија од Европската комисија, со укажување на ЕК до Советот на Унијата да го овозможи ова без понатамошно одлагање, од што корист ќе има целиот регион.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 16:00
•
Posted by: MK News
Во моментот додека пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова говореше на собраниската седица – мрак во собранието.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 15:28
•
Posted by: MK News
Денеска околу 12.30 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај мостот „Обединети нации“, во Карпош 4, во градски автобус број 22 се случила масовна тепачка меѓу две групи млади, биле употребени и ножеви.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 12:00
•
Posted by: MK News
“Skyfall”, е насловната песна на новиот, Џемс Бонд филм, а ја изведува Адел. Премиерно песната е пуштена на полноќ на 50-от роденден на агентот – 5 октомври 1962 година по прв пат е прикажан “Dr. No”.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 11:45
•
Posted by: MK News
Во несреќата што се случи при лизгање на земјиште во југозападниот кинески регион Јунан, загинаа 18 ученици.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 11:30
•
Posted by: MK News
Студентите на Факултетот за фармација во Белград се во чудо кога на првиот академски ден на факултетот го видоа синот на поранешниот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ, Василиј, запишан – иако по приемниот испит бил на 178. под линијата.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 11:30
•
Posted by: MK News
Вонредно 5 то по ред прскање против комарци најавено за викендов. Иако веќе 4 пати се прскаше, комарци се повеќе. Топлото време им се погоди на комарците, па ниту 4 прскања ништо не им можат.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 11:10
•
Posted by: MK News
Согласно Законот за празниците на Република Македонија 11 октомври, Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството на сите граѓани им го честита Денот на народното востание.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 10:30
•
Posted by: MK News
Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски е роден и живее во Париз, како припадник на втората генерација на иселеници од Македонија. Тој е роден во 1969 година.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 10:14
•
Posted by: MK News
5-ти октомври, датум кој ни остана како аманет од Тоше, датум кој во себе носи толку спомени, енергија, љубов и едно ѕвездено небо…“Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Во реката Ветерница која тече низ Лесковaц, рибарот Драган Михајловиќ улови Пирана тешка 900 грама и 35 см долга.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 09:54
•
Posted by: MK News
Околу 250 работници на бродоградилиште упаднаа во зградата на Министерството за одбрана во центарот на Атина. Работниците протестираат бидејќи со месеци не зеле плата, а извршуваат работи за војската.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Еден од најголемите заштитни знаци на градот Тетово е ГЖМХ “Менада” . Тетовските девојки деновиве се најдоа на пиедесталот на најдобрите хорски групи не само во Европа туку и во целиот свет.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 08:07
•
Posted by: MK News
Главоболката знае да се појави од нигде никаде – а народски се вели ме заболе глава од ништо – но не е сосема така.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 07:51
•
Posted by: MK News
Песната “Love Me Do”, првиот сингл на Битлси кој ја означи револуцијата во музиката слави 50 години. Коавтори на песната се Џон Ленон и Пол Макартни и беше првиот хит за легендарната четворка.
______________________________________________________________________________________________________
05/10/2012 07:28
•
Posted by: MK News
Во Македонија ке биде сончево, топло и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар.