03/07/2017 15:36
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во од 29 јуни до 1 јули, за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршиле 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија. „Притоа, за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:32
•
Posted by: MK News
Почина Тодор Пеливанов, долгогодишен редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Проф.д-р Тодор Пеливанов го познаваат генерации студенти на правните, политичките и студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тој беше припадник на првите генерации на професори кои ги удрија темелите на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:25
•
Posted by: MK News
Напукнати ѕидови и расфрлани предмети од балконите се јасно видливи на фотографиите кој светскиот сервис за известување за земјотреси ги објави во врска со попладневниот земјотрес во Охрид кој беше со јачина од 5 степени и се почувствува дури и во Скопје. Преку социјалните мрежи охриѓани јавуваат дека во домовите им паѓале предмети закачени на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:23
•
Posted by: MK News
Младо момче (22) со иницијали Ј.А. од гостиварското село Градец претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија за Алсат од МВР. Нуркачки тимови го пронашле на 300 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри. Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:19
•
Posted by: MK News
Денеска во 14 часот и 8 минути уште еден земјотрес е регистриран во Македонија. Потресот е со јачина од 3 степени по Рихтер и е регистриран на длабочина од 2 километри. Епицентарот на земјотресот е на 97 километри јужно од Скопје, односно 11 километри северно од Ресен и 9 километри северно од преспанското село Јанковец.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:17
•
Posted by: MK News
Уште два земјотреси, најверојатно „афтер-шокови“ се регистрирани во регионот на епицентарот на најсилниот земјотрес во Охрид од 5 степени. Според информациите, последниот бил регистриран во 14:08 со интензитет од 3 степени според Рихтер. Претходно во 13:47 бил регистриран уште еден земјотрес од 2,4 степени.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:16
•
Posted by: MK News
Претпладне на места значително облачно со услови за локален дожд.Ќе дува засилен ветер од северен правец, долж Повардарието на моменти ќе достигнува брзина од 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ=7 Следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура. Утре повторно ќе дува повремено засилен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:14
•
Posted by: MK News
По трите денешни земјотреси во Охрид, Точно во 13. 18 часот земјотрес го стресе и Скопје. Според грчките сеизмолози пои први го регистрираа земјотесот бил со јачина од 5,1 степен по Рихтер и бил на македонска територија, некаде во охридскиот регион. Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје при ПМФ регистрираа земјотрес со јачина од 5 […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Вчера неколку земјотреси го потресоа Охрид. Најсилниот со јачина од 4 степени според Рихтер се случи во 11.39 часот. Граѓаните на Охрид во изминативе две недели се вознемирени бидејќи на охридското тло се регистрирани повеќе од 800-ни земјотреси. Видеото е снимено вчера во охридски маркет, пренесува охридњуз, погледнете.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:30
•
Posted by: MK News
Во наредните месеци не треба да се очекува драматичен напредок во однос на прашањето за името, туку придвижување на процесот преку засилени контакти меѓу Македонија и Грција, истакна посредникот на ОН во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој додаде дека не дошол со нов предлог, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 12:28
•
Posted by: MK News
Времето денес сончево со умерена облачност, посвежо и ветровито. Претпладне на места значително облачно со услови за локален дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, долж Повардарието на моменти ќе достигнува брзина од 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. УВ=7 Следува период на претежно сончево време со […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:14
•
Posted by: MK News
Далеку од очите на јавноста, длабоко под земја, во темната гаража на Службите за општи и заеднички работи, во гаражата на Македонската телевизија се наоѓа еден од Титовите мерцедеси, модел “600 гросер“. Маршалот и претседател на некогашната СФР Југославија Јосип Броз Тито никогаш не се возеше во него. Новинарската екипа на пoрталот мкд.мк имаше можност […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:02
•
Posted by: MK News
Денес попладне и во вечерните часови од север ќе се спушта посвежа воздушна маса која на повеќе места ќе предизвика нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови. Локално има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе опаѓаат, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 15:56
•
Posted by: MK News
Зготвено месо, сирење, јајца, млеко и млечни производи не се дозволени за внесување во земја која е членка на Европската унија. Затоа царинарниците на границата со Грција ги исфрлаат овие продукти, ако ги најдат кај патниците. Тоа значи дека на море во Грција не смее да се носат виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 15:43
•
Posted by: MK News
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничните премини Богородица и Дојран, каде чекањето за излез е околу час, се наведува во денешната информација објавена на веб страницата на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 15:39
•
Posted by: MK News
Утрово починала П.Т.(78), сопругата на скопјанецот кој вчера пукаше во неа, во неговата ќерка и во неговиот внук, соопшти денеска полицијата. Како што објавивме вчера, во 12.40 часот во Скопје, на улицата „Хо Ши Мин“ во куќата сопственост на П.Т. (84) од засега неутврдени причини тој со својот пиштол „берета“ со калибар 7,65 мм, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 15:33
•
Posted by: MK News
Земјотрес со магнитуда од четири степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладне во 11:39 минути, на 10 километри источно од Охрид, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала, во Ресен и Струга со пет степени, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/06/2017 16:25
•
Posted by: MK News
Во Македонија денеска продира екстремно топол воздушен бран кој продира од северните предели на Африка, објави „Метеомакс“. Најтопло е во централните, јужните и во југоисточните предели па така ова попладне во Кавадарци се измерени дури 43°C. УВ зрачењето има екстремно висока вредност и е со коефициент некаде од 10 до 11.
______________________________________________________________________________________________________