20/01/2014 19:17
•
Posted by: MK News
Попладневно горел автомобил на булеварот Илинден во центарот Скопје, пред пензионерскиот дом „Карпош“. Според првичните информации станува збор за „рено меган“. Од противпожарната единица потврдија дека пожарот е локализиран и спречена поголема несреќа. Командираот Благоја Менковски истакна дека на терен биле две возила, а пожарот бил пријавен пред околу половина час. Повредени нема, а од Министерството за […]
______________________________________________________________________________________________________
19/01/2014 18:37
•
Posted by: MK News
Татко и син се убиени претпладнево во скопски Чаир. Убиството се случило околу 11 часот на улицата „Рифат Бурчевиќ“. Дваесет и седум годишниот Мустафа Ајридини и неговиот татко Алајдин Ајридини(56) биле убиени од страна на Шукри Т. (52) на прагот на неговата куќа. Таткото и синот заради претходна расправија со Шукри дошле до неговата куќа и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2014 13:29
•
Posted by: MK News
Тешка сообраќајка се случила утрово нешто после полноќ во центарот на Скопје. Како што јавува Press24, „џип“ со бугарски регистерски таблички влегол во спротивната насока и директно удрил во возило марка Рено Меган. Од ударот повредени се 4 лица кои според очевидци, веднаш се префрлени во Ургентниот центар. Тие велат дека возачот на џипот бил под […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Вчера во непосредна близина до Кеон Парк станицата се случило трагедија каде животот го изгубил 19 годишен Македонец, јавува falanga.com.au -Името и презимето нам на редакцијата ни е познато но поради оправдани причини каде во тек е истрага за случајот нема да го објавиме. Несреќата се случила околу 6.15 часот изутрина. После несреќата сите патници на релација […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 21:46
•
Posted by: MK News
Мртов маж попладнево околу 18 часот бил пронајден во толаетот на скопскиот Градски трговски центар. Во Брза помош било пријавено дека се уште неидентификуван маж, лажи мртов во толаетот на трговскиот. Екипа на Брзата помош веднаш пристигнала на местото, но можела само да констатира смрт, јавува Сител. Според првичните и се уште неофицијални информации, на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 19:53
•
Posted by: MK News
Пазарен инспектор делел закани. Попладнево доби лисици на рацете. Полицијата го уапси на неговото работно место по пријава од фирма за компјутери од Скопје. За злоупотреба на службената положба инспекторот ќе заработи кривична пријава, јавува Сител. Користејки ја позицијата, а со намера да му погне на својот пријател заминал со него во фирмата од која […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2014 15:46
•
Posted by: MK News
Струшката противпожарна единица го спаси Б.Џ. кој скокнал во водите на Охридското Езеро во близина на „Женска плажа“ во Струга. Настанот се случил вчера, пишува Вест. – Случајот беше пријавен кај нас од полицијата околу 17 часот и 40 минути, по што екипа од четворица пожарникари се упати на лице место. Дел од нив влегоа во водата […]
______________________________________________________________________________________________________
16/01/2014 10:32
•
Posted by: MK News
Возот што сообраќал на релацијата Скопје – Кичево удрил во маж, кој починал на самото место. Несреќата се случила на железничка постојка кај скопска Железарница. Во СВР Скопје случајот бил пријавен изутрината во 8 часот и 30 минутри. Оттаму ја потврдија информацијата за Македонската телевизија. Полицијата на терен ги испитува деталите како се случила несреќата.
______________________________________________________________________________________________________
13/01/2014 13:54
•
Posted by: MK News
Во Пробиштип изгоре дел од хотелот „Црешово топче“ што се наоѓа во центарот на градот. Во пожарот нема повредени. Огнената стихија се случила околу 2 часот утрово. Пожарот почнал најпрво да се шири од кујната и зафатил дел од спратот и кровната конструкција на хотелот, јавува Миа. Според првичните информации, во помош на пожарникарите од […]
______________________________________________________________________________________________________
12/01/2014 17:36
•
Posted by: MK News
Во 06 часот и 30 минути утринава било пријавено дека избувнал пожар во куќата на познатиот македонски режисер Милчо Манчевски на улицата Димитрие Туцовиќ во Скопје. На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари кои се справувале со пламените јазици кои избувнале во подрумските простории на куќата на Манчевски. Најверојатно, причина за настанувањето […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 17:43
•
Posted by: MK News
Актулениот директор на „Македонија пат“ 52-годишниот Гајур Кадриу заврши во болница откако го нападна 63-годишниот Вулнет Палоши, поранешен директор на Фондот за патишта и неговиот син 22-годишниот В.П. Според информациите од Министерството за внатрешни работи,инцидентот го започнал професорот Палоши, кој почнал да го удира Кадриу со тупаници и клоци, а во нападот подоцна му се […]
______________________________________________________________________________________________________
10/01/2014 09:40
•
Posted by: MK News
Направил најмалку 5 кривични дела за помалку од 3 часа пред полицијата да успее да го уапси. 14 годишен скопјанец им режираше вистински хорор филм на своите соседи и на полицајците. Сторијата од истрагата која ја објави порталот Пресс24 е навистина вчудоневидувачка. Малолетниот драчевчанец синоќа сценариото го започнал со напад на 85 годишна старица во […]
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Македонскиот државјанин Реџеп Д. (24) од италијанскиот град Тренто измамил локален свештеник од кого зел 35.000 евра за изградба на куќа и бар, но парите ги потрошил поради што добил кривична пријава за измама, пишуваат тамошните медиуми. Измамникот ја искористил добродушноста на еден од најпознатите свештеници во овој дел од Италија, Дон Фјоренцо Kијасера (73) […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2014 11:19
•
Posted by: MK News
Три лица се повредени при судир на „шевролет спарк“ и „фиат пунто“ денеска околу 9,30 часот на крстосницата помеѓу булевар Партизански одреди и булевар Октомвриска револуција, јавува Нова Македонија. Според изјави на очевидците, до судирот дошло додека семафорите биле исклучени поради поминување на возила под придружба, а од силината на ударот дошло до превртување на […]
______________________________________________________________________________________________________
07/01/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Еден македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа на патот Суботица- Белград, соопшти денеска новосадската полиција, пренесува Блиц. С.М. (46) со автомобил марка “фолксваген“ излетал од патот, удрил во заштитната ограда, па во бетонски столб, по што им подлегнал на повредите. Во несреќата која се случила вчера, полесно се повредени двајца патници, кои биле со него […]
______________________________________________________________________________________________________
06/01/2014 21:30
•
Posted by: MK News
Синоќа во 21,30 часот во Скопје на ул.„Ѓеорги Капчев“, дваесет и девет годишниот М.Б. и пет години постариот С.Б. физички го нападнале С.В., при што со нож му нанеле убодна рана во пределот на градите. На С.В. му е укажана лекарска помош во ГОБ „Наум Охридски“-Скопје, каде е констатирана телесна повреда. М.Б. и С.Б. се […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2014 17:04
•
Posted by: MK News
Околу 14,30 часот се самоуби екс судијата Бојчо Весов. Тој според неофицијалните информации го сторил со пиштол, во неговиот дом, пренесува локалниот портал tirekovmirece.com. Кога дошле екипите на Итната помош, веќе било доцна, Весов бил починат. Екипите на СВР Велес се на местото на настанот по што ќе излезат со официјална информација. Тој до пролетта […]
______________________________________________________________________________________________________
05/01/2014 16:55
•
Posted by: MK News
Вчера околу 03,00 часот Д.О.(34) од Битола бил повикан од Б.Н, Л.Н и М.С., сите од Битола на ул.„Сремска Митровица“, со цел да поразговараат. По кратко време физички го нападнале нанесувајќи му повреди по главата и телото, по што паднал во бесознание. Потоа го ставиле во када со ладна вода, но откако виделе дека не […]
______________________________________________________________________________________________________