01/03/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Виетнамски и странски археолози денеска објавија дека се пронајдени и потврдени силни докази за постоење на организиран живот во централното подрачје на сегашен Виетнам уште во времето од 6.500 до 4.700-та година пред нашата ера. Археолозите сметаат дека откриените гробници и споменици, како и човечки и животински остатоци од тој период ќе имаат големо значење […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Преку сто лица се уапсени во досега најголемата меѓународна полициска операција против продажбата на лажни акции, спроведена во неколку земји од Европа и во САД. Главнината на операцијата е изведена во Велика Британија и во Шпанија, каде се уапсени најголем дел од осомничените. Шпанската полиција уапси 84 лица, британската 24, српската четири, а америанската две. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Секако дека анимираните филмови оформија некои уверувања, кои во подоцнежниот живот тешко можат да се надминат. На пример, сигурно многумина се уште веруваат дека глувците сакаат сирење и дека зајаците се хранат со моркови, но време е да се разбијат тие митови. Глувците всушност воопшто не се љубители на сирењето. Малите глодари не го поднесуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Освен на веќе извесните предвремени избори, кои би се одржале на 27 април, Македонија можно е да трча и на вонредни парламентарни избори, ако во наскоро не стане членка на НАТО, што подразбира поместување во спорот за името. Таква опција лидерот на ДУИ, Али Ахмети, најави во интервју за телевизијата „Алсат М“, по одлуката на […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Во изминатите шест години, истражувачите од целиот свет собрале повеќе од 800.000 семки на постоечки билки, за да ја зачуваат биоразличноста на Земјата во случај на катаклизма од глобални размери Повеќе од 20.000 примероци од овие семки од над 100 држави се ставени во Глобалниот трезор на семки во Свалбард, кој се наоѓа во Норвешка. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Сиромашна е како Парагвај, а корумпирана како Иран. За време на 20-тиот век во неа владеел глад под власта на Сталин, историски масакр над Евреите, и една од најлошите светски нуклеарни катастрофи (Чернобил, 1986 година). Business Week појаснува зошто Украина им е толку значајна на големите светски сили. Украина е богата со природен гас, и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Станува збор за известувачко – разузнавачкиот воен брод „Виктор Леонов ЧБ – 175″, кој е опремен со софистицирана опрема за електронски следење, како и со ракети и противвоздушно вооружување. Агенцијата АП истакнува дека неговото присуство го привлекло вниманието на љубопитните жители на Хавана. На јарболот на бродот се виорат руското и кубанското знаме, наведува АП. […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Се што ви е потребно за прекрасна коса се наоѓа во вашата кујна. Ви пренесуваме два едноставни рецепти за маска која ќе ја опорави вашата коса, ќе го поттикне растот и ќе и обезбеди сјај. Маска од портокал – Помешајте шоља сок од портокал со шоља јогурт. Смесата нанесете ја на косата, замотајте ја главата […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Министре испитајте го случајот со починувањето на уште едно бебе. Со овие зборови Бранко Тркалески од селото Заполжани, прилепско, му се обрати на министерот за здравство Никола Тодоров, при неговата посета во Прилеп Тркалески, пред новинарите, подетално му објасни на Тодоров што се случило со неговото новородено внуче, кое починало 60 часа по раѓањето. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Обвинителот Татјана Кацарова од штипското Јавно обвинителство го штити својот син кој учествувал во тепачка во дискотеката “Мистик”, којашто се случи во март минатата година по митингот на партијата СДСМ во тој град. Ова го тврди еден од претепаните во инцидентот кој се обрати до медиумите откако заклучил дека процесот може многу лесно да падне […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Скопска „Топлификација“ воскресна! Вака шеговито реагираат граѓаните на најновите „честитки“ што ги добиле од компанијата, која повеќе од една година не ги грее радијаторите, а деновиве им испратила сметки за наплата на затезна камата зашто доцнеле со плаќањето. Така „Топлификација“ бара од 1.200 граѓани да ~ платат затезна камата затоа што со задоцнување ги платиле […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Уште една црква во Македонија била ограбена во период од 23 до 27 февруари. Овојпат се работи за „Св. Пантелејмон“ во Маврово каде непознат сторител го скршил цилендерот од бравата и влегол и одзел 3.500 денари, позлатен метален крст и света книга. Крадецот направил штета од 10.000 денари. Полицијата работи на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ во март полни 65 години од основањето, а годишнината ќе ја одбележи со повеќе активности во цела 2014 година. На 23 март во Македонската опера и балет ќе биде свечената академија по повод 65 години од постоењето на „Танец“. планирани се 25 концерти низ Македонија и […]
______________________________________________________________________________________________________
01/03/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Македонија петта година по ред се вклучува во одбележувањето на најголемата светска волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, во која годинава ќе учествуваат над 154 држави ширум светот. Часот на планетата Земја претставува најголема светска волонтерска акција со еколошки карактер, која има цел преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден час да се […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2014 23:39
•
Posted by: MK News
Струмица од вечерва живее под маски. Со традиционалниот маскенбал кој се одржува во хотелот „Сириус“ и официјално започнаа петдневните карневалски празнувања. ,, Вечерва јас сум Самурај, а мојата сопруга Гејша, секако воин кој што симболизира заштита на честа во Јапонија и се надевам дека токму овој воинствен изглед на претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица најавува фер, воинствена и […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2014 22:48
•
Posted by: MK News
Крим е под вооружена инвазија од страна на Русија. Околу 2.000 руски војници се транспортирани по воздух во главниот град на украинската автономна република Симферопол, изјави висок претставник на новите украински власти. Претставникот на привремениот вршител на должноста претседател на Украина Олександар Турчинов во Крим Серхиј Куницин изјави дека воздушниот простор над Крим е затворен […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2014 21:53
•
Posted by: MK News
Руски воени хеликоптери се упатиле кон украинскиот полуостров Крим тврди агенцијата интерфакс, додека неидентификувани војници, за кои Западот тврди дека се руски специјалци, ја патролираат целата област, пренесува Ројтерс. Додека Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Крим, на Интернет се појави снимка на која наводно можат да се видат руски воени хеликоптери како летаат кон […]
______________________________________________________________________________________________________
28/02/2014 19:39
•
Posted by: MK News
Утрово починал 60-годишен пациент од Струмица, кај кого е добиена лабораториска потврда за присуство на инфлуенца, тип Б, соопшти Клиниката за инфективни болести во Скопје. Пациентот 10 дена бил хоспитализиран на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања, како што се акутна бубрежна слабост и хронична миокардиопатија. И покрај спроведената антивирусна терапија […]
______________________________________________________________________________________________________