Archive | Македонија RSS feed for this section

Ова е бугарскиот новинар кој побарал македонско државјанство разочаран од Бугарија

Според фотографијата што ја објави Миа ова е бугарскиот новинар дописник на Би-Би-Си кој побарал македонско државјанство. Разочаран од животот во Бугарија, поранешниот дописник на радио Би-Би-Си во Софија Христо Казашки избрал нестандардна форма на протест и одлучил да побара македонско државјанство, објавија бугарските и грчките медиуми. – Изгубив верба дека во блиска иднина Бугарија […]

______________________________________________________________________________________________________

Сакате да работите во МВР за без пaри – Еве кој може и како да аплицира за волонтирање

Министерството за внатрешни работи, врз основа на Програмата за волонтирање за 2013 година, има потреба од ангажирање на волонтери, дипломирани економисти и дипломирани правници, поради што објавува, објави Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во МВР. Притоа, на јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани кандидати – исклучиво студенти во завршна година на студирање […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поевтинуваат од полноќ

Горивата од полноќ ќе се точат по поевтина цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите, имајќи ги предвид курсот на денарот во однос на доларот и цената на суровата нафта на светските пазари, одлучија да ја намалат цената на горивата за еден денар. Според одлуката, Еуросупер БС – 95 од полноќ ќе се точи […]

______________________________________________________________________________________________________

Бугарскиот дописник за BBC бара македонско државјанство

Грчките медиуми објавуваат дека дописникот на Бугарија за радио Би-Би-Си побарал македонско државјанство. Разочаран од животот во Бугарија, поранешниот дописник на радио Би-Би-Си во Софија Христо Казашки избрал нестандардна форма на протест и одлучил да побара македонско државјанство, објавуваат бугарските и грчките медиуми, пренесува Прес24. – Изгубив верба дека во блиска иднина Бугарија ја очекуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Питачи од цела Македонија го окупираа Охрид

СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, викендов презеде плански мерки  за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење. Воедно, контрола беше извршена и кај приватни станоиздавачи каде непријавени се сместуваат лица од други градови и подрачја. Акцијата имаше и […]

______________________________________________________________________________________________________

Aло УЈП – Сестра ми го крие богатството на македонската кралица Kлеопатра

Сакам да ја пријавам сестра ми. Цел живот немаше пари, одеднаш по смртта на мажот ~ има станови и куќи. Барам државата да ми објасни од каде ~ се парите. А ако и се од, како што сонував, богатството на Kлеопатра, кралицата македонска, земете и го. Тоа и припаѓа на Република Македонија. Откако се објаснија дека нема основа […]

______________________________________________________________________________________________________

Вознемирувачко видео: Битолчанец си го фрли кучето од прозор

Видео запис од загрижени граѓани на Битола беше испратено до редакцијата на Курир. Тие објавуваат снимка од нивниот сосед кој го нарекуваат монструм. Според описот на видеото и она што може да се види, битолчанецот најпрво го претепува своето куче, а подоцна го фрла преку прозор. Сограѓаните се згрозени од ваквиот чин и ги повикуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

КОЈ МОЌЕН МАКЕДОНСКИ КРАЛ Е ПОГРЕБАН КАЈ БОНЧЕ? (ВИДЕО/ФОТО)

археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј” го истражуваат археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче. Според наодите најдена е кралска гробница уникатна во светски рамки, вели доцент доктор Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија, пренесува Курир. Гробницата има кружен […]

______________________________________________________________________________________________________

Брзата помош не ни е баш брза – кој зема упат од матичен за да оди ноќе во брза помош?

Еден скопјанец имал навистина непријатно искуство со брзата помош – ноќната служба во  „8-ми септември“ (стара Воена Болница). Освен што посведочел како навистина болни чекаат по неколку часа за да им се укаѓе помош, тој бил изненаден кога во целата паника и страв – впрочем затоа и се оди во брза помош ноќе – на глава […]

______________________________________________________________________________________________________

Колкаво е богатството на МПЦ?

Во македонските цркви се слеваат огромни пари по разни основи. Дали религиските организации станаа економски институции? на оваа тема пишува порталот фактор. Евангелие по Матеј, Библија Нов Завет „Не собирајте богатства на земјата, кадешто ги јаде молецот и рѓата и кадешто крадците ги поткопуваат и крадат, но собирајте си богатства на небото, кадешто ни молец, […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Македонија има 35 мултимилионери

Во Македонија има 35 мултимилионери кои вкупно тежат 4 милијарди долари (билиони долари), покажува годишниот извештај World Ultra Wealth Report 2012-2013, (WUWR) , со што бројката на најбогати Македонци не се промени од минатата година. Според критериумите на WUWR, во категоријата мултимилионери влегуваат сите чие богатство се проценува на повеќе од 30 милиони долари. Хрватска е […]

______________________________________________________________________________________________________

Лекари си оделе дома кога сакаат

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) во петокот извршил контрола во неколку јавни здравствени установи и во неколку од нив открил дека дел од вработените, но и од менаџерскиот тим не го почитувале работното време и заминувале кога сакаат. Контролата била извршена во петокот во периодот од 14 до 15.30 часот, а тимови на ДЗСИ […]

______________________________________________________________________________________________________

Жерновски вработил 23 свои луѓе

ВМРО-ДПМНЕ го обвини градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, дека приоритет не му се граѓаните и нивните потреби, туку неговите и интересите на неговите сопартијци. „Андреј Жерновски се’ уште нема направено ниту еден значаен проект за граѓаните на Центар, но тоа не му пречеше во Општината да вработи 23 свои сопартијци. Впрочем, затоа парите што беа […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукна водоводна цевка, Кичево поплавено, кичевчани без вода

Поради пукање на водоводна цевка на Булеварот Ослободување, поголемиот дел на Кичево во вечерните часови остана без вода за пиење По дефектот повеќето улици во центарот наКичево за кратко време се претворија во вистински реки. Граѓаните на Кичево последнава година се навикнаа на честите проблеми од немање вода за пиење , така што и овој […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОБЕДА: Македонија оди на Европското ракометно првенство во Данска

Македонија оди на Европското ракометно првенство во Данска, следната година. Нашата репрезентација ја победи Португалија со резултат 26 – 19, (14 – 10 на полувреме). Најефикасен во македонската репрезентација беше Кире Лазаров со девет погодоци, Миркуловски постигна седум гола. Борко Ристовски на голот имаше 13 одбрани.

______________________________________________________________________________________________________

И Македонец во Гуча – ќе се натпреварува за прва труба

Пехчево се подготвува за македонската Гуча. Годинава македонскиот претставник на фестивалот кој е синонимот за трубата и лудата забава на Балканот, Гуча, ќе се бира на Фестивалот на дувачки инструменти во Пехчево. На единствениот фестивал во Македонија посветен на традицијата на дувачките инструменти кој годинава по трет пат ќе се одржува во Пехчево, веќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија во решавачки дуел со Португалија вечерва – последен меч за великанот Алушевски

Ракометната репрезентација на Македонија само со победа вечерва против селекцијата на Португалија ќе избори пласман на Европското првенство во Данска 2014. Тоа за нашата селекција би бил трет настап на европските шампионати, додека Португалија има веќе пет учества. Избраниците на селекторот Ивица Обрван сами ќе решаваат за својата судбина и дали ќе добијат шанса да […]

______________________________________________________________________________________________________

Откриена е пирамида на Водно (Фото)

Деновиве се појави група на Фејсбук во која се тврди дека е откриена пирамида на Водно. Овој “феномен” во последно време е многу актуелен, поради тоа што секојдневно скоро низ целиот свет се регистрираат многу стари слични градби. Покрај тоа што веќе се снимени неколку прилози за пирамидата во Росоман, свингата кај Селце (Прилепско) и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1