Archive by Author

Сообраќајка пред Лептокарија – има повредени

Тешка сообраќајка се случила вчера пред Т.Ц Лептокарија во Скопје. Во несреќата учествувале автомобил и моторциклист, според очевидците моторциклстот бил тешко повреден. Полицијата извршила увид на местот на несреќата.

______________________________________________________________________________________________________

Двајца браќа избоделе братучеди – пренесени во Ургентен

Семејна драма се случувала вчера во липковското село Ропаљце. Двајца браќа тешко ги повредиле своите братучеди, исто така браќа, по семејна расправија синоќа околу 20 часот. Од полицијата информираат дека браќата Л.О. (19) и Љ.О. (17) при семејна расправија им нанеле убодни рани на своите братучеди, Х.О. (31) и Х.О. (29), исто така двајца браќа. […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев го нападна Вучиќ и предизвика жестоки реакции – Српски „Информер“ за Заев: Овој човек не е нормален!

Зоран Заев вчера вечер во интервју српскиот портал Курир.рс, бесрамно го нападна премиерот на Србија, Александар Вучиќ, обвинувајќи го дека е националист и дека намерно предизвикува напнатост и криза во регионот, пишува Информер.рс. Заев во емисијата „Да не се лажеме“ која се емитува на Курир.рс., на прашањето „Зошто националистичките кругови повеќе го симпатизираат Груевски отколку […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР со вонредна временска прогноза

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што денес и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека во петок и во недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава. Во сабота не се очекуваат врнежи, […]

______________________________________________________________________________________________________

Отстранета импровизираната експлозивна направа од Собранието

Припадници на одделението за антитероризам на МВР синоќа ја отстраниле импровизираната експлозивна направа пронајдена вчера попладне по 17 часот во Собранието во ходникот на 1-ви кат. Од МВР изутринава информираа дека експлозивната направа е предадена за натамошна постапка и се работи на расчистување на случајот. Импровизираната направа се состоела од петарда со фитил кој бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието

Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потврдија собраниските служби. Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар. Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии. Неговиот избор го оспорува […]

______________________________________________________________________________________________________

Анџелина Џоли посвоила едно од своите деца со фалсификувани документи

Американската актерка Анџелина Џоли посвоила едно од своите деца – Медокс од Камбоџа со фалсификувани документи. Таа го презеде старателството над детето од Моунх Сара во 2003 година, кој се покажало дека не е вистинскиот татко на момчето, но потпишал документи во кои неговото име фигурира како такво. Зделката ја откри директор на добротворна организација, […]

______________________________________________________________________________________________________

Тој е познат пластичен хирург кој вежба на својата сопруга: Погледнете како си ја створил перфектната жена (ВИДЕО)

Кога ќе слушнете дека жена ги оперирала градите, дека направила липосукција, ставила некои надоградби, отишла на реобликување на телото, половината, стомакот, ставила ботокс во лицето, веројатно нема да имате многу позитивно мислење за неа. Меѓутоа тоа не е случај со сопругата на пластичниот хирург, 47 годишниот Филип Крафт од Мајами, неговата сопруга е најдобра реклама […]

______________________________________________________________________________________________________

Џелатот на Ескобар: Убил 250 луѓе и бил 23 години во затвор! – Сега има илјадници следбеници на Јутјуб

Со своја рака убив над 250 луѓе, а од целата организација над 50.000 луѓе.Јас сум експерт за тероризам и киднапирање-вели Попај Јас сум професионален убиец.Убивав за пари но и од љубов и почитување кон големиот Пабло Ескобар, вели Џон Хаиро Веласкез, попознат како „Попај“.Тој долги години ги извршувал највалканите работи за неговиот шеф за кој […]

______________________________________________________________________________________________________

„За заедничка Македонија“ повикува на масовен протест денеска во 17 часот

ГРАЃАНИ НА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ПРОДОЛЖУВАМЕ! УШТЕ ПОХРАБРИ, ПОСПЛОТЕНИ, ПОЕНЕРГИЧНИ И ПООДЛУЧНИ!, порачуваат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и повикуваат на масовен протест денеска во 17 часот. Горди сме на граѓаните кои во целиот изминат период покажуваат храброст, достоинство, чест и непокор пред неправдите. Граѓаните кои застануваат зад идејата за Заедничка Македонија, идејата за суверена […]

______________________________________________________________________________________________________

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието порачаа дека ги реафирмираат следните позиции

ФБ статус на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски Пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” денес во Собранието ги реафирмираат следните позиции: • секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија • Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија не дава за право […]

______________________________________________________________________________________________________

Алијанса: Села се опоравува – за седница нема најава

Здравствената состојба на пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој беше најтешко повреден во насилството во Собранието е стабилна, но ќе остане уште неколку дена в болница. Од неговата партија ДР-ДПА ни изјавија дека денеска има значително подобрување, но повредите биле сериозни, па заради можните последици лекарите препорачале уште 6-7 дена да […]

______________________________________________________________________________________________________

Исчезнатата жена од Кичево денес пронајдена мртва

Исчезнатата Ибедет Мендароска, 60 години од Кичево, која минатиот вторник го напуштила својот дом и од кога и се губи секаков траг, денес околу пладне е пронајдена мртва во водите на Зајашка Река, во близина на дивата градска депонија. Телото закачено за гранки го забележал случаен минувач, кој ги алармирал најблиските и Полициската станица Кичево. […]

______________________________________________________________________________________________________

Џафери за ХРТ: Иванов има рок од 10 дена за доделување на мандатот

Новиот претседател на Собранието Талат Џафери е единствен легален и легитимен претседател на Собранието, изјави тој за ХРТ, хрватската државна телевизија. Џафери му даде рок од 10 дена на претседателот на државата, период во кој Иванов треба да го му додели мандат на парламентарното мнозинство за формирање влада. – Ако претседателот Иванов не го даде […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден тешко повреден во железничка несреќа во Скопје

Едно лице е потешко повредено во железничка несреќа која се случила  околу 16.30 часот на пругата кај Новоселски пат. Несреќата се случила кога воз кој сообраќал од Скопје кон Генерал Јанковиќ удрил во патнички автомобил „форд фиеста“ со скопски таблички управуван од Д.С. Тој се здобил со тешки повреди, префрлен е на КАРИЛ и е […]

______________________________________________________________________________________________________

ЗАГИНА МОМЧЕ на 1-ви мај

Вчера околу 14.15 часот на локалниот пат помеѓу селата Дреново и Сланско (општин Македонски Брод) се случила сообрќајка во која загина Х.Т. (1998) од Македонски Брод. Загинатиот возел мотоцикл, а од засега непознти причини се судрил со возило „фиат добло“ управувано од Б.Т. (2000) исто така од Македонски Брод. Поради тешките повреди, од кичевската болница […]

______________________________________________________________________________________________________

Не очекува топол и сончев ден- Температурата ќе се искачи до 30 степени

Времето денеска во цела Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност во планинските региони на југозапад. Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 28 степени. Во наредните денови не се […]

______________________________________________________________________________________________________

Америка во шок: Припадничка на ФБИ побегнала во Сирија и се омажила за терорист!

Припадничка на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), којашто имала пристап до доверливи информации во 2014 година отпатувала во Сирија каде што се омажила за припадник на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава (ИД), објави во понеделникот телевизијата СиЕнЕн. Според неименуваните извори на телевизијата, соработничката на ФБИ е идентификувана како Даниела Грин. Во Бирото таа преведувала […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1