12/07/2013 09:00
•
Posted by: MK News
„Благодарение на успешното извршување на мисиите, припадниците на АРМ успешно ја афирмираа Република Македонија, каде оддалечени илјадници километри од татковината, гордо го вееја македонското знаме.“ Повеќе од 3.000 македонски војници досега биле дел од мисиите кои имаат за цел зачувување на мирот и безбедноста во рамките на меѓународни мировни операции во повеќе земји во светот. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 21:19
•
Posted by: MK News
49 годишна жена од Скопје, на Клиниката за урологија во Скопје, најверојатно го доби најубавиот но и најважен подарок кој живот значи, за роденден. Имено како што пишува електронското издание на Вест, нејзиниот татко, и донираше бубрег. Направената трансплантација беше 50-та, јубилејна. Текстот е објавен во печатеното и во електронското издание на Вест.
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 20:47
•
Posted by: MK News
Вистинска драма вчера вечер се случувала во населбата Железара. Бркотница со ножеви, камења метални шипки дури и српови. Единаесет малолетници кои биле на роденден, биле нападнати од дваесетина маскирани момчиња, пренесува телевизијата Алфа. Причината не ја знаат. Кога виделе дека толпата им се приближува забрзано, децата влегеле во автомобилот на братот на еден од групата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 20:03
•
Posted by: MK News
Неколку илјади туристи, претежно Македонци, Срби и Руси се блокирани на Атос, третиот крак од Халкидики, пишува Денешен. Во регионот на Уранополис и Неа Рода локалните земјоделци и населението вчера и денеска организираа протести, со блокада на сите влезови и излези на туристичките местата на Атос, каде се наоѓа и Света Гора и други познати […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 18:30
•
Posted by: MK News
Руската полиција на кратко го задржала Алексеј Навални, истакнат противник на Владимир Путим, откако поднел кандидатура на изборите за градоначалник на Москва во септември. 37 годишниот Алексеј е обвинет за проневера на фондови на една државна фирма, а припадниците на полицијата го уапсиле веднаш по пријавата на кандидатурата кога во еден момент застанал да ги […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 18:15
•
Posted by: MK News
Милијардер Субрата Рој вчера уживаше во прекрасниот амбиент на ресторанот „Острово“ во Св. Наум, традиционална македонска храна и музика на увце беа дел од забавата. Според порталот Охридпрес во неговото друштво била и познава филмска и музичка ѕвезда од Индија ги забавуваа бардовите на охридската староградска песна aнсамблот „Цар Самуил“. На Рој посебно му се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 18:00
•
Posted by: MK News
Американското обвинителство во средата подигна обвинение против саудиска принцеза поради трговија со луѓе и ја обвинија дека во САД довела жена од Кенија и ја држела во заточеништво како слугинка. Обвинетата 42-годишна Мешал Алајбан ја довела жената во мај, и’ го одземала пасошот и и’ плаќала по 220 американски долари месечно додека истовремено ја држела […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 17:45
•
Posted by: MK News
Џулија Мерфелд ја очекува доживотен затвор бидејќи се обидела да го нарача убиството на нејзиниот сопруг, и да го наплати неговото осигурување од 400.000 долари. Таа му понудила 50.000 долари на убиецот, велејќи дека е полесно да го убие, отколку да се разведе од својот сопруг. Во тој случај, не треба да се грижи дека […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 17:30
•
Posted by: MK News
Бугарскиот народен министер Павел Чернев на една конференција за новинари го скинал знамето на Косово. Инаку, засега нема други официјални информации за оваа реакција на бугарскиот пратеник. Во краткото појаснување на Ју Тјуб стои дека пратеникот со оваа реакција го покажал неговото незадоволство од одлуката на бугарскиот парламент да го признае независно Косово.
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 17:15
•
Posted by: MK News
Венецуелската министерка за казнено-поправни институции Марија Ирис Варела, ги повика денеска своите сограѓани да ги исклучат своите „профили“ на „Фејсбук“ со цел да не бидат цел на шпионирање од САД. – Сограѓани, исклучете ги своите профили на Фејсбујк, бидејќи без да знаете сте шпиони на американската ЦИА, објави министерката на својот „Твитер“ профил. Според Варела […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 15:40
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.П.(30) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „ Убиство“ и против С.Б.(24) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „Помагање“ во врска со неодамнешното убиство во населбата Аеродром. Двајцата осомничени беа приведени и заедно со доказниот материјал изведени пред надлежен Истражен судија кој им […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 15:31
•
Posted by: MK News
Центарот на македонската кошаркарска репрезентација, Предраг Самарџиски, ја побара за жена својата девојка – Србинката Тамара Абрамовиќ, со која веќе подолго време е во врска, пишува Телеграф.мк. Кошаркарот на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија од раката на својата девојка на која се гледа прстенот со кој клекнал кога ги изговорил волшебните зборови. Одговорот на неговата […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 14:54
•
Posted by: MK News
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ј.Т. од Битола за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“. Во текот на јануари и февруари 2013 година, во Битола на ул. „Партизанска“, на автобуска постојка, додека четири малолетни девојчиња чекале автобус дошол пријавениот и извршил задоволување на полови страсти пред истите.
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 13:44
•
Posted by: MK News
Полицијата го расветли убиството на 58 годишната скопјанка Ј.Н. која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, дознава Пресс24. Според нашите информации, жената брутално ја убил нејзиниот 30 годишен син Антон П., кој, како што дознаваме бил долгогодишен наркозависник. Во грозоморното убиство му помогнал и неговиот другар Стојанче Б. Истрагата покажала дека Антон дошол […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 12:26
•
Posted by: MK News
Нова полициска акција се спроведува во Дебар. Се апсат полициски служеници и цивили, јави „Курир“. Според првичините информации на порталот уапсени се двајца командири на граничката полиција и неколку полициски службеници. Меѓу уапсените се и поголема група на цивили. Акцијата се спроведува поради сомнение дека лицата сториле повеќе кривични дела, меѓу кои и криумчарење на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 12:13
•
Posted by: MK News
Мајка и седуммесечно бебе изгореа рано утровово пожар што избувнал во нивното импровизирано живеалиште во Охрид, потврдија од охридската полиција. Според податоците од СВР Охрид, пожарот настанал рано утрово во импровизираната барака во близина на болницата „Свети Еразмо“. Пожарникарите кои интервенирале успеале да го локализираат пожарот, но ги пронашле двете јагленисани тела на мајката и бебето. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Врховниот суд на Руската Федерација ја призна законската забрана за носење хиџаби во училиштата во Ставрополскиот крај. „Ограничувањето за надворешниот изглед ќе обезбеди нормално функционирање на училиштето, еднаквост во конфесиите на учениците. Надворешниот изглед на учениците треба да одговара со деловниот стил“, се кажува во решението на судот. Сепак, муслиманите не се задоволни од ова […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Кога ќе се решите да си купите нов смартфон, издржливоста на батеријата е еден од клучните фактори. Со тоа што на пазарот имате неколку конкурентни hi-end смартфони, следнава графика јасно ќе ви покаже кој уред има најдолго траење на батеријата во различни ситуации. 365.мк
______________________________________________________________________________________________________