Archive by Author

Мицотакис: Дадовме македонски јазик и идентитет без да добиеме нешто за возврат

Кое беше постојаното барање на скопската страна, поважно и од името? Македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ние го дадовме тоа и го дадовме без во суштина да добиеме нешто за возврат и ова е длабоко загрижувачко, бидејќи се поврзува со скопскиот идредентизам, вели претседателот на Нова демократија Киријакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Алфа“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Одбиено барањето за изземање на Јанева, Груевски не дојде во Апелација

– Поднесеното барање од адвокатите на Никола Груевски за изземање на специајлната јавна обвинителка Катица Јанева е одбиено како недозволено, имајќи ги предвид одредбите од ЗКП и од Законот за СЈО. Претседателката на судечкиот совет на Апелацискиот суд Цветанка Периќ рече дека бидејќи барањето за изземање е одбиено, не постојат пречки за продолжување на јавната […]

______________________________________________________________________________________________________

По семејна расправија во Скопје, сопругот ја избодел жената и ја однел во болница

Ноќеска во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена П.В.(52) од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот. Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20,00 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Притвор за ќерката која си ги уби родителите и сестрата

Основниот суд Гостивар и одреди притвор во траење од 48 часа на постарата ќерка на семејството Поцеста Б.П. (28), осомничена дека го застрелала својот татко Агим, мајката Назмие и 14- годишната сестра Анила, во нивната куќа во Дебар. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар до Основното јавно обвинителство против Судот во Гостивар во врска со […]

______________________________________________________________________________________________________

Неофицијално: Пиштолот со кој е убиено семејството Поцеста пронајден на бензинска пумпа во Тетово

Постарата 28 годишна ќерка која живеела во Италија е осомничена дека ги убила нејзината мајка, татко и 14 годишна сестра, велат извори од истрагата за Канал 5. Во јавноста се појавија информации дека таа по тројното убиството заминала во Италија, каде жиевела. За успешно да биде изреализиран крвавиот план ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев на учениците им порача никогаш да не престанат да поставуваат прашања

Премиерот Зоран Заев им посака успех во учењето на сите првачиња на почетокот на учебната година и им порача никогаш да не престанат да поставуваат прашања и секогаш да останат љубопитни и жедни за знаење. Премиерот Заев, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваа на […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошкоски во „Тортура“: Апсењето кај Воденица е настан што сакам да го избришам од мојата меморија

Мене ми е многу жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот. Ова го рече оштетениот Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок. Одговарајќи на […]

______________________________________________________________________________________________________

Од ноќеска горивата поскапуваат

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денари и ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 74 денари за литар. За 1,5 денар се зголемува и цената на Еуродизелот и тој ќе се продава по 64,5 денари за литар. Се зголемува цената […]

______________________________________________________________________________________________________

Собранието ќе ги врати парите што нема ги искористи за кампањата

Владата му префрлила 80 милиони денари на Собранието за кампањата за референдумот, но финансиите наменети за 41 отсто од пратениците ќе бидат неискористени и не може да се пренаменат, информираат од Собранието на Република Македонија. Во соопштението се наведува дека по барањето на Собранието за одобрување на финансиски средства за кампањата за референдумот што ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Меркел в сабота во Скопје

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека германската кацеларка Ангела Меркел в сабота ќе дојде во Скопје, но посочи дека конечната потврда за посетата, според протоколот, треба да ја соопшти германската Влада. – Се надевам дека посетата ќе биде на 8 септември, но конечната потврда треба да ја соопшти Германија, рече Заев одговорајќи на новинарско […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина познатиот македонски режисер

На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Башовски. Првите контакти на Бачовски со филмот датираат од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојува повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Тешко до решение за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово. – Ние ќе продолжиме да нудиме мир и компромисно решение и да бараме она што е можно, реално, правично и рационално за српскиот народ и за српската држава -изјави Вучиќ на отварањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна прогноза: Доаѓа силно невреме на Балканот

Во следните 30-тина часови атмосферата низ целиот регион поточно во соседна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ќе биде многу нестабилна и исполнета со енергија и тоа поради студениот фронт кој се наоѓа над Алпскиот регион и топлиот кој се наоѓа токму над Балканот, смета метеорологот Славчо Попоски. Во државите кој ги набројавме на […]

______________________________________________________________________________________________________

Авион излета од писта во Сочи, 18 повредени

Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство. Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи. Меѓу повредените има и три деца. Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка забременила од лице што ја силувало

На седумнаесетгодиша девојка од Скопје и е констатирана бременост откако пред околу четири до пет месеци врз неа непознато лице извршило обљуба. Според МВР, случајот вчера во полиција го пријавил таткото на девојката. Девојката била пресретната од напаѓачот кај Железничката станица, по што тој ја внел во возило и ја силувал. Таткото за овој немил […]

______________________________________________________________________________________________________

Познатата 20 годишна блогерка пронајдена мртва во Грција

Блогерката од Австралија, Шинејд МекКамара, пронајдена е мртва во Грција, пишуваат австралиските медиуми. Родениот брат на убавата Инстаграм ѕвезда Џејк МекНамара ја потврди веста за медиумите со соопштение во кое стои дека „ги примил најлошите вести во животот“. Сепак, причината за смрта на младата манекенка не е откриена. Шинејд имала само 20 години. Последните година […]

______________________________________________________________________________________________________

Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот

Во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничката болница-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена В.М.(49) од Тетово со повреди од остар предмет во пределот на градите, вратот, грбот и дланките. Поради сериозноста на повредите истата била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и била задржана на понатамошно лекување. По кратко време во полициска […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски се сретна со лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со лидерите на политичките партии кои се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“. Главна тема на средбата беше претстојниот референдум и позициите на партиите во однос на ова прашање. Доминираше ставот дека договорот потпишан во Нивици со соседна Република Грција е капитулантски чин и предизвикува долгорочна штета по […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1