25/03/2015 18:40
•
Posted by: MK News
Според новите докази што денеска се појавија во истрагата за причината за вчерашното уривање на авионот Ербас А320 на компанијата „Џерман Вингс“ над Алпите, падот на леталото траело 18, а не осум минути, како што претходно се веруваше. Француската министерка за животна средина и сообраќај Сеголен Роајал изјави дека екипажот на авионот престанал да се […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 14:14
•
Posted by: MK News
Меѓу загинатите 150 патници и членови на екипажот во падот во француските Алпи на авионот „Airbus 320“ на летот од Барселона за Диселдорф е и најголемата обожавателка на шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, објави клубот на својата официјална интернет страница. „Фудбалскиот клуб Валенсија го изразува своето сочувство во врска со авионската несреќа во француските Алпи. Потврдено […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 13:46
•
Posted by: MK News
На роденденската прослава на Один, кој наполнил 13 години, се случи вистински трогателно чудо. Один страда од вид аутизам, поточно Аспбергеров синдром, па честопати се соочувал со малтретирање од соучениците и врсниците. Откако ниедно од поканетите другарчиња не го потврдило присуството на роденденот, мајка му на Один смислила нешто интересно. Таа на неколку пријателки им […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 13:39
•
Posted by: MK News
Авион Боинг 737 на авиокомпанијата Утаир со 73 патници и шест членови на екипажот принудно слета денеска на аеродромот Пулково во Санкт Петербург само со еден мотор. Авионот летал од Москва кон Санкт Петербург и побарал одобрување за принудно слетување бидејќи еден од моторите престанал да работи. Авиокомпанијата соопшти дека ниту еден од патниците не е […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 13:29
•
Posted by: MK News
Секоја мајка има своја единствена приказна за породувањето, но ова што ќе го прочитате во продолжение навистина е единствено и прилично ужасно. Ерика Нигрели е 32-годишна учителка во Мисури сити во Тексас. Еден ден во текот на предавањето почнала да губи свест, па паднала на подот. Учениците го повикале нејзиниот сопруг кој исто така работел […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 12:47
•
Posted by: MK News
Археолози во урнатини во паркот Теј Кер во Аргентина пронашле германски железни монети од периодот 1938-1941 година, известува весникот „Кларин“. Откриено е парче порцелан со натпис „Made in Germany“ (Направено во Германија), што е во прилог на теоријата според која нацистите во случај на пораз, планирале да се кријат во аргентинската џунгла. – Национал-социјалистите во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 12:17
•
Posted by: MK News
Холивудската актерка Анџелина Џоли (39) вчера соопшти дека минатата недела се подложила на операција за отстранување на јајчниците и јајцеводите, и тоа по две години откако се пдоложи на двојна мастектомија и ги острани двете дојки. Убавата актерка се одлучила на ваков чекор бидејќи е носител на генот „BRCA1“ кој екстремно ја зголемува шансата од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 11:33
•
Posted by: MK News
Патничкиот авион „Ербас А320“, на компанијата „ЏерманВингс“, падна денеска во Алпите во јужниот дел на Франција. Во несреќата загинаа 150 луѓе, а тоа не е прв несреќен случај на овој модел на авион кој имал фатални последици. Дури 789 лица загинаа во овие авиони. Семејството на „Ербас“ авиони А320 кое ги вклучува моделите „A318“, „A319“, „A320“ […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 10:46
•
Posted by: MK News
Авионот „Ербас А320“ на германската компанија Џерман вингс“, во сопственост на групацијата „Луфтханза’, кој леташе од Барселона за Диселдорф, денеска се урна во француските Алпи, на околу 100 километри северно од Ница. Во авионот имаше 144 патници и шест членови на екипажот. Најголема несреќа во историјата на авијацијата се случи 1977 година на Тенерифе, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2015 09:32
•
Posted by: MK News
Поранешниот фудбалер на Вардар, Предраг Ранѓеловиќ, кој има настап и за македонската фудбалска репрезентација, се спаси од сигурна смрт заедно со своите соиграчи од Далкурд, откако целиот тим на шведскиот третолигаш требало да патува со кобниот лет од Барселона до Дизелдорф, за во последен момент рутата да биде променета. Францускиот весник „Л’Екип“ објави дека раководството […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 21:58
•
Posted by: MK News
Авионот “Airbus A 320” летал од Барселона за Дизелдорф, а при полетувањето доцнел половина час. Авионот “Airbus A 320” на германската компанија “German Wings/Lufthansa”, се урнал денес со 150 патници и членови на персоналот на југот од Франција. Во авионот главно се наоѓале државјани на Германија. 67 Германци биле меѓу патниците. Меѓу нив има 16 ученици […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 21:43
•
Posted by: MK News
На авионот „Airbus A320“, кој во вторникот се урна во француските Алпи со 150 патници и членови на екипажот, претходно биле регистрирани технички проблеми, објави во вторникот навечер интернет изданието на германскиот весник Der Spiegel повикувајќи се на „Lufthansa“, компанијата „мајка“ на германската нискобуџетна воздухопловна компанија „Germanwings“ Можеби тоа е причината, забележува весникот, што неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 21:14
•
Posted by: MK News
Што се однесува до авионот кој денес се сруши на југот на Франција, сепак се работи за едно многу безбедно превозно сретство бидејќи сите статистики одат во негова корист. Семејството од авиони Airbus A320 го сочинуваат авиони со тесен труп кои ги произведува компанијата Airbus. Конкретно, овој авион кој се сруши над француските Алпи, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 21:11
•
Posted by: MK News
Гимназиската сала и ходниците на училиштето во малото населено место Сен лез Алп, на околу 10 километри од локацијата каде е пронајден урнатиот авион „Ербас 320“ во Франција се оспособени од локалните власти, за да можат да бидат донесени телата на загинатите, јави Си-Ен-Ен. Над Сен лез Алп постојано прелетуваат хеликоптери кои го носат телата […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 18:42
•
Posted by: MK News
Шпанските власти соопштија дека група од 20 германски дечиња на училишна возраст патувале со урнатиот Ербас А320 на „Џерманвингс“. Спасувачките тимови се подготвуваат да се обидат да го пребараат местото каде што паднал авионот. Германската канцеларка Ангела Меркел рекла дека утре ќе се обиде да го посети местото. Германскиот министер за транспорт Александер Добринд и голем […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 14:51
•
Posted by: MK News
Авион од типот „ербас 320“ на компанијата „Џерман вингс“ се урна денеска во јужниот дел од француските Алпи. Во авионот се наоѓале 142 патника и шест членови на екипажот, јави француската телевизија И-теле. Авионот летал на релација Барселона – Дизелдорф. „Џерман вингс“ е компанија – филијала на Луфтханза, а досега ниту еден од нејзините претставници […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 14:27
•
Posted by: MK News
Ашја Кинг, петгодишно момче од Велика Британија, кој се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако родителите на своја рака го извадиле од болницата и покрај инсистирањето на лекарите да остане, е излекуван од рак. Во државната болница во Саутемптом на момчето не можеле да му овозможат соодветно лекување и родителите на своја […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2015 14:26
•
Posted by: MK News
Легендарниот австралиски тенисер Боб Хјуит, човекот кој освои 15 Гренд слем тутили во конкуренција на двојки и микс, е прогласен во понеделникот за виновен за силување и сексуално злоставување на малолетни девојки. Вчера 75-годишниот Хјуит се изјаснил дека не е виновен за обвиненијата кои го товарат за два случаи на силување и едно сексуално вознемирување […]
______________________________________________________________________________________________________