06/02/2015 20:46
•
Posted by: MK News
Седумгодишно момче од селото Никуштак се удавило, одкако го повлекла надојдена вода во еден дол крај селото, извести полицијата. Трагедијата се случи околу 13 часот, кога детето со постарото братче оделе по селскиот друм кон училиште. Во моментот, додека минувале низ долот, од врнежите наишла вода и ги повлекла и двајцата. Минувач успеал да го спаси […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 20:32
•
Posted by: MK News
Амбасадата на САД во Скопје ги повикува властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности. Амбасадата на САД со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 20:14
•
Posted by: MK News
Се покачува водостојот и на реката Вардар во Скопје. Водата е веќе надодјена и речиси да прелее од првото корито. Ова се снимки на Mknews направени вечерва во населбата Аеродром. Доколку продолжи дождот Вардар ќе се излее на патеката за трчање уште вечерва. Погледнете
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 18:57
•
Posted by: MK News
Владата се согласи во периодот што следи да се отвори дискусија на ниво на работни групи за носење нов закон за високо образование. На денешната средба со професори и студенти Владата изрази подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, меѓу кои и одложување на спроведувањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 18:52
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство ќе формира нова комисија за испитување на случајот со починатото 12 годишно девојче на инфективната клиника во Скопје. Првично комисијата не утврдила пропуст на матичната лекарка ниту на дежурната екипа на инфективна Раководството на Инфективната клиника покренало дисциплинска постапка против дежурниот лекарски тим кој го лекувал 12-годишното девојче, бидејќи не инсистирале да […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 18:33
•
Posted by: MK News
ТВ Орбис објави видео снимано во понеделникот кога за прв пат се излеа браната Калиманци е под огромен притисок се испушта големо количество вода и го тресе регионот во Македонска Каменица и цела Источна Македонија. Погледнете ја застрашувачката слика од самото место .
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 18:16
•
Posted by: MK News
Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 км/ч. на патниот правец А2 Хиподром – Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смилковци поради излевање вода на коловозот во двата правци во должина од 10 – 15 метри. Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 18:08
•
Posted by: MK News
Амбасадор и странски премиер ја подготвувале бомбата заедно со Заев и Верушевски. Писмото кое ексклузивно го објави Press24 кое Заев му го испратил на Верушевски околу 20 јануари, само ја потврдува вмешаноста на странските служби во подготовката на материјалите со кои Заев му се закануваше на премиерот Груевски. „Работата која ја чекаме од пријателите од […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 16:50
•
Posted by: MK News
Сто и тринаесетте членови на Централниот одбор на СДСМ попладнево во 18 часот ќе донесат одлука за понатамошното делување на партијата дали и кога ќе бидат објавени компромитирачките материјали за криминалот на актуелната власт. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за БИРН вчера рече дека „реално, почетокот на идната недела е периодот кога ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 16:09
•
Posted by: MK News
Шест годишно дете се удави во кумановско Никуштак откако го повлекла надојдена вода. Според првичните информации до кои дојде Курир, 6-годишниот Алмир се движел со својот една година постар брат. Во еден момент сакале да преминат преку надојдената вода, во напливот на водата од ридот во близина ги повлекол двете деца. Поголемото братче успеало да […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 16:02
•
Posted by: MK News
Приватен и автобус на ЈСП се судриле утринава околу 10:20 часот на булеварот „Мајка Тереза“. Двата автобуси се со број „9“ и сообраќаат на иста линија. Несреќата се случила во близина на влезот на Клиничкиот центар, а како што информираат од полицијата причинета е само материјална штета. Повредни лица, за среќа, нема.
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 15:56
•
Posted by: MK News
Општина Штип ги известува жителите на Лакавичкиот регион дека се очекува зголемување на водостојот на Лакавичка река и ново поплавување на земјоделските површини и имотите на луѓето. -Како резултат на обилните врнежи од дожд во радовишкиот регион, има ново прелевање на браната Мантово, заради што се апелира до жителите да ги обезбедат имотите, а стоката […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 13:30
•
Posted by: MK News
Министерството за внатреши работи денес излезе со детали околу идентитетот на загинатите во вчерашниот пожар во фабриката за пински боци во Богданци „Балкан гас“. -Во 8:50 часот од експлозија на гас избувнал пожар во објектот, при што животот го загубиле вработените Златко Д.(59), Васко Д.(42) и Благој Д.(40), сите од селото Ѓавато, а со изгореници […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 12:11
•
Posted by: MK News
Битола: Ситуацијата во Битола е во се уште неизвесна состојба дождот не прекинува да врне. Сите јавни претпријатија на општините се ставени во функција на правење на насипи. Со пробивање на патот се спаси с. Новаци од поплавување, водостојот се уште се одржува на приближно исто ниво како и вчера. Багерите кои се вклучени активно […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 11:55
•
Posted by: MK News
Ситуацијата во Битола е во се уште неизвесна состојба, бидејќи дождот не престанува да врне. Сите јавни претпријатија на општините се ставени во функција на правење на насипи, информираат од ДЗС. Со пробивање на патот се спаси село Новаци од поплавување, водостојот се уште се одржува на приближно исто ниво како и вчера. Багерите кои […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 11:45
•
Posted by: MK News
Нов влажен бран од запад ќе ја зафати Македонија во попладневните часови, кој ќе услови облачно време со врнежи од дожд. На планините се очекуваат интензивни врнежи од снег, а локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови. Во деновите од викендот […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 10:30
•
Posted by: MK News
Во сабота на 07 февруари со почеток од 17 часот и 30 минути на програмата на „Ал Џезеира Балкан“ премиерно ќе биде емитуван документарец посветен на една од најголемите балкански музички звезди, прерано починатиот македонец Тоше Проески. Емисијата насловена како “Шест часа до небото“ ќе се обиде да направи досега најцелосен осврт на ликот и делото […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2015 10:00
•
Posted by: MK News
На сателитска снимка, објавена од НАСА, јасно се гледа дека површината од поплавите во Пелагонскиот регион е поголема од површината на Дојранското Езеро!
______________________________________________________________________________________________________