12/01/2019 09:04
•
Posted by: MK News
Европратеникот од Либералите, Иво Вајгл, во изјава за МИА им честиташе на пратениците, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој порача дека со гласањето на потребните измени за Преспанскиот Договор во Македонија, а потоа, се надева и во Грција, Европската унија „треба да ги отвори преговорите со Северна Македонија во јуни оваа година, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2019 03:54
•
Posted by: MK News
Итно распуштање на Собранието и предвремени избори согласно прижинскиот договор. Вакво барање до власта испорача опозицискиот лидер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски порача дека за ВМРО-ДПМНЕ промената на уставното име и македонскиот идентитет претставува чин на предавство, а целата процедура ја прогласи за нелегитимна Како ВМРО-ДПМНЕ ќе делува во иднина Мицкоски не […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 19:00
•
Posted by: MK News
Изгласани уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа во третата и финална фаза, откако претходно договор беше постигнат околу барањата на Беса на Биљал Касами. Со 81 глас „за“, македонското Собрание ги усвои амандманите на четири члена од Уставот и со тоа го прифати договорот за името со Грција. Откако парламентот во Атина ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:53
•
Posted by: MK News
Пратениците во Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на 75. седница ги утврдија предлог амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија, по што треба да почне донесувањето на амандманите. Пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани. Џафери отвори претрес за амандманот на осумте […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:39
•
Posted by: MK News
Со 70 гласа против Собранието го отфрли предлог-амандманот предложен од осумтемина пратеници од Коалицијата за подобра Македонија Во образложувањето на еден од амандманите на уставните амандмани предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ Со 9 гласа за и 70 против, не помина амандманот на осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Амандманот на независната пратеничка […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:37
•
Posted by: MK News
Извикувајќи предавници околу стотина граѓани протестираат против уставните измени додека во Собранието на Република Македонија започна 75-та седница. Од импровизираната бина се читаат имињата на сите 80 пратеници кои треба да гласаат за уставните амандмани и прифаќање на Договорот од Преспа. Протестот пред Собранието против уставните измени започна во 12 часот во организација на здруженијата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:36
•
Posted by: MK News
Собранието го усвои видоизменетиот амандман на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, предложен од Алијансата за Албанците. – Со овој амандман се подобри преамбулата на Уставот. Зборовите „како и граѓаните кои живеат во границите на државата“ остава впечатокот како тие времено да се овде. Амандманот не е прифатен, но е прифатен видоизменет амандман. Преамбулата на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:15
•
Posted by: MK News
Следете ВО ЖИВО: Протест пред Собрание за време на собраниската седница Видео – МИА
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:09
•
Posted by: MK News
Елизабета Канчевска Милевска рече дека жали што ВМРО-ДПМНЕ не се на собраниската седница за да ги образложи нивните аргументи. – Заев ќе го води сенка оти велеше дека нема да го менува уставното име, но и раководството на ВМРО-ДПМНE да не се служи со лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најсрамниот пат да не […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:07
•
Posted by: MK News
НАУЗЕЈА! Паметете го овој ден – Црн петок! Не ни се криви ни Албанци, ни Грци, ни Бугари. Македонците се самоукинуваат, со уставот со кој треба да конституираат држава. Отсега да бидеш Македонец, да јавно да зборуваш за Македонија, станува чин на герилска акција, на херојство и бунт! Она за што гинеле и во зандани […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:04
•
Posted by: MK News
Беса на Биљал Касами и Владата успеале да најдат решение во текот на преговорите за два амандмана директно поврзани со Договорот од Преспа во однос на дијаспората и дефинирањето на државјанството, а за другите две точки кои не се директно поврзани со Договорот ќе се расправа понатаму. Во делот за дијаспората, како што посочи денеска […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 18:02
•
Posted by: MK News
Продолжи седницата за уставните измени и менувањето на името во Северна Македонија.. Последната информација од Владата е дека е обезбедено мнозинството На овој линк следете ја седницата во живо http://play.mrt.com.mk/live/44
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 17:58
•
Posted by: MK News
Тело на мртов маж е најдено на паркингот кај стара последна 5-ка во Ново Лисиче, информира телевизија Телма. Телото е откриено во 17.15 часот. Мажот е струполен и се наоѓа зад автомобил паркиран на обележаните места.Првичните сознанија се дека станува збор за жител на соседната зграда. Полицајци пристигнаа на терен и се очекува и крим техника […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 17:56
•
Posted by: MK News
Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги поддржат уставните измени и се надеваат дека е можно тие да биде изгласани уште вечерва. Во преговорите со власта, како што соопшти вечерва на прес-конференција во Собранието, пратеничката Емилија Александрова, успеале да ги одбранат македонските национални интереси. -Покрај веќе утврдените амандмани на Уставот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 17:53
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави видео на својот Фејсбук профил, со кое му порачува на Заев дека сето ова што го прави, ќе остане запишано. „Кога не знаеш зошто се случува ова синко, да знаеш за пусти пари го продаде својот народ. За власт, за моќ, за функции. И затоа денес ги нема парите, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 17:53
•
Posted by: MK News
Пленарната седница за уставни промени продолжиоткако беше постигнат договор помеѓу премиерот Зоран Заев и движењето Беса. Со над 80 гласа, меѓу кои и оние на новата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и колацијата, но и Беса се очекува да бидат изгласани Уставните измени.
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 17:50
•
Posted by: MK News
Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот, соопштуваат од Владата. „Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/01/2019 15:38
•
Posted by: MK News
Дваесет и четиригодишната Јована Миленковиќ, која вчера беше тешко повредена откако автобус и автомобил се судрија кај Крушевац, починала сабајлево во болница. Како што пренесува „Курир.рс“, нејзиното бебе, кое после несреќата било родено со царски рез, се уште е во критична состојба. Тоа после реанимацијата било приклучено на апарати за дишење и неговата здравствена состојба […]
______________________________________________________________________________________________________