15/04/2016 14:10
•
Posted by: MK News
ВМРО-Народна партија, вели дека за подигнување на етичката свест кај политичарите и нивната искрена посветеност кон државата и граѓаните, предлага, во услови на распуштено Собрание да се направи џентламентски договор помеѓу партиите, аболицијата која подразбира милост од државата и ослободување од кривично гонење, истовремено да значи и забрана за било какво учество во политика во […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 13:56
•
Posted by: MK News
Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва. Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу ул.„11-ти Октомври“ со „Кочо Рацин“, се до крстосницата на ул.„Васил Главинов“ со „Даме Груев“. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните улици. Сообраќајот во централното […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 13:55
•
Posted by: MK News
Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи многу топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Според метеолоролзите најтопло ќе биде во недела и во првите два дена од наредната седмица кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просечните […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 13:52
•
Posted by: MK News
Насилството да запре, а политичките партии да почнат да се подготвуваат за избори, ова денеска го порача евроамбасадорот Аиво Орав, кратко време откако Трајо Вељаноски распиша избори на 5 јуни. Тој присуствуваше на промоција на проект финансиран од ЕУ за зајакнување на владеењето на право и рече дека се надева оти п литичките лидери ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 11:13
•
Posted by: MK News
Денеска во Кривичниот суд ќе почне судењето на Захир Беќири – Чауш, главен осомничен во случајот познат како „Фабрика за афери“, односно аферата со печатење лажни лични карти, патни исправи и други документи. Скопското обвинителство на 1 овој месец поднесе обвинение против Зеќири и неговиот брат И.Б. Со обвинението Чауш се товари за три кривични дела: […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 10:51
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ги распиша изборите, информириаат од неговиот кабинет.Вељаноски денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори што ќе се одржат на 5 јуни, соопшти собраниската прес-служба. Врз основа на моите уставни и законски надлежности, согласно Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денес го потпишав Решението за распишување предвремени […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 10:45
•
Posted by: MK News
Неприфатливо е да се употребува сила врз македонската полиција, вели австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц во ексклузивно интервју за Македонската Информативна Агенција, за состојбата со мигрантската криза на македонската граница со Грција. Зборувајќи за зачестените инциденти од страна на големите групи мигранти кои се обидуваат да навлезат во Македонија од Грција, Министерот Курц […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 10:32
•
Posted by: MK News
ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до четирите најголеми политички партии да испратат писмо до Иванов за преиспитување на неговата одлука, се вели во соопштението испратено од партијата. Соопштението во продолжение ви го пренесуваме во целост. Одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов не е во согласност со заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 10:30
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска најави дека ќе го потпише решението за распишување и организирање на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни. Потписот не би требало да го стави пред ДИК да ја соопшти конечната оценка дали и колку е прочистен Избирачкиот список, односно дали сите членови на Комисијата едногласно ја гарантираат неговата […]
______________________________________________________________________________________________________
15/04/2016 10:28
•
Posted by: MK News
Епилогот на вчерашните протести во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ е шестмина повредени полицајци, а еден од протестантите бил приведен. И вчера низ центарот на Скопје протестираа незадоволни граѓани против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и нивни соработници.
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 21:35
•
Posted by: MK News
Демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија пред Владата на Република Македонија. По обидот протестот од пред Собранието на Република Македонија да го префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ што беше спречен од кордон од полиција дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите. Пред […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 21:21
•
Posted by: MK News
„Немаме резервна држава“, „Народот е посилен од сè“, „На власт не се доаѓа со сила“, „Никој не може против волјата на народот“, се дел од пораките што до насобраните граѓани ги упатија членовите и поддржувачите на „Граѓанското здружение за одбрана на Македонија“ од пред „Црвениот крст“ во Скопје. -Повикувам на обединување не сме дојдени да […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 21:19
•
Posted by: MK News
Двајца полицајци се повредени на протестите кои ги организираат невладините организации, потврдуваат од градска болница за ТВ Нова Демонстрантите кои вечерва протестираа пред Собранието на Република Македонија се обидоа протестот да го продолжат пред новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ и пред полициската станица „Центар“. Тие се упатија по улицата „Димитрие Чупоски“, но кордон полицајци им го […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 21:16
•
Posted by: MK News
Државниот интерес, излезот од кризата и спроведувањето фер и демократски избори, беа клучниот мотив поради кој ја донесов одлуката за аболиција, рече претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во денешното заедничко интервју за повеќе македонски телевизии. Како што нагласи Иванов, историјата ќе суди дали бил во право и дали го сочувал државниот интерес. – Кои […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 15:23
•
Posted by: MK News
Здружението на бранители БЕДЕМ е згрозено од вчерашните настапи на насилниците од СДСМ, хаосот, безредието и насилството кое го го предизвикаа на улиците низ Скопје. -Го повикуваме раководството и членството на СДСМ, своите луѓе да не ги воведува во украинското сценарио кое во моментов ни го подготвуваат, а води само кон насилие, жртви и безредие […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 15:21
•
Posted by: MK News
Прoтестирaјте вo мир, немoјте пoлицијaтa дa јa нaпaѓaте. Кaј сo мигрaнти, терoристи, веќе не знaе oд кoгo дa се брaни, зaр требa oд свoите дa се плaши? Единицата за брзо распоредување (ЕБР) со статус на својата Фејсбук страница ги повика граѓаните да протестираат во мир и да не ја напаѓаат полицијата. Симпaтизери нa нaјгoлемите пoлитички […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 15:14
•
Posted by: MK News
Кризата може да се реши само со политички средства, а не со насилство, порача на својот твитер профил еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Ги повикувам сите политички партии и одговорни граѓани да се воздражат од акти на насилство. Кризата може да се реши само со политички средства. Одговорност на политичарите е да се вратат […]
______________________________________________________________________________________________________
14/04/2016 15:11
•
Posted by: MK News
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осудува полициско насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред канцелариите на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје. – Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наќе Батев од „Вечер“ и Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе […]
______________________________________________________________________________________________________