Archive | Македонија RSS feed for this section

Исповед на скопска спонзоруша: Не излегувам од дома за под 150 евра

Човек не смее да биде прост во ова време. Kога станува збор за секс-дружба со бизнис или со политичката елита, девојката мора да работи и на себе. Да изгледа добро и да знае доста од светот на бизнисот и од светот на политиката. Да има свое мислење и секогаш да биде на страната на „пријателот“ […]

______________________________________________________________________________________________________

Затворска казна за возачот на автобусот што се судри со воз кај Овче Поле

Возачот на автобусот на Струмица експрес кој на 13 мај ја предизвика несреќата со патничкиот воз на пругата кај Овче Поле доби казна затвор од една година и девет месеци и забрана за управување со возила од Д категорија во рок од една година. Портпаролот на Основниот суд-Штип, Стојан Михов информира дека согласно измените на кривичниот законик […]

______________________________________________________________________________________________________

Барате работа? МВР вработува 50 лица – еве што бара

МВР распиша оглас за вработување на 50 извршители, со завршено високо образование. Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 ,39/12, 13/13, 25/13,170/13, 187/13 и 113/14), член 49 став 1 од Законот за внатрешни работи […]

______________________________________________________________________________________________________

Еве како изгледа новата сала Јане Сандански во Аеродром

Отворени се спортски центар „Јане сандански“ и хотелот „Русија“ што се наоѓаат во општина Аеродром. Комплексот има арена, односно централна сала со капацитет од 6.500 посетители, хотел како и помошна спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресен центар. Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци измамени од туристички агенции – Затворени две скопски туристички агенции

Државниот пазарен инспекторат месецов затворил две скопски туристички агенции, оти не склучиле договор со патниците за аранжманите што ги продале. Дополнително, други три агенции продале сместување што било сосема поинакво од она што им било ветено на купувачите. Овие агенции нема да бидат казнети, бидејќи им ја исплатиле штетата на патниците, велат надлежните. Последниот случај […]

______________________________________________________________________________________________________

Подгответе се за пад на темературите

Во наредниот месец можеме да очекуваме сончево време со температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени Целзиусови, но ноќите ќе бидат постудени, а минималните температури во пад. Идниот месец, според прогнозата на AccuWeather, во Македонија ќе биде сончево, а температурите нема да бидат над просечните за овој период од годината. Дожд […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре е неработен ден

За граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија, утре (28 август) е неработен ден. Утре се слави празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО+ВИДЕО: Македонките трчаа на штикли на Широк сокак

Синоќа на  Широк Сокак се  одржа  традиционалната  трка со штикли, во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014. Првото место на трката на штикли на Широк Сокак ја освои Ана Јанкуловска од Битола. Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ја следеше тричлено жири во состав на јавни личности. Настанот беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Хорор од мртви кучиња и мачки во Берово

Kучиња и мачки облеани во повраќаници, измет и во крв, паднати насекаде по улиците, ова е сликата од Берово деновиве, алармираат од здружението за заштита на животните „Анима мунди“. Како што велат од здружението дел од животните сѐ уште не биле мртви кога жителите ги виделе во агонија и во треска која наликувала на силни […]

______________________________________________________________________________________________________

10 годишни деца се зависници од дрога во Македонија

Дваесет деца на осум, девет, 10 и 12-годишна возраст се регистрирани како нови зависници од дроги лани во земјава, откри Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на детско престапништво, кој го презентираше Извештајот за состојбите во областа на правата на децата и малолетничкото престапништво во 2013 година пред членовите на собраниската Комисија за политички систем […]

______________________________________________________________________________________________________

Може да шират зарази: Мачиња и кучиња слободно си шетаат во отпадот од Инфективна

Граѓаните кои поминуваат покрај Клиниката за инфективни болести во Скопје секојдневно гледаат мачиња или кучиња кои бараат храна во необезбедените и отворени контејнери наменети за медицински отпад од оваа клиника. На оваа клиника се лекуваат и пациенти заболени и од заразни и неизлечиви болести како што се ХИВ и СИДА, хепатитис Ц, но и жолтица и […]

______________________________________________________________________________________________________

Цело Пехчево во битка со дваесет „терористи“

Пехчевци живеат во страв. Дваесет муслимански верници, за кои веруваат дека се секташи, вахабисти, фундаменталисти или нешто слично, ама страшно, им шетаат пред очи и им личат на терористи. Според пописот, во овој град има 3.237 жители. Голем број од нив се иселени на привремена работа во Италија. Тие што се тука, живеат во сиромаштија, […]

______________________________________________________________________________________________________

СПЦ ќе го тужи поглаварот на МПЦ, Стефан

Ново заострување во односите меѓу српската и македонската православна црква. СПЦ соопшти дека ќе го тужи поглаварот на МПЦ за расколничко однесување пред црковен суд Синодот на Српската православна црква- СПЦ  одлучи да покрене црковносудска постапка против архиепископот Стефан, поглавар на Македонската православна црква, која е во раскол со српската црква, објавено е на интернет-страницата […]

______________________________________________________________________________________________________

Прилепскиот катастар остана без струја поради неплатени сметки

Подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп остана без струја поради долг за неплатени сметки кон ЕВН, пренесе порталот РеволуционерМк. Вработените морале да прескокнуваат преку шалтери за да излезат од своите работни места поради електронските врати кои што функционираат со картица. Директорот на подрачната единица на Агенцијата за катастар и недвижности во Прилеп, […]

______________________________________________________________________________________________________

Жолтицата зема замав, заболени и во Куманово

Во изминатите два дена во Скопје се регистрирани три нови случаи на заболени од хепатит А. Последно е 13-годишно девојче од Шуто Оризари кое е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупниот број заразени во Скопје изнесува 76. Од нив 17 се згрижени на Инфективната клиника, а двајца се во градската општа болница […]

______________________________________________________________________________________________________

Листерија е лоцирана во полнилка во “Пекабеско”

Бактеријата листерија е пронајдена преку земен брис од дел од полнилка во компанијата Пекабеско, потврди за НОВА Дејан Рунтевски директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако НОВА вчера објави документ од кој се гледа дека листерија е пронајдена кај уште еден производител на сувомесни производи. „ Веќе се врши дезинфекција, се чисти и за […]

______________________________________________________________________________________________________

Градот стана жирант за барокот на „Водовод“

Град Скопје ќе му биде гаранција на ЈП „Водовод и канализација“ за заемот од 7,3 милиони евра кои претпријатието ќе ги земе од домашна банка за доизградба на својата административна зграда. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ на бурна седница на градскиот Совет уште еднаш едногласно дадоа „амин“ за начинот на задолжување за барокниот објект, иако опозиционерите предложија […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес пекол – викендов дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и доста топло, со умерен ветер претежно од западен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 30 до 36 степени. Претежно сончево ќе биде и во Скопје, со максимална температура до 34, во охридско-преспанскиот регион до 32, а во Дојран до 35 степени. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1