28/12/2013 13:04
•
Posted by: MK News
Залутан куршум погоди малолетничка во Бутел. Несреќата се случила вчера во 18:30 часот. Според првичните информации, куршумот влегол во прозор од куќа на улица „Петар Манџуков“ . За среќа, девојчето не е потешко повредено. Како што неофицијално дознаваме, се здобила со изгореници од куршумот кој допрел до нејзиното тело.
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2013 23:24
•
Posted by: MK News
Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот Партизански одреди. Според неофицијални информации, несреќата се случила околу 21 часот кога автомобил удрил во тинејџерка кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во Карпош 2. Според првичните неофицијални информации до кои дојде Курир, на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички удрил […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2013 22:01
•
Posted by: MK News
Млада девојка вечерва е прегазена од автомобил на булеварот Партизански одреди во Скопје, јавува Нетпрес. Несреќата, според неофицијални информации, се случила околу 21 часот кога автомобилот удрил во тинејџерка кај бензинската пумпа „Макпетрол“ во Карпош 2. Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила на раскрсницата од булеварите Партизански одреди и Октомвриска револуција кога автомобил […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2013 11:47
•
Posted by: MK News
За само четири месеци на три различни локации во Скопје беа извршени три убиства, а истрагите кои се водат како да тапкаат во место. Цел на убијците беа главно бизнисмени, но многу е веројатно дека тие се извршени од различни побуди и мотиви. Серијата убиства почна во почетокот на август кога во службените простории на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2013 16:50
•
Posted by: MK News
45 – годишниот лекар и 29 годишната специјализантка од Клиниката за уво, нос и грло вчера се фатени на дело со парите. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР на РМ на вчера (23.12) реализираше случај на примање поткуп, за што се осомничени лицата Ј.Н (45) од Скопје, вработен како доктор на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2013 12:15
•
Posted by: MK News
Македонската полиција открила најмалку 20 икони кај Ѓерѓ Тимо, албански државјанин, за кој се смета дека се со потекло од македонските цркви. Експертите од Македонија откако ги разгледале иконите кои биле одземени од колекцијата на Тимо и убедени се дека овие икони се украдени од црквите во земјава, пишува албанскиот весник „Шекули”. Сепак за да […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2013 20:30
•
Posted by: MK News
Уапсени двајца лекари од Клиниката за Уво нос и грло. Според неофицијални информации на Сител од Клинички попладнево полицијата ги фатила како примаат поткуп. Ги пријавил пациент. Обележани пари биле најдени кај професор и специјализантка вработени на клиниката, дознава Сител. Од МВР сеуште не ја потврдуваат информацијата. Неофицијално доцна вечерва бил извршен претрес на Уво […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2013 19:34
•
Posted by: MK News
Двајца доктори вечера се уапсени во Скопје, дознава Press24 од болнички извори. -Според нашите информации полицијата ги фатила како примаат поткуп. Од МВР се уште не ја потврдуваат оваа информација. Нашите извори велат дека станува збор за професор доктор и специјализант од Клиниката за уво нос и грло, пишува порталот.
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Македонка е задржана во Ургентниот центар во Белград, уште еден Македонец е полесно повреден во двата верижни судира што се случија вчера утрото поради густата магла на автопатот Белград-Загреб. Во судирот, во кој учествувале 36 возила од Германија, Швајцарија, Македонија и од Бугарија, загинале двајца, а десетици биле повредени. Државјанка на Македонија, која има 48 […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2013 16:06
•
Posted by: MK News
На 20.12.2013 година околу 02,30 часот во Скопје на ул.„Цветан Димов“ опожарени се две ПМВ, „голф“ со скопски регистарски ознаки сопственост на О.Н. од Скопје и „опел вектра“со скопски регистарски ознаки сопственост на Х.Р.(39). Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за настанување на опожарувањето – стои во полицискиот билтен.
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2013 15:59
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајна несреќа во која две девојки загинаа, а две момчиња се повредени, се случила утринава околу 4:40 часот на патот Струмица-Валандово. Полицијата информира дека несреќата се случила кога 25-годишниот П.К. од гевгелиско Негорци кој управувал со „Опел Вектра“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и паднал во провалија. Нада М. (25) од Негорци […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2013 14:02
•
Posted by: MK News
Како што информира полицијата, осомничениот Н.М. веднаш по грозоморниот чин е приведен и одреден му е 30 – дневен притвор. 49 – годишниот кичевец пред два дена го повикал девојчето во неговиот дом. Потоа со леплива лента и ја врзал устата и почнал да ја бакнува и да ја допира по телото. Полицијата од Кичево […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2013 12:31
•
Posted by: MK News
Автомобил „рено“ утринава околу 8 часот се запали пред салонот „Маккар“ на улицата „Скупи“ во Скопје, која е позната по тоа што на неа се најголемиот број салони на македонските импортери на автомобили, јави „Телеграф“. Според пријавата во Министерството за внатрешни работи, З.Д. утрово во 8:10 часот пријавил дека автомобилот „рено 19“ се запалил додека […]
______________________________________________________________________________________________________
20/12/2013 12:29
•
Posted by: MK News
Во тешка сообраќајна несреќа синоќа, во близина на Винковац, Хрватска, загина 57-годишен возач на камион од Македонија и 37- годишен возач на „опел астра”, јавува хрватскиот сајт 24 сата, пренесува Република. Како што службено потврдила хрватската полиција, страотната несреќа се случила при разминување на камионот со македонски регистарски таблички и камион со српски регистарски таблички, […]
______________________________________________________________________________________________________
18/12/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Грабежот се случил вчера околу 17 часот. Полицијата трага по тројцата насилници. Без 2.600 евра и 2500 денари останала брачна двојка од Тетово по вчерашниот грабеж во нивниот дом на улицата „Гоце Делчев“. Ккао што информираше полицијата, тројцата крадци, од кои едниот бил маскиран, влегле во нивната куќа и ги нападнале. Откако ги совладале,им ги […]
______________________________________________________________________________________________________
17/12/2013 23:13
•
Posted by: MK News
Полицијата вечерва повторно апси и врши претреси во Велес, дознава Пресс24. Приведени се неколку лица кои според неофицијални информации биле дел од криминална група која се занимавала со шверц на дрога. Запленети се и над 100 килограми марихуана. Групата била организирана и поседувала посебен камион кој бил користен за шверцот. Сеуште нема информација од надлежните, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2013 16:07
•
Posted by: MK News
На локалниот пат Долно Лисиче-Драчево во близина на железнички премин околу 21 часот дошло до страотна сообраќајна незгода кога автомобил марка „лада самара“ удрил во бандера. Според податоците, со автомобилот управувал 29-годишниот Ф.М, а во него се наоѓале и 26-годишниот И.М. 41-годишниот А.С. 36-годишниот Н.С. и 20-годишниот Д.М. кои се роднини. Сите пет лица се […]
______________________________________________________________________________________________________
16/12/2013 16:06
•
Posted by: MK News
Непознати сторители ноќеска ја ограбиле продавницата на „Т-мобиле“ што се наоѓа во средишниот дел на чаршијата во Охрид. Кражбата била пријавена утрово во полицијата, а во утринските часови е извршен увид на местото на настанот. Во тек се активности за пронаоѓање на сторителите. Според првичните информации, продавницата била обиена, а плен на крадците биле мобилни […]
______________________________________________________________________________________________________