Archive | Македонија RSS feed for this section

Еве кога да го очекувате првиот снег во Македонија

Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините Метеоролозите го најавија првиот снег оваа сезона за 26 ноември. Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања.

______________________________________________________________________________________________________

Полагањето на државната матура останува по старo

Математиката нема да биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура. И за годинашните матуранти ќе важи стариот концепт. Ќе полагаат 2 екстерни и 2 интерни предмети. Задолжителен ќе биде само мајчиниот јазик. Нема да се примени ниту електронското полагање. -Измените на државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Пороен дожд во следните два дена

Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а повторно ќе се појават кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до […]

______________________________________________________________________________________________________

Во недела почнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во […]

______________________________________________________________________________________________________

Дечињата затруени со лекови надвор од животна опасност

Стабилна е здравствената состојба на децата од Делчево, на 7 и 4 годишна возраст што во неделата попладне по грешка испиле лекови за срце, мислејќи дека се бонбони. Итно биле пренесени на Детската клиника во Скопје. Од Детска клиника информираат дека не се веќе на терапија, и дека лекарскиот надзор ќе заврши кон крајот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонската полиција доби регионална награда за сузбивање компјутерски криминал

Секторот за компјутерски криминалитет и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи е добитник на првата награда за најуспешно реализирана акција за разбивање меѓународна криминална група што вршела нелегална терминација на меѓународен во национален телефонски сообраќај. Наградата е доделена од регионалната организацијата SELEC во која членуваат 12 земји од Југоисточна Европа. Наградата е добиена заедно […]

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте, фалсификувани 500-тки кружат низ Македонија

Фалсификувани пари кружат низ Македонија, а најмногу во промет кружат банкноти од 500 денари. Според фотографиите до кои дојде еМагазин банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците. Дека банкнотите се фалсификат може да се забележи по квалитетот на хартијата која е потенка и помека и кај заштитната нишка […]

______________________________________________________________________________________________________

Детали за страшното убиство во тетовско- познат идентитетот на убиецот

Ноќеска, половина час по полноќ, во Полициската станица Гостивар дошол 49-годишниот Г.А. од гостиварското село Врапчиште и пријавил дека дваесетина минути пред тоа во спалната од нивната заедничка семејна куќа, по претходна меѓусебна расправија, со неколку удари со секира по главата и вратот ја усмртил неговата 44-годишна сопруга Е.А, соопшти СВР Тетово На посоченото место […]

______________________________________________________________________________________________________

Пазете си ги децата: За една недела спасени седум деца со заглавени предмети во душникот

Седум деца минатата недела завршиле на клиника со заглавени предмети во душникот и белите дробови. Сите биле на возраст од една до 6 години. Доктор Горан Мицевски имал полни раце работа. Најкомплициран му бил случајот со тригодишното дете од Тетово кое вдишало свирче и во многу тешка состојба било донесено на Клиниката за уво, нос и […]

______________________________________________________________________________________________________

Дејан Недев светски првак во карате

Дејан Недев стана светски првак во карате на Обединетиот карате шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, кое се одржа во Копер, Словенија. Недев титулата ја освои во дициплината фуку-го, тој во полуфиналето го победи претставникот на Бразил, а во финалето славеше над претставникот на Кипар. Инаку на Обединетиот карате шампионат во традиционално, модерно и […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ЧАДОР: Еве какво време ќе имаме денеска

Времето претпладне во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема договор во Пржино – Хан бил разочаран – денес истекува рокот

Не успеавме да имаме финален договор, иако имаше прогрес во приближување на ставовите за одделни теми. Разговаравме сериозно за законот за „свиркачите“, за „бомбите“ и се согледуваат повеќе стандарди и се надевам дека ќе треба да се направат повеќе напори за ставовите да бидат прифатливи, изјави утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски по неуспешните преговори […]

______________________________________________________________________________________________________

„Ни го зеде најмилото“ – Протести за младата Фросина на „Партизанска“

Група млади луѓе денес го блокираа булеварот Партизански одреди кај Универзална сала. Групата протестираше држејќи транспаренти со порака „Ни го зеде најмилото“. Младите протестирaa што се уште нема судски епилог за  случајот во кој младата студентка Фросина од Крива Паланка, токму на тоа место на улицата, на пешачки премин беше усмртена во сообраќајна несреќа, пишува […]

______________________________________________________________________________________________________

МПЦ бара повторно да се погребаат тие што на погребот ги пеел „лажен“ поп

Архиепископот Стефан ставил потпис на веројатно најскандалозната одлука донесена до Синодот на МПЦ во нејзината историја, со која бара препогребување, превенчавање и прекрстување на сите Македонци од Австралија кои не се дел од црквите кои не се под јуриздикција на Владиката Петар. Скандалознот писмо било ипсратено пред два дена, како синодски став како да се […]

______________________________________________________________________________________________________

Братче и сестричка од Делчево се борат за живот, наместо бонбони, голтнале тешки седативи

Братче и сестричка од Делчево се борат за живот. Наместо бонбони, голтнале тешки седативи. Ги нашле играјќи си на улицата позната како „Пустевски ендек“ во Делчево пренесува „Старплус“ на ТВ Стар од Штип. Децата на возраст од 7 и 4 години околу 18 часот биле примени во делчевската брза помош во тешка здравствена состојба. „Фамилијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан на разговори со лидерите на политичките партии во Скопје

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан попладнево во резиденцијата на ЕУ во Пржино ги почна одделните средби со лидерите на политичките партии вклучени во имплементацијата на договорот од Пржино.   На разговорите пристигна и белгискиот посредник во разговорите на политичките партиите за имплементација на договорот од Пржино, Питер Ванхауте, пренесува МИА. – Работиме […]

______________________________________________________________________________________________________

Горивата поскапуваат за половина денар

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,06%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.10.2015 година […]

______________________________________________________________________________________________________

Иво Котевски е новиот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука, функцијата Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ја врши Иво Котевски, информираат од партијата. Тој оваа функција ќе ја преземе утре, од досегашниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата Координатор на пратеничката […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1