Archive | Македонија RSS feed for this section

Гостите во Сити Мол им го земаат паркингот – жители на Карпош добија FREE паркинг во трговскиот

Паркингот на трговскиот центар „Скопје сити мол“ ќе можат бесплатно да го користат станарите кои живеат на улиците „Љубљанска 1“, „Волгоградска 1“ и „Волгоградска 2“. Граѓаните од непосредната близина на трговскиот центар бесплатното паркирање го добија со одлука донесена на последната седница на Советот на Општина Карпош. Жителите од околните згради имаат реален проблем со […]

______________________________________________________________________________________________________

Со што ли ги раниме нашите деца – 20 случаи на пубертет уште на 5 годишна возраст

Дваесетина деца со предвремен пубертет во моментот се пациенти на Клиниката за детски болести. Сите се на возраст од пет и шест години и најголем број од нив се женски. На одделот за ендокринологија специјалистите им одредуваат терапија и ги бараат причините зошто девојчиња кои уште не тргнале на училиште имаат менструален циклус. Со вакви […]

______________________________________________________________________________________________________

Се менува начинот на плаќање на патарина

Почна модернизацијата на патарините. Прва која ќе добие нов систем за наплата е  патарината кај Романовце.  Наместо во кеш, патната такса ќе се плаќа со лепенка или со картички. Предвидено е и нејзино дислоцирање и проширување . Градежните активности веќе се почнати. Со новиот начин на плаќање возилата нема да треба да застануваат туку само […]

______________________________________________________________________________________________________

80 граѓани се прејале за празниците и завршиле на Токсикологија

Околу 80-тина граѓани кои претерале со консумирање на храна пред се мрсна  во изминативе три дена побарале лекарска помош на Клиниката за Токсикологија, што е за 10 проценти повеќе од претходните години Повеќето од нив се жалеле на болки во стомакот, а имале и симптоми на гадење и повраќање. Најчестите се забелешки дека ваквите појави […]

______________________________________________________________________________________________________

Време: Денес облачно, во недела магла

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува и слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од седум до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена […]

______________________________________________________________________________________________________

Жени и деца затворени во камион – Емигрантска драма на автопатот Скопје-Куманово (ВИДЕО)

Вистинска драма се случи денеска на автопатот Скопје – Куманово, кога од товарен камион излегоа десетици емигранти. Меѓу емигрантите имаше деца, мажи, жени и постари лица. Повеќето се од Ирак, Либија и Курдистан, објави ТВ21.  

______________________________________________________________________________________________________

Ахмети и Коѕијас разговарале за името, но не се откриваат детали

Али Ахмети не откри за кои конкретни грчки предлози за решавање на спорот со името се разговарало во Атина при неговата средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, покрај вчерашните најави од неговата партија дека токму спорот ќе биде единствена тема на разговор. Јас сум отворен и сите мислења и размислувања ги пренесувам кај […]

______________________________________________________________________________________________________

На 44 години почина македонски новинар – Двојаковски ја изгуби битката со болеста

Утрово во болницата во Токуда во Софија, почина новинарот Зоран Двојаковски од Берово. На 44-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со болеста. Пред 4 месеци нему му беше дијагностициран тумор на бешиката. Веста за смртта на Зоки болно одекна во неговото родно Берово. Двојаковски беше член на ЗНМ и сопственик и уредник на веб-порталот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Замена на азбестни покриви во Карпош

Советот на Општина Карпош вчера на седница изгласа одлука Општината финансиски да учствува во заменување на покривите од азбестни цементни табли со пластифициран ребрест лим на колективни станбени згради и индивидуални станбени објекти на подрачјето на Општина Карпош. Општина Карпош информира дека е донесена и одлука на станарите кои живеат во непосредна близина на трговскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

5 судии ја добија Македонија пред Судот во Стразбур – Ќе им се исплати оштета

Виолета Дума, Славица Геровска Попчевска, Гоце Јакшоски, Иво Поповси и Мирослав Труфиновски ги добија споровите против Република Македонија пред Судот во Стразбур. Во образложението од Судот се вели дека поплаките на судиитте за нефер сослушувања и влијанија на извршната власт врз одлуките на Судот да бидат отстранети од Судскиот Совет се оправдани. Сите судии во […]

______________________________________________________________________________________________________

Временска прогноза: Следува голем температурен шок

Од температури кои се спуштија до -14 степени целзиусови и врнежи од снег минатата недела, оваа недела не очекуваше малку постабилно време и повисоки температури. Наредната недела следи голем тепературен шок, а особено во вторник кога дневната температура ќе достигне неверојатни 14 степени.

______________________________________________________________________________________________________

Каде се паднаа паричките во семејствата на Иванов, Груевски и Вељаноски

Во семејството Иванови паричката во бадниковото лепче годинава се паднала кај Маја Иванова, соопшти денеска претседателот Ѓорѓе Иванов по божиќната литургија во Соборниот храм. Кај премиерот Груевски паричката паднала во Господ, а кај претседателот на Собранието Трајко Вељановски кај синот Филип. Груевски им го честиташе Божиќ на сите граѓани од христијанска вероисповед. – Да им […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Премиерот Груевски меѓу верниците во Чаир

Премиерот Никола Груевски со сопругата Боркица Груевска утрово беше меѓу верниците од Чаир. Тој присуствуваше на литургија во црквата Свети Никола по повод денешниот голем празник Божиќ. Потоа, се упати кон Соборниот храм каде најголем број на верници од Скопје присуствуваат на литургија на овој ден.

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатни прегледи и за трудниците кои немаат здравствено осигурување

Бесплатни здравствени услуги и за трудниците кои немаат осигурување.  Од првиот преглед, биохемиски анализи и брисеви до самото породување нема да платат ниту денар. Одлуката е на сила од вчера и е дел од новата програма на министерството за здравство за мајки и деца. Надлежните ги известиле сите јавни здравствени установи да не им земаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Христос се роди! Денеска е Божиќ

Христос се роди- навистина се роди! Ова е поздравот за сите верници кои го слават Божиќ , раѓањето на Исус Христос. Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците. Божиќ е ден на семејството, посветен на блиските  и претставува најрадосен христијански […]

______________________________________________________________________________________________________

Груевски со другарите од детството на традиционална новогодишна средба во Ѓорче

И оваа година премиерот Никола Груевски остана верен на традицијата и присуствуваше на средбата која по повод почетокот на Новата година ја организираат ѓорчепетровци, и тоа од маалото каде што Груевски има поминато добар дел од детството и младоста. Премиерот и оваа година одвои време за една долгогодишна традиција и не ги заборави другарите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Г.г. Стефан: Да го јакнеме духовното и националното единство

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан упати божикна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божик. Настанот од она рано утро во Витлеемската пештера е исполнување на сите надежи и очекувања, на сите пророштва и ветувања низ вековите. Во тој настан се содржи сета вера на претходните, на сегашниве и идните генерации. Голема е таа […]

______________________________________________________________________________________________________

ПОВРЕДЕНА АКТЕРКА ЛИЛЈАНА ВЕЛЈАНОВА ВО НОВИОТ МНТ: Паднала во подрумот

Еден ден откако актерката Лилјана Велјанова се повреди во новиот објект на МНТ, од театарот пристигна реакција „Сакаме да дадеме демант по повод написите во некои медиуми и на социјалните мрежи за вчерашниот несреќен случај кога во МНТ се повреди актерката Лилјана Велјанова. Најпрво сакаме да разјасниме дека повредата не се случи за време на […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1