29/08/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Учениците од прво и второ одделение од основните училишта на територија на Општина Карпош оваа година ќе имаат бесплатни ужинки, а на учениците од прво до петто одделение еднодневните излети исто така ќе им бидат платени од општинската каса. – Ова беше решено на седница на Советот на Општина Карпош со прифаќање на измените во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 31 степен. Во Скопје слично време, со утринска температура до 16 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 13:45
•
Posted by: MK News
Се пријавиле вкупно 24 лица, но поради војната во Украина патувањето е одложено.. „Kонфликтот во Украина ги погоди осамените ергени во Македонија затоа што поради војната во оваа земја не можат да отидат таму и да си изберат невеста. За некои мажи во изолирани заедници, немањето жена значи живот во апсолутна осаменост“, пишува американскиот сајт […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 12:52
•
Posted by: MK News
Седумгодишно девојче од Скопје со западнонилска треска во многу тешка состојба било хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Вирусот кај девојчето деновиве бил и лабораториски потврден во Институтот за јавно здравје. Според информациите на Здравство24 детето било каснато од инфициран комарец во Грција за време на одморот со родителите. Извесно време по каснувањето седумгодишното девојче […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 12:20
•
Posted by: MK News
Многу поттпорни ѕидови на улицата Славејко Арсов напукнуваат, велат граѓани кои биле на Отворениот ден во Општина Центар за своите проблеи се пожалија пред градоначалникот Андреј Жерновски. „Тие донесоа фотографии од потпорни ѕидови на улицата Славејко Арсов, од кои се гледа дека поради урбаната мафија и непланското градење, кое претходните општински раководства го аминуваа, потпорните […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 10:50
•
Posted by: MK News
Авион од типот „цесна 172“, сопственост на аероклубот „Скопје-ер“, на 29 август 2008 година се урна кај местото Скребатно, во непосредна близина на Охрид. Во трагедијата во која, според очевидци, авионот удрил во земјата под прав агол, загинаа четворица. Тие натаму објаснуваат дека „цесната“ удрила во автомобил „застава 750“ во која имало 13-годишно девојче, кое […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Производството на мед во Македонија не е на посакуваното ниво, нема доволно количества за задоволување на потребите, а потфрла и квалитетот. Можностите за профит во овој бизнис се големи ако се следат модерните трендови и редовно се инвестира во пчелните семејства. еден пчелин сандак чини 50 евра и приближно толку е да се купи и […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:50
•
Posted by: MK News
Скопските таксисти во наредните три години ќе учат англиски јазик на сметка на Градот, односно целата активност ќе се финансира од градската каса. Обуката ќе ја извршат професори по англиски јазик од скопските средни училишта, на кои градската власт ќе им ги намири трошоците за ангажманот. Такси-возачите што нема да го совладаат јазикот до 1 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Александар Велики бил од Македонија и не се сметал себеси за Грк, тврдат Плутарх и Аријан, кои ги сметаме за најавторитативни и најрелевантни од античките историчари. Според преводот на нивните книги на англиски јазик постои Александар од Македонија и тој јасно зборува за браќата Грци. Затоа решивме да одржиме семинар за животот на Александар во […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:39
•
Posted by: MK News
Кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот за здравствено осигурување нема да го раскинува еднострано договорот доколку тој не најде замена во рок од 35 до 270 дена. Како доказ, здравствената установа треба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од Агенцијата за вработување. До вработувањето на новиот лекар […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Поставување статуси или фотографии на социјалните мрежи, проверка на електронската пошта, читање на најновите вести – секојдневно с` повеќе и повеќе македонски корисници на мобилна телефонија го прават ова преку своите уреди, кои им овозможуваат брз и едноставен пристап до интернет-мрежата. Македонците ги има зафатено истата треска за употреба на паметни телефони како и жителите […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Македонците, се нација која според овој институт има во најголем дел антички ген, дури 30%. Потоа се 20% Теутски (Тевтонски, старо германско племе), и по 15% словенски и хеленски корени. Нашиот ген, помеѓу останатото, содржи и 10% илирски корени. Според бројките, Македонците најмногу ДНК сличности имаат со Грците и Србите, а нагласени разлики со Бугарите […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Истекува договорот на приватното претпријатие „Руле турс“ со Град Скопје за закуп на автобуската страница во Скопје, најфреквентната транзит точка во државата. Градот во наредниот период ќе распише оглас за фирми кои би биле заинтересирани да стопанисуваат со автобуската станица во наредните 15 години. Основен критериум за избор на фирмата ќе биде највисоката понуда, при […]
______________________________________________________________________________________________________
28/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Од 1.октомври матичните лекари ќе пропишуваат повеќе лекови на рецепт. Фондот за здравствено осигурување им го зголеми буџетот за лекови од 330 на 400 денари по бод, пренесува порталот Здравство24. Како што велат од ЗПЛРМ за zdravstvo24.mk, ова нивно барање кое го прифати Фондот се должи на фактот што голем број на лекови се симнаа […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 20:30
•
Posted by: MK News
Бабичка облечена во весела комбинација била вистинска атракција додека танцувала и како што можеме да видиме од фотографиите, таа си поминувала фантастично. Vistina.mk
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 15:43
•
Posted by: MK News
Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 15:39
•
Posted by: MK News
Туристичките капацитети на струшкото крајбрежје се исполнети и крајот на сезоната е задоволувачки, оцени заменик претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески, објави МИА. – Имаше неколку причини зошто јули не беше баш најдобро, но еве крајот на сезоната покажува задоволителни резултати, капацитетите на охридско-струшката ривиера се исполнети. Мислам дека и понатаму вака ќе се продолжи. Ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
27/08/2014 15:31
•
Posted by: MK News
Во вторникот на граничниот премин „Богородица” е пријавен нов случај на украдени регистерски таблички од возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на жител на Кавадарци, сопственик на возило марка „сеат кордоба” од кое биле украдени регистерските таблички. Сопственикот на возилото пријавил дека во вторникот во Грција му биле украдени комплет регистерските таблички, […]
______________________________________________________________________________________________________