04/08/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Здружението за Голи оток „Анте Земљар“ упати отворено писмо до политичкиот врв на Хрватска, со кое изразува протест поради тоа што меѓу 100-те недвижнини, за кои хрватската држава бара инвеститори се најде и Голи оток, и бара на местото на југословенскиот логор да се изгради спомен-обележје, пишува српски Курир -Судбината на Голи оток не смее […]
______________________________________________________________________________________________________
04/08/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Лавдрим Мухаџери, 25-годишен џихадист од Косово, кој неодамна на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа како му ја отсекува главата на млад Сириец, изјави дека не направил ништо поинакво од она што за време на војната го правеле припадниците на ОВК, пренесува приштинскиот весник “Експрес”. Во интервјуто за весникот “Дита” од Тирана, Мухаџери […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 18:32
•
Posted by: MK News
Ниту осмиот ден од исчезнувањето на 15-годишната Тијана Јуриќ никој не знае каде е девојчето и не постојат докази дека ноќта меѓу 25. и 26. јули ја поминала границата со Унгарија. Нејзините родители биле на местото каде е идентификуван сигналот од нејзиниот мобилен телефон, два километри покрај границата, но дали таму била и Тијана, не […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 18:29
•
Posted by: MK News
Од зоолошката градина во бугарскиот град Ловеч денеска побегна јагуар, соопшти полицијата Областа околу ЗОО градината е блокирана, а посетителите се евакуирани. Градоначалникот на Ловеч Минчо Казанџиев изјави дека јагуарот се наоѓа во близина на зоолошката градина и ги повика ловците да помогнат за негово успивање. Јагуарот е трета по големина мачка, после тигарот и […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 15:53
•
Posted by: MK News
Поплавите во бугарскиот град Мизија зедоа две жртви, а спасувачките тимови евакуираа повеќе од 500 лица, откако синоќа надојде реката Скут, која минува низ градот, јавува бугарската новинска агенција БТА Спасувачките тимови утрово го пронајдоа безживотното тело на возрасна жителка на градот во нејзиниот дом, а претходно беше најдено телото и на 60-годишен маж, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 11:38
•
Posted by: MK News
Телата на осуммесечниот Андрија Маринковиќ и неговиот чичко Никола Маринковиќ, кои во понеделникот загинаа во тешката сообраќајна несреќа кај Удово, пренесени се од Скопје во Чуприја и денеска ќе бидат заедно погребани. -После завршената обдукција и административните процедури, Андрија и Никола се донесени во Чуприја. Сандаците со нивните посмртни остатоци најпрво беа во капела, а […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Легендата на југословенската кошарка, актуелниот претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац е итно опериран во Белград, по што според лекарите се наоѓа во стабилна состојба. Дивац е примен во болницата по силни болки во пределот на стомакот, а итната операција била направена од шефот на медицинскиот тим на Олимпискиот тим на Србија, др. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2014 19:30
•
Posted by: MK News
Пред неколку дена во еден познат рибен ресторан каде што јадел Премиерот келнерите направиле страшна грешка. Откако јадел с ја побарал сметката да ја плати, келнерите наместо да му донесат фискална сметка на премиерот му донеле ,,предсметка,, која не се внесува во системот и на која не се плаќа ДДВ. Премиерот Александар Вучиќ бурно реагирал […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 20:29
•
Posted by: MK News
Најлошо било во областа на Ниш, каде што е објавено и предупредување дека се очекуваат многу опасни временски појави, кои би можеле да предизвикаат голема материјална штета и опасност за безбедноста на луѓето и животните, поради што сите служби во градот се во состојба на готовност. Предупредувањето за невремето вчера, прекинувајќи го официјалниот протокол на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 13:31
•
Posted by: MK News
Катарина Зариќ (16) со која семејството и пријателите последните пет дена немале никаков контакт, е пронајдена во стан на свој другар во Пожаревац, објавува „Новости“. Девојчето во придружба на мајката е донесена во просториите на полицијата во овој град, каде треба да раскаже се во врска со своето мистериозно исчезнување. Нејзниното исчезнување ги пријавила нејзината […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 12:40
•
Posted by: MK News
Повеќе хотелиери од Халкидики пред своите објекти, меѓу другите, истакнале и македонско знаме, што ги разлути нивните сограѓани и предизвика остри реакции од некои грчки организации. Националистичкиот информативен портал „Њузбомб“, на пример, пишува дека „приморските градови во северниот дел на Грција се преплавени од туристи од соседната земја кои провоцираат со налепници МК на своите автомобили, […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Иако остава впечаток на нежна дама, Јелена Ристиќ уште како мала во себе си ги зацртала своите животни приоритети. Сакала да студира во странство, што и се остварило, но за да им олесни на своите родители, работела во обложувалница и како промотерка. Веројатно таа упорност е причината што на далечина успеа да ја одржи врската […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Громовите кои ја опустошија Балканот и се забележани во неверојатно голем број во Хрватска, Србија и Црна Гора се и до трипати повеќе отколку во последните години – Олуите во последните две години се малку поретки, но грмотевиците се посилни и поекстремни – вели инженер Бојан Франц од факултетот за електроника и сметководство. Тој и колегите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Потрагата за Тијана трае 6 дена. Јавноста беше згрозена од Фејсбук страницата на која наводно се јавија нејзините киднапери кои бараат откуп. -Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите […]
______________________________________________________________________________________________________
01/08/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Катарина Зариќ (16) од Кула во саботата околу 18 часот отишла на роденден во Костолац, но никогаш не се вратила. Полицијата е алармирана, а по неа секојдневно трагаат нејзините мајка и брат. „Бидејќи не се врати од роденденот, син ми и јас почнавме да ја бараме. Го пријавивме нејзиното исчезнување во полиција, а тие тргнаа […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 13:32
•
Posted by: MK News
Минатата ноќ на социјалната мрежа Фејсбук е направена група „Тијана Јуриќ-Како да се дојде до неа?“. -Сакаме во замена за Тијана Јуриќ еден милион динари, таа моментално се наоѓа на безбедно место, ако во рок од 7 дена не ги добиеме парите, полека ќе почнеме да ја мачиме. Парите треба да бидат уплатени преку на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 12:47
•
Posted by: MK News
Татко и две деца загинале во тешка сообраќајка. Утрово нешто пред 8 часот на Јадранската магистрала во близина на Дубровник се случила страшна сообраќајка, во која животот го загубиле татко и две деца. Според првичните и се уште неофицијални информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми, во сообраќајката учествувале автомобил со британски регистарски таблички и камион […]
______________________________________________________________________________________________________
31/07/2014 12:36
•
Posted by: MK News
Еден од најголемите весници во Турција, „Милијет“, како и ТВ станицата „Си-Ен-Ен Турк“ наседнале на лажната вест која се пронела низ интернет дека најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, ќе ја промени верата поради збиднувањата во Газа и ќе стане муслиман. По информацијата која на таа тема ја пласирал еден шеговит интернет сајт, со неверојатна […]
______________________________________________________________________________________________________