23/01/2015 17:28
•
Posted by: MK News
Силно невреме, проследено со силен дoжд, град и ветер ја зафати денес Гевгелија и околината предизвикувајќи големи штети, прекин во сообраќајот и оштетени мостови. Поради обилните врнежи, но и топењето на снегот на Кожув планина, надојдените води во Конска река го поплавија мостот на влезот во гевгелиското населено место Моин и предизвикаа прекин во сообраќајот. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 15:30
•
Posted by: MK News
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К. (49) од Охрид. -На 23 декември минатата година, пријавената, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од 5000 евра. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 12:45
•
Posted by: MK News
Четврта година по ред нема ни трага ни глас од убиецот на триесет и едногодишниот Баже Стефанов од Велес. Очајна и истоштена од тага и болка неговата мајка ден денес ја бара правдата за синот. Сака да знае кој и зошто со триесетина куршуми го изрешета на кобниот ден. Оваа сторија ја објави порталот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:45
•
Posted by: MK News
Мечките од Баба Планина станаа сериозна закана за битолските пчелари. Во потрага по храна, често се гостат со кошници со мед, правејќи големи штети по пчеларниците. Пчеларите велат дека ниту сирените што ги ставиле покрај кошниците не ги спречуваат неканетите гости. Деновиве, четврти пат оваа зима, настрадаа кошниците на пчеларот Менде Николовски, лоцирани кај Стрежевско […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:40
•
Posted by: MK News
По цена од 1.799 денари (30 евра) од 30 јуни годинава нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ ќе лета од Скопје до Барселона секој вторник и сабота. По таа цена македонските граѓани од 29 јуни ќе може да патуваат и од Скопје за Осло. Покрај тие две дестинации, согласно договорот на македонската Влада за субвенционирање нискобуџетни летови, „Визер“ […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:30
•
Posted by: MK News
Граѓаните од Мавроводо-рекавскиот крај кои поднесоа барање до ЕВН за отштета поради двонеделниот прекин на електричната енергија, добија одговор дека станува звор за виша сила и дека нема да добијат никаква надокнада. Жителите од погодените подрачја беа отсечени од блиските населени места, храната во фрижидерите кои се размрзнаа им се расипа, а оние што се […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:15
•
Posted by: MK News
Во текот на целата недела се очекуваат врнежливи денови и облачно време. Исто така се очекува и пад на температурите. Дневната температура ќе се движи над нулата, додеќа ноќната ќе се спушти најмногу до четири степени под нулата. Затоа пак, првата недела од месец февруари претежно ќе имаме сончево време, додека веднаш потоа речиси десетина […]
______________________________________________________________________________________________________
23/01/2015 09:00
•
Posted by: MK News
За изградба на шест катни гаражи во центарот на Скопје досега се потрошени 72 милиони евра, финансиски средства речиси во висина на првично планираната сума од 80 милиони евра за реализација на проектот „Скопје 2014“. Со вакво тврдење излезе Петре Шилегов, портпарол на СДСМ. Шилегов истакна дека за изградба на катната гаража Даме Груев досега се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 21:17
•
Posted by: MK News
Семејство од Скопје има високи критериуми за дадилка. Во огласот објавен на сајтот Пазар 3 тие објавиле оглас преку кој бараат дадилката која ќе се грижи за нивното дете во с.Горно Соње, а од неа бараат да има завршено високо образование, да е писмена, одлично да говори македонски јазик, да е одговорна, дискретна, динамична и […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 21:02
•
Posted by: MK News
И додека цела македонска јавност со нетрпение го очекува секој натпревар на македонската репрезентација во Катар, „Бекстејџ“ влезе во домот на мајките на ракометарите. Онаму каде што навивањето е најгласно нервирањето најсилно. Стоилов, Ристовски, Миркуловски и Манасков на терен гинат за Македонија. Нивните мајки, дома пак, гинат за нив. Вистинска навивачка еуфорија и чиста родителска […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 20:43
•
Posted by: MK News
Штипјанецот Владо Милановиќ на своите ниви во општина Карбинци произведува егозотично овошје и зеленчук. Овошјето кивано и зеленчукот карела, коe е традиционална храна во Индија, Јапонија и Кина веќе ги продава на македонскиот пазар, а инаку целокупното производство му е загарантирано и се продава на европскиот пазар, пренесува МИА. Милановиќ вели дека минатата година на […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 20:32
•
Posted by: MK News
Компанијата Визер и ТАВ Македонија денес ги најавија новите шест дестинации од Македонија до градови ширум Европа. Тоа го направија на еден специјален начин, поканувајќи ги децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ да летаат со нив до Охрид. Компанијата ќе отпочне пет нови летови од метрополата до познати европски градови по многу […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 20:16
•
Posted by: MK News
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со претставници од Швајцарските органи на прогонот, денеска по претходно изготвен план за преземање на мерки и активности во врска со меѓународна истрага за недозволена трговија со дрога изврши претреси на три локации на подрачје на градот Гостивар, заради обезбедување на докази за сторено кривично дело […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 19:46
•
Posted by: MK News
Од утре до недела претпладне нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има утре, локално над 30 л/м2, особено во западните и источните делови каде повремено ќе дува засилен јужен и ретки грмежи. Врнежите во сабота ќе бидат со послаб […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 15:24
•
Posted by: MK News
По долго и тешко боледување, завчера во Скопје почина проф. д-р Јован Тофоски, претседател на Македонско лекарско друштво и поранешен министер за здравство. Погребот на Тофоски е извршен вчера во кругот на семејството, јави МИА. Проф. д-р Јован Тофоски е роден 1940 година. Студиите на Медицинскиот факултет во Скопје ги завршил во 1965 година, како […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 14:18
•
Posted by: MK News
Македонската полиција во соработка со полицијата на друга држава спроведува акција за разбивање на меѓународна криминална група која се занимавала со шверц на наркотични средства. Како што дознава Курир, во Македонија во моментов се вршат претреси на повеќе локации, а во земјата, која е дел од спроведувањето на акцијата, веќе се приведени неколку лица. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 13:30
•
Posted by: MK News
На заминување, американскиот амбасадор Пол Волерс, на невообичаен и модерен начин го синтетизираше тригодишниот мандат во Македонија. Во инфографикот, објавен на официјалната фејсбук-страница на Амбсадата на САД, меѓу другото, може да се види и колку кафиња-еспресо испил (1.050), колку тегли ајвар направил (115), колку литри крв донирал (1,5), но и со колку градоначалници се сретнал […]
______________________________________________________________________________________________________
22/01/2015 12:45
•
Posted by: MK News
Ако едно лице зема хонорар од 10 . 000 денари за кој работодавецот ќе плати придонеси, а покрај овие пари во месецот плус уште од две места зема хонорар од по 5.000 денари, значи уште 10 000 , лицето има обврска во ПИОМ да ги пријави сите договори. Тогаш фондот прави пресметка и од вкупниот […]
______________________________________________________________________________________________________