Archive | Македонија RSS feed for this section

ВМРО-ДПМНЕ: Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а власта која ветуваше многу не презема ништо

СДСМ донесе само црнила за државата и граѓаните. Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот. Проблем со загадениот воздух имаат и Битола, Струмица, Кочани, Куманово и други градови, но власта ништо не презема. Ветуваа многу, а не реализираа ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот. Нивото […]

______________________________________________________________________________________________________

Отстранет проблемот со алармот во Кривичниот суд

Отстранет е проблемот со алармниот систем во Кривичниот суд поради што беше пролонгиран почетокот на судењата за „27 април“ и за „Монструм“. Основниот суд Скопје 1 – Скопје, соопшти дека во утринските часови во новата зграда на судот беше пријавен проблем со алармниот систем за кој по извршена проверка се утврди дека се работи за […]

______________________________________________________________________________________________________

Пониски цени за бензините и дизелот од полноќ

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,50, а на дизел горивата за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ЕУРОСУПЕР БС-95 е 61,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), апк, ќе се продава за 58,50, а Екстра лесното масло […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери: Уставните амандмани ќе се гласаат на 15 јануари

Комисиската расправа за амандманите на Уставот кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор ќе започне на 17 декември, пленарната седница на Собрането треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Талат Џафери. -Денеска завршуваат последните две јавни распрви што […]

______________________________________________________________________________________________________

Јаќоски: Петте жртви кај Смилковско езеро се убиени во брз временски период

Со задоцнување од еден ипол час во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Монструм“ на СЈО. Причина за пролонгирањето беше вклучениот аларм во новата зграда на Кривичниот суд. Поради неможноста да се исклучи алармот, беше прекинато снабдувањето со струја во судот. По надминувањето на проблемот, вработените, обвинетите и нивните бранители, кои чекаа пред зградата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Општ закон за амнестија ќе нема

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во наредниот период не се планира носење на закон за општа амнестија. Се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, но, како што наведе, исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи. Тој потврди дека добил писмо од осудениците од Затворот […]

______________________________________________________________________________________________________

Штрајк на затвореници во „Идризово“, бараат амнестија

Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание. Од затворот „Идризово“ за МИА потврдија дека 60-65 проценти од затворениците одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што велат од Управата на затворот, затворениците […]

______________________________________________________________________________________________________

27 април: Сведочење на телохранителот на Чавков

Со сослушување на сведокот Никола Димитриевски, предложен од одбраната на обвинетиот Митко Чавков, почна денешното рочиште во Кривичниот суд за настаните од 27 април лани во македонското Собрание. Димитриевски е вработен во Шестата управа на МВР и на 27 април бил ангажиран како обезбедување на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Во сведочењето, […]

______________________________________________________________________________________________________

Со новиот закон потрошувачите ќе можат да поднесуваат колективни тужби

Потрошувачите не знаат како да си ги заштитат своите права. Никој не се пожалил до Организацијата на потрошувачи откако четири дена Топлана Север не испорачуваше топлинска енергија. Со сегашниот закон, потрошувачите не можат да поднесат колективна тужба против еден трговец. Туку мора да се пожалат во Организацијата на потрошувачи, која потоа го контактира правниот субјект. […]

______________________________________________________________________________________________________

Живо обраќање на Иванов: Сценарио за воена состојба немало во кабинетот

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов попладнево во обраќање во јавноста изјави дека неколку пати предупредил дека стабилноста на Македонија ќе биде загрозена. Вели дека се обраќа за да ги разобличи сите лаги и црни сценарија. „Во кабинетот на претседателот никогаш не се разговарало за прогласување на воена или вонредна состојба“, рече тој. Повика странците да […]

______________________________________________________________________________________________________

Шалтерите на УЈП ќе работат и утре

Даночните шалтери на Управата за јавни приходи утре ќе бидат отворени за граѓаните да може да достават е-ГДП-ПДД за 2018 година. Даночните шалтери ќе бидат отворени од осум до 14 часот. Граѓаните имаат обврска до крајот на годината да се регистрираат во системот е-персонален данок, со цел Управата за јавни приходи да може да ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Новина од УЈП, за да знаеме колку данок треба да платиме, секој ќе треба да ангажира сметководител

Покрај покачените даноци и растот на цените, македонските граѓани од наредната 2019 година ги очекува уштете едно дополнително финансиско оптоварување. пишува Курир.мк За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, најверојатно ќе им треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

Патот Приштина – Скопје денеска и утре затворен за сообраќај

Магистралниот пат од Качаник до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Македонија денеска и утре ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности на автопатот „Арбен Џафери“ што ги поврзува Приштина и Скопје. Министерството за инфраструктура на Косово информира дека патот што ги поврзува Приштина и Скопје денеска ќе биде затворен […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов до Фрчковски: Јас не сум ти, кој си ти е опишано во мемоарите на Глигоров и Андов

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24. Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: Јас нема да ветам чуда, но ќе ветам победа над црнилата од оваа влада

Зачестено пишувам за фактите кои го разголуваат црното владеење на оваа Влада. Но ова за што пишувам денес, не е само статистички податок, туку многу повеќе од тоа, суров факт за болната реалност во нашата земја и како владата ја гуши слободната мисла и крикот на граѓанинот против овие црнила кои надвиснале на нашата земја, […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина актерката Љупка Арсова Џундева

Македонскиот народен театар со голема болка и огромно жалење ја споделува веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во […]

______________________________________________________________________________________________________

Викендов студено, од понеделник промена на времето

Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, […]

______________________________________________________________________________________________________

Владо Јовановски со емотивен статус: Љубиша, уживај во рајот зашто во ова трло живите им завидуваат на мртвите!

Актерот Владо Јовановски со емотивен статус на Фејсбук се збогува од театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра Љубиша Георгиевски, кој почина. -Драг професоре Љубиша Георгиевски, прости ми што дури сега ти пишувам а утринава разбрав за Твоето оправдано физичко отсуство од овој свет. Сигурен […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1