Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев апелира на мирни протести

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ги повика граѓаните мирно да протестираат, а припадниците на полицијата да не употребуваат, како што рече, прекумерна сила врз граѓаните. – Ова се нашите полицајци и ние мора да водиме грижа за нив, но истовремено испраќам порака и до нашите полицајци да не се случува прекумерена употреба на сила […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски до Заев: Додека стојам нема да ти дозволам да дојдеш на власт без поддршка од мнозинството граѓани

Зоран Заев има една и единствена цел да дојде на власт без поддршка на мнозинството граѓани на Македонија. Додека стојам нема да ти го дозволам тоа, ни јас ни народот. И самиот си свесен дека народот сака да заврши кризата, престани да ги организираш хулиганите да го реметат мирот на гражѓаните. Собери еднаш храброст и […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Интересот на СДСМ е во земјава да има анархија, безредие и хаос

Пред два дена ВМРО-ДПМНЕ беше прва партија која јавно реагираше на прес конференцијата на претседателот Иванов во која го искажав својот став. Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денес на прес конференција истакна дека во текот на вчерашниот ден вршеле анализи и консултации, а денес уште еднаш се произнесоа по повод прес конференцијата на претседателот […]

______________________________________________________________________________________________________

Народниот правобранител реагира за попречување на истрагата за приведените во протестите

Народниот правобранител со жалење констатира попречување на работата од страна на службено лице во Полициска станица (ПС) Центар каде по синоќешните протести има и најмногу приведени лица. Имено, во обид да ја докомплетира документацијата со цел спроведување на темелна истрага за состојбата со приведените лица, денес на претставник на Народниот правобранител не му беа дадени […]

______________________________________________________________________________________________________

Бејли и Орав на средба кај претседателот Иванов

Во вила „Водно“ во тек е средба на претседателот Ѓорге Иванов со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Средбата се одржува по завчерашната одлука на претседателот Иванов за општ прекин на сите постапки против политичари и нивните соработници за случаи поврзани […]

______________________________________________________________________________________________________

Спасовски апелира за мирни и ненасилни протести

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше и упати јавен повик до граѓаните на Република Македонија за мирни и ненасилни протести. – Секој има прво мирно и демократски да го изрази своето видување, револт и незадоволство, меѓутоа тоа мора да биде ненасилно и мирно како што доликува на демократски свет. Во таа насока апелирам […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Приведени се 13 демонстранти, повреден еден учесник на протестите и еден новинар

МВР издадае соопштение за синоќешниот протест и немирите во Скопје, каде вели дека околу 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство и пред седиштето на СДСМ почнале да се собираат граѓани на два најавени протести. Дел од граѓаните собрани пред канцеларијата на Претседателот фрлале камења, јајца, како и чадни бомби кон објектот. Притоа биле оштетени неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО – Иванов ќе одговара на прашања пред телевизиски камери

Денеска со почеток во 15 часот, во кабинетот на претседателот на Република Македонија, ќе се одржи заедничко интервју на претседателот Ѓорге Иванов, со главните и одговорни уредници на следниве телевизии: Македонска Телевизија, ТВ Алфа, ТВ Алсат – М, ТВ Канал 5, ТВ Сител, ТВ Телма, ТВ 21, ТВ Шења, Телевизија Нова и ТВ 24 Вести, […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО со нова истрага „Транспортер“

Специјалното обвинителство отворило нова истражна постапка „Транспортер“ во која ги испитува сомненијата за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на градоначалник на Битола и претседателот на локалната Комисија за јавни набавки при што се осомничени дека злоупотребиле речиси 360.000 евра од државниот буџет, објави Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО. – Ќе слушнете за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Фоторепортерот на Вечер доби конци на главата, чека резултати од неврохирург

Фоторепортерот на ВЕЧЕР, Наке Батев  се здоби со повреди на главата и заврши на Ургентниот центар во Скопје, каде повредата му била санирана и добил неколку конци на главата. Настана општ хаос и добив удар во главата, објаснува Батев. -Бев на работа ги покривав протестите кои најпрво беа пред СЈО , па пред канцеларијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Мануела е жива, но истоштена: Совесен возач ја вратил дома

По три дена трагање, вчеравечер е пронајдена 17-годишната Мануела. Семејството Пандеви од Пиперево потврди дека нивното чедо се вратило, но заради истоштеност девојката е однесена во струмичката болница. Дедото Драги изјави дека Мануела била забележана кај Демир Капија, каде што барала превоз до Валандово, но совесен возач запознаен со случајот дека се трага по девојката, […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се идентитетите на приведените во вчерашното дивеење

Во вчерашните протести кои се одвиваа во Скопје приведени се следниве лица: Бранимир Ј. (34) Сашо Р. (48) Маријан Л. (38) Исмет И. (46) Сибел А. (23) Дамјан Ј. (36) Кристијан К. (22) Вангел М. (30) Жарко З. (41) Филип Н. (30) Горјан А. (23) Крсте Г. (35) За настанот и приведените лица е известен […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО:Скршени прозорците на Министерството за правда, повреден новинар

Откако беа спречени да одат кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ, од двата влеза на улицата „Даме Груев“ , демонстрантите  во знак на револт се вратија на Рекорд, поминаа пред канцеларијата на претседателот Иванов  каде претходно ги искршија прозорците ,а овој пат и на Министерството за правда. Демонстрантите  удираа со шишиња, столици, а дојде и до […]

______________________________________________________________________________________________________

Костов: Иванов не ги прекрши своите овластувања, има право да помилува и аболицира

Правно гледано, претседателот Ѓорге Иванов, има право да ја донесе одлуката што ја донесе. Тоа право веќе ја користеше неговиот претходник, Бранко Црвенковски, смета аналитичарот Сотир Костов во гостувањето во ТВ Нова. Секој што го зборува спротивното нема поим од право, додава тој. -Дилемата се појавува кога се разгледува таа одлука од политички агол. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Повреден Наќе Батев, уредникот на фотографија во Вечер пренесен во Ургентен

Во насилните демонстрации кои вечерва се случуваат на стар Рекорд, пред Народната канцеларија на Претседателот на РМ, која е целосно демолирана, повреден е Наќе Батев, уредник на фотографија во весникот Вечер. Вечер пишува дека Батев е повреден во вечерашните насилни протести пред Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија. Батев е повреден во глава извршувајќи […]

______________________________________________________________________________________________________

Масовен протест пред Собранието против Заев: Од судот се спасивте, од народот нема!

Околу 15.000 граѓани попладнево излегоа пред Собранието на Република Македонија да дадат поддршка на ГДОМ на протестот против аболицијата на Зоран Заев и ЗОран Верушевски. По протестот пред Собранието, огромната толпа од граѓани се упатија кон седиштето на СДСМ каде го изразија својот револт од аболицијата на опозицискиот лидер Зоран Заев.

______________________________________________________________________________________________________

Ова се помилуваните од СДСМ со одлуката на Иванов

Опозицискиот лидер Зоран Заев, осомничен во случаите „Пуч“ и „Поткуп“, екс- разузнавачот Зоран Верушевски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата Бранко Црвенковски, сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски  се само дел од помилуваните лица со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов. Зоран Верушевски со вчерашната одлука на претседателот на државата Ѓорге Иванов успеа по […]

______________________________________________________________________________________________________

Што значи одлуката на Иванов – ќе ја реши ли политичката криза

Од политички аспект, одлуката на претседателот Иванов има голема политичка тежина, смета универзитетскиот професор Татјана Каракамишева. Во гостувањето во ТВ Нова таа истакна дека, Иванов во неколку наврати во своето обраќање посочил на одредена инволвираност на странски служби и странски центри на моќ кои директно ја диригираат ситуацијата во Македонија. -Сите обвинувања дека одлуката не […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1