Archive | Македонија RSS feed for this section

ФОТО: Исчезната е Мануела Пандева, родителите бараат помош во потрагата

Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од вчера (11 април) утрото и се губи секаква трага. Девојката е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево . Откако вчера утрото во 7:30 излегла од својот дом за училиште (девојката е 3-та година во „Димитар Влахов “ ) се упатила […]

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети: Одлуката на Иванов е избрзана

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов е избрзана и непромислена. – Сметам дека одлуката на Иванов е избрзана и непромислена и една таква одлука од т.н. претседател, нелегитимен претседател, за нас нема легитимност, изјави Ахмети по средбата со словенечкиот и со хрватскиот претседател Борут Пахор, и Колинда Грабар […]

______________________________________________________________________________________________________

Кекеновски: Иванов ја оневозможи правдата

Не ми е јасно како е можно претседателот Ѓ. Иванов да донесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки што се водат против политичарите во Република Македонија!?, пишува професорот Јове Кекеновски на својот профил на Фејсбук. „Колку што мене ми е познато: 1. Со општ акт неможат да се сопрат сите кривични постапки кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Андонов: Странскиот фактор сака да ја искористи кризата

„Ние сме совршено свесни дека има странски фактор што сака да ја искористи кризата во Македонија. Тоа се покажа со Диво Насеље и бегалската криза“, рече Оливер Андонов во вестите на ТВ Нова. Во тој контекст е одлуката на Иванов кој реши да ја прекине внатрешната политичка криза, без разлика на притисоците кои што се […]

______________________________________________________________________________________________________

Време: Сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 23 до 29 степени. Во Скопје сончево и топло, попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен југозападен […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Активисти на опозицијата ја нападнаа македонската полиција

Активистите на СДСМ и СОРОС продолжуваат со насилството и дивеењето по улиците. Вечерва протестантите предводени од лидерот на СДСМ Зоран Заев и највисокото партиско раководство повторно удрија по полицијата, јавува Курир

______________________________________________________________________________________________________

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – ПАДНА ОЏАК И УСМРТИ МИНУВАЧ

Трагедијата се случила околу 11 часот, на јужен булевар во Скопје. Во еден момент, додека работници ги уривале објектите, паднал оџакот и тулите го поклопиле Муарем, кој во тој момент поминувал по патеката. Муарем вчера дошол на булеварот и, заедно со други работници, чекал да најде работа. Трагедијата се одвивала пред очите на неколкумина луѓе […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Не сакам да бидам аболициран, Иванов да поднесе оставка

Ова е државен удар на криминалната банда на Никола Груевски која се обидува да се спаси од криминалот што го направија, а Иванов стана директен учесник во злосторничкото здружување, рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ. -Тој сака парите украдени да не бидат вратени на граѓаните. Од денес нема правна држава, го погазија Уставот, го погребаа […]

______________________________________________________________________________________________________

Гнев во ВМРО-ДПМНЕ заради ослободувањето на Заев и Верушевски од кривичен прогон

Зоран Заев е единствениот граѓанин во Република Македонија кој бил ослободен од кривична одговорност од двајца претседатели. Владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ излезе со соопштение во врска со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине кривичните постапки против политичарите што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување. „Тие што ја предизвикаа политичката криза […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов го пречесе гордиевиот јазол, прекинати постапките против опозицијата и власта

Ако се остави само по себе да се отплеткува вака заплетканиот јазол, ќе поминеме како заложници во долгогодишна политичка криза, на која не може да ѝ се предвиди крајот. Сериозно се доведува во прашање потребата од мирна изборна кампања и мирен изборен ден. Ако пак тоа не се случи, државата и сите граѓани ќе имаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Демонстрантите со јајца кон канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје

Канцеларија на Рекорд во Скопје отворена од претседателот Ѓорѓе Иванов беше мета на граѓаните кои се организираа на социјалните мрежи. Тие со јајца фрлаат кон просториите на претседателот во знак на револт од неговата одлука. Тие се организираа преку социјалните мрежи по објавата за одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболицирање на сите политичари. Маршот […]

______________________________________________________________________________________________________

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦАЕЦ ДО МИГРАНТИТЕ: Не може да влезете, ако треба и ќе умрам за мојата земја (ВИДЕО)

Ова е моја земја и подготвен сум да умрам за неа, им одговори македонски полицаец на група агресивни мигранти на македонско-грчката граница. Ова им го одговори македонски полицаец кој ја брани оградата на македонско-грчката граница, каде што и денеска повеќе од 500 мигранти се обидоа насила да преминат и да влезат на македонска територија. Полицаецот се […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес нов температурен шок

Времето денес претежно сончево и топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 а максималните од 19 до 27 степени. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 5, а максималната […]

______________________________________________________________________________________________________

Прва кардиоваскуларна операција во новата болница Филип втори на др Жан Митрев

Македонската медицина напреднува во стандарди, болници и знаење. Денеска и официјално започна со работа Специјалната болница Филип Втори, со цел да спасат уште животи. Д-р Жан Митрев започна со операции во новата Специјална болница Филип Втори. Првиот пациент во ново отворената болница „Филип Втори“ е 60 годишен виничанец . Кардиохирургот Митрев во позитивен дух верува дека […]

______________________________________________________________________________________________________

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите да се спречат останатите граѓани да го дадат својот глас на избори е криминал

Одлуката да се биде вонпарламентарна опозиција и да не се излезе на избори е став и демократско право на секоја партија. Обидите да се спречат останатите граѓани да го дадат својот глас на избори е криминал, смета ВМРО-ДПМНЕ. – Деновиве сме сведоци на вакво срамно криминално делување на СДСМ кој на сите начини се обидува […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕВН најави исклучувања – еве каде ќе бидат нивните екипи

Без електрична енергија утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Виничка“, „Нов Живот“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја во период од 8:00 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците од Илинден, „Макпетрол“, „Оптима“, „Белви“, „ФудБазар“, „РолоПласт“, […]

______________________________________________________________________________________________________

Тајни агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција

Европската полициска агенција Европол распоредила тим прикриени агенти во центрите за регистрација на мигранти низ Грција, со цел да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска држава и да се намалат активностите на други криминални мрежи, дознава „Катимерини“. Во интервју за неделното издание на весникот, Роберт Чрепинко, словенечкиот директор на новоформираниот Европски центар за криумчарење […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Инцидентот со мигрантите кај Идомени поттикнат од НВО активисти

Организираните масовни и координирани обиди за илегален премин на границата, што се случија вчера, според многу аспекти, вклучувајќи ја и вмешаноста на активисти на невладини организации, имаат карактеристики и наликуваат на сличниот инцидент за масовно илегално преминување на границата од 14 март годинава во кој беа инволвирани 2.500 мигранти. Ова се вели во соопштението на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1