Archive | Македонија RSS feed for this section

Груевски – Со Бајден зборувавме и за добри работи и за предизвици

Со американскиот потпретседател Џо Бајден разговаравме за политичкиот договор, реформите во повеќе сфери, економијата и економската соработка, безбедносните предизвици, членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, изјави премиерот Никола Груевски доцна вечерва по македонско време по средбата во Вашинготн. Тој изјави дека Америка и е партнер на Македонија и дека таа соработка ќе продолжи и […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна судењето на полицаецот од Свети Николе кој уби 30 годишен маж

Започна судскиот процес против полицаецот од Свети Николе, кој лани во септември го застрела 30 годишниот Далибор Илиевски. Според Основното јавно обвинителство, пред да се случи убиството имало вербална расправија помеѓу полицаецот и Илиевски, која настанала по кавгата на Далибор и еден велосипедист кој му го успорувал движењето со автомобилот. Откако полицаецот се обидел да […]

______________________________________________________________________________________________________

Оваа недела очекувајте повторно снег

Променливо облачно со локален дожд најавуваат метеоролозите од денес, кој кон крајот на денот и преку ноќта ќе поминува во снег, во крајните западни делови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Според информациите од УХМР од среда се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на […]

______________________________________________________________________________________________________

Бензините поевтинуваат за половина, а дизелот за еден денар

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 0,5, а дизелот за еден денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 61, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 31,5 денари […]

______________________________________________________________________________________________________

Како ги добиле своите имиња скопските населби? Драчево по растение, Чаир по ливада…

Според книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) – од етнолошки аспект“ напишана од авторите Алла Качева, Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска, еве како скопските населби ги добиле своите имиња, пишува Утрински весник. Чаир името го добил од Турците и потекнува од турскиот збор cair што значи ливада. […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе се истражува од што се загадува воздухот

Аерозагадувањето во Тетово не се намали и по затворањето на Југохром,  кој  на 31 декември минатата година ги згасна печките, откако на протестите беше посочуван како најголем загадувач на воздухот. Но и покрај тоа, мерните станици деновиве во воздухот измерија и до 17 пати поголема концетрацијата на ПМ 10 честички од дозволената вредност. Министерот за […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес нови цени на горивата

За Македонија и малопродажните цени во земјата важната е цената на северноморската нафта од типот „брент“ а таа се уште е поевтина од официјалната цена по која Регулаторната комисија за енергетика објави дека била набавена во периодот пред две недели.Според регулаторот просечната цена на нафтата била 40,7 долари за еден барел, што значи дека денешната […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата дели пари – нов оглас за самовработување денес

Невработените со идеја за бизнис ќе може да аплциираат за грант за самовработување. Првиот од двата огласи кои годинава ќе бидат распишани за оваа мерка излегува ДЕНЕС. Преку проектот планирано е да се поддржи отварањето на 920 фирми и да се креираат околу 1000 нови работни места во економијата. Според очекувањата на агенцијата за вработување, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев ќе бара одложување на изборите?

Претседателот на опозицијата, Зоран Заев, најави одложување на рокот за одржување на изборите. Тој вели дека за можното одложување ќе дискутира и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој се очекува да пристигне во посета на Скопје следната недела. Според Заев, евентуалното одложување на изборите зависи од договорот со Хан, но и од другите потписници […]

______________________________________________________________________________________________________

Проверете дали сте на листата – Ова се најголемите должници на УЈП – НОВА ЛИСТА

Управата за јавни приходи ја објави Листа на должници бр.01/2016 за долгови доспеани до 30.09.2015 и неплатени до 31.12.2015 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на […]

______________________________________________________________________________________________________

Делови од Сарај, Центар и Чаир денес без струја

Дел од корисниците од село Долно Свиларе во општина Сарај од 9:30 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Кеј 13 Ноември“, сплав 5 – брод до МЕПСО, и градилиштето на Бетон за панорамското тркало, во општина Центар, […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка во Струмица- пожарникари ваделе повредена трудница

Тешка сообраќајка се случила вечерва околу 21 часот на излезот од Струмица во близина на селото Дабиле кај бензинската на „Лукоил“, објави Струмицанет. Според сведоци на местото на несреќата, се судриле возило „Опел Астра“ и „Фиат Уно“. Три лица се со сериозни повреди по телото, меѓу кои и една бремена жена со повреди на главата, […]

______________________________________________________________________________________________________

Кабинетот на Иванов демантира: Не е помилуван осудениот за убиството на Мартин Нешкоски

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат пишувањата за наводно помилување на осудениот за убиството на Мартин Нешковски Го пренесуваме целиот демант интегрално. Во врска со денешните објави на социјалните мрежи и на некои интернет портали, за наводно помилување на осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, лицето И.С., како и вчерашните објави во некои медиуми за наводно […]

______________________________________________________________________________________________________

Трошната куќа падна и им го уби најмалото дете – немаат вода, струја и дрва за огрев..

Пред десетина дена, токму оваа трошна кука им зема најмалото, едно од трите деца. Од трошност греди се струполија врз кревкото тело на двегодишниот Андреј и го завија во црно едно од најсиромашните семејства во Кочани. Не можејќи да се носат со две огромни болки, сопружниците Стојче и Анита проговорија пред микрофон на Канал 5 […]

______________________________________________________________________________________________________

Идната недела очекувајте пад на температурите

Од УХМР информираат дека од утре ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд претежно во западните делови и со услови за магла по котлините. До вторник ќе биде релативно топло, а од среда се очекува спуштање на дневната температура. Во вторник ќе започне да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.

______________________________________________________________________________________________________

Марина во Охрид ќе се гради – веќе е почната процедурата

Марина во Охрид ќе се гради и веќе е објавен конкурс за идејно решение за две локации, информира  премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион. Едната локација, појасни тој, е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија. Откако ќе се добијат идејни решенија ќе се […]

______________________________________________________________________________________________________

Поглаварот Стефан ги зближи Груевски и Заев!

Премиерот Никола Груевски и Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заеднички на божикниот прием кај Поглаварот на МПЦ. г.г Стефан. Груевски и Заев се ракуваале меѓусебе, а за време на говорот на Архиепископот стоеле блиску еден до друг. Во делегацијата од Владата, покрај Премиерот бил и Министерот за одбрана Јолевски и Министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Апликацијата “Мој Воздух” цел на хакерски напад

Апликацијата која ја користиме за мониторориња на загаденоста на воздухот, изминативе неколку дена била нападната со цел да се оневозможи нејзиното користење. Бидејќи апликацијата е направена од  Горјан, а Горјан е студент кој со сопствени средства ја развиваше апликацијата, за да продолжи истата да функционира како што треба, беше мигрирана на друг сервер кој нуди […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1