Archive | Македонија RSS feed for this section

8 години по смртта: Најдобрата другарка на Тоше Проески прозборе за него

Нашиот ангел Тоше Проески несреќно го изгуби својот живот во тоа кобно утро на 16 октомври во 2007 година во сообраќајна несреќа. За него и приватниот живот проговори една од неговите најдобри другарки, Ања Миронова. Имено таа дала интервју за српскиот портал „24 sata“.   –  Можам да кажам дека тој е личност за цел […]

______________________________________________________________________________________________________

Осум години без Тоше Проески

16 октомври 2007 – утро – прав пат како пушка, на места малку магловит, 6 часот и 30 минути, се разденува – почнува да се раѓа новиот ден. Последен ден за една од најголемите балкански ѕвезди. Последен ден за човекот коj сите не потсети како е да се биде ЧОВЕК. Загина на само 26 години. Но […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес може да имате главоболки, болки во колената, грбот и вратот – неповолно биометео

Денес неповолно биометео – може да почустувате главоболки, болки во колената, грбот и вратот.. Oпшта слабост и чувство на тежина во главата може да предизвикаат утрово временските услови кај метеоропатите.  Во претпладневните часови, пак, како што велат синоптичарите, можни се поинтензивни ревматски болки и изразени артритични промени. Навечер, кај поголем број луѓе е можна појава […]

______________________________________________________________________________________________________

Шалом за средбата со Заев: Имав само куса куртоазна средба

Имав куса, куртоазна средба со лидерот на опозицијата Зоран Заев што е нормално за две пријателски земји, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел Силван Шалом во кое се појаснува средбата која ја имаше со претседателот на СДСМ. „На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу […]

______________________________________________________________________________________________________

Акција „Молња“: Помагачи на терористите од Куманово планирале напади во Скопје (ВИДЕО)

Mинистерството за внатрешни работи во раните утрински часови, во координација и со наредба на надлежниот јавен Обвинител, отпочна со реализација на Оперативната обработка „Молња“ која имаше цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група која беше стационирана во „Диво Насеље“ во Куманово. Во текот на досегашната истрага соодветно беше документирана […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Командант Арачиново уапсен во Диво Насеље

Уште еден командант на ОНА падна во рацете на полицијата по денешната акција на МВР за разбивање на јатаците на терористичката група во Диво Насеље, јавува Курир.мк Од полициски извори дознаваме, меѓу приведените е и Ибрахим Муртезани, во јавноста познат и како Командант Арачиново. И тој како и останатите се сомничи за соработка и помагање […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција на МВР – уапсени соработници и логистичари на терористите од Куманово

Специјалците од Тигар и ЕБР, во голема акција утрово го разбија упориштето на јатаците и логистичарите, за кои организиран криминал има докази, дека им помагале на терористите кои отворија оган врз полицијата во кумановската Дива населба во мај годинава. Тие, според неофицијални информации им биле доушници пред акцијата, а помагачи за време на нападите врз […]

______________________________________________________________________________________________________

Крај за азбестните цевки – скопјани ќе пијат поздрава вода

Замената на азбестните цевки си оди по планот и ние континуирано ги заменуваме со нови. Последната азбестна цевка е вградена во 1989 година во градскиот систем, кој има 1.310 километри. Од тие 1310 км, има само 90 километри азбест-цементни и поцинкувани цевки, а досега се заменети 70 километри. Оваа година сменивме околу 15 километри. Значи […]

______________________________________________________________________________________________________

ЛУНА ПАРК: Догодина пристигнуваат новите реквизити, Градот најавува обнова на забавата

Следната година конечно ќе започне изградбата на новиот долгоочекуван и најавуван Луна парк. Град Скопје од буџетот за 2016 година ќе издвои околу 60 милиони денари за набавка на реквизити, а наскоро ќе биде распишан и тендер за тоа. На конкурсот за избор на фирма што ќе го изработува основниот проект за новиот Луна парк, […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес парно греење – ќе греат до 22 часот

Од денес, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час […]

______________________________________________________________________________________________________

Интернет плаќање даноци со безготовинска картичка

Електронско плаќање даноци со безготовинска картичка, е новата услуга на Управата за јавни приходи (УЈП) која овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виза, Маестро или Мастеркард (издадена од домашна банка). Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот само треба да креира […]

______________________________________________________________________________________________________

Лифт и ресторан на врвот на Милениумскиот крст

Откако беа изградени 66-метарскиот Милениумски крст и жичницата на Водно, Јавното сообраќајно претпријатие што стопанисува со целиот тој простор интензивно работи на изградбата на лифтот на крстот и на создавање услови за идниот ресторан, кој на посетителите треба да им понуди пријатен престој на Крстовар. Целиот тој потег ќе стане елитен простор што на граѓаните, […]

______________________________________________________________________________________________________

Зврлевски: Предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански

Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски по одлуката на Советот на јавни обвинители да прифати седум од 14-те предложени имиња на Јанева изјави дека во тек е подготовка на иницијативата која наскоро ќе биде поднесена до Уставен суд, а додаде и дека  предвидените плати за обвинителите од специјалното обвинителство се мегаломански. -Вчера имавме состанок на јавни обвинители, […]

______________________________________________________________________________________________________

Дијаспората ќе има свои пратеници!

Голема и значајна победа во име на македонската дијаспора извојува преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ после маратонските преговори со останатите три големи партии водени од Питер Ванхојте. Стотиците илјади Македонци кои живеат надвор од границите на својата татковина ќе добијат свои претставници во Собранието на Република Македонија на изборите кои ќе се одржат во април 2016-та […]

______________________________________________________________________________________________________

Димовски: Постигнат е договор за Изборниот законик!

Денес се постигна договор за изборниот законик. Сета енергија која што ја вложивме, целото време, многу аргументи, имаше и непријатни моменти, но договорот е постигнат, информира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Постигнувањето на договорот за изборниот законик значи уште еден чекор во исполнување на договореното помеѓу четирите политички партии и со тој договор се обезбедуваат условите […]

______________________________________________________________________________________________________

Познат скопски кафич казнет заради гласна музика

Инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршија редовен надзор и констатираа дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели го надминува „Интермецо Кафе“, соопшти Општина Центар. При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на оластена компанија не е констатирано надминување на 45-те дозволени децибели, велат од таму. […]

______________________________________________________________________________________________________

Казната е 400 евра: Што мора да имате во автомобилот ако возите деца?

Од неделава стапија на сила измените во Законот за сообраќај. Во населените места максималната дозволена брзина ќе биде 50 километри на час, а не 60 како досега. Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот […]

______________________________________________________________________________________________________

Грција пред летните одмори ја посетиле 800 000 Македонци

Нешто помалку од 800 илјади Македонци во првата половина од 2015та ја посетиле Грција, а со тоа нашата земја се наоѓа на 4то место по бројот на пристигнувања од европските држави кај јужниот сосед, информира Канал 5. Во податоци објавени од грчката статистичка служба, од истражувањето спроведено од банката на Грција, Македонија е и меѓу […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1