Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Жена прегазена во Влае – починала на лице место

Жена чиј идентитет и возраст, се уште не се познати е прегазена утринава во скопската населба Влае. Несреќата се случила на раскрсницата со улиците „Ацо Шопов“ и „Иван Цанкар“, кога во жената удрил камион „Сканија“. Од повредите жената починала на лице место. Полицијата во моментов извршува увид.

______________________________________________________________________________________________________

Му давал 200 денари на полицаец да не му пише казна – уапсен е за подмитување

Дваесет и шестгодишниот С.Р. од Скопје во средата бил приведен во полициската станица во Драчево зашто сакал да поткупи полицаец со 200 денари. Полицаецот го сопрел и забележал дека возачот нема ставено сигурносен појас по што изготвил записник за сторен сообраќаен прекршок и регистрирање негативни одови. Но, пријавениот не сакал да ги потпише и му […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Велес: БМВ се судри со мотор, автомобилот парчосан (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Велес, каде што патничко возило од марката „бмв“ се судри со мотоцикл. Според информации од терен, патничкиот автомобил „бмв“ возел во спротивна насока, по што се судрил со моторот, чиј возач е тешко повреден. Според СВР-Велес, сообраќајната несреќа се случила во 18:15 часот на излезот од градот, каде што автопатот […]

______________________________________________________________________________________________________

Сообраќајка пред Тетово – повредени над 10 лица

Четири возила, од кои два автомобили, едно комби и еден трактор учествувале во сообраќајната несреќа што денеска околу 13 часот и 30 минити се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце на влезот во селото Слатино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според првични информации, десеттина повредени лица веднаш биле префрлени во тетовската клиничка болница каде им […]

______________________________________________________________________________________________________

Тешка сообраќајка кај Зоолошка – неколку повредени – блокирана Илинденска

Се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа две возила, по што сообраќајот на булеварот „Илинден“ е блокиран, пренесува „Сител“. На булеварот, непосредно покрај скопската Зоолошка градина се судриле „мицубиши колт“ со скопски регистерски таблички и „форд фокус“ со странска регистрација. Во сообраќајката има и повредени, но се уште нема официјална потврда за тоа како дошло […]

______________________________________________________________________________________________________

Жена избодена со нож – тепачка меѓу две семејства во Битола

Една жена е избодена со нож, а три лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во неделата вечер настанала расправија помеѓу две семејства од Битола, која прераснала во физичка пресметка. Дваесет идеветгодишниот Ф.В. со нож ја прободел М.В., по што тој заедно со 20-годишниот Е.В. физички нападнале […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Лекарот зел мито од 2000 евра за да посредува за инвалидска пензија (Видео)

Офталмолог од Клинички центар – Скопје примил мито од 2.000 евра од пациент за посредување за добивање на инвалидска пензија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицијата вчера го уапси офталмологот Д.С. (46) за сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание”. Имено, при медицински преглед на Клиниката за очни болести во Скопје, кој бил извршен […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработени во Т-Мобиле фалсификувале потпис на корисник за склучување лажни договори

Двајца вработени во Т-Мобиле фалсификувале потпис на корисник на мобилната телефонија на овој оператор и склучиле договори со што направиле долг од 32.000 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи. Р.К.(33) од Тетово и Р.М.(29) од Скопје, во текот на 2012 година ја злоупотребиле службената положба на тој начин што го фалсификувале потписот на лице од […]

______________________________________________________________________________________________________

Најдениот мртов велешанец бил свирепо мачен, па убиен

Со ДНК-анализа полицијата го утврди идентитетот на непознатиот маж чие тело, во фаза на распаѓање, беше пронајдено минатиот месец ,на ливада од напуштена куќа на влезот од Велес. Станува збор за 30-годишниот Бајро Ибрахимовиќ (30 год.) од Горно Оризари. Тој бил пронајден убиен, со испукан куршум во челото, со заврзани раце зад грбот Негови блиски дале […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Четири возила се смачкаа во Автокоманда

Четири возила се судрија во сообраќајна незгода која се случи во 11:20 часот во Автокоманда. Се работи за амбулантно возило со прилепски регистарски таблички и пасат, рено и голф со скопски регистарски таблички. Од СВР Скопје информираат дека засега нема пријавено дека има повредени во сообраќајката. Причинета е материјална штета. Фото: Република

______________________________________________________________________________________________________

Татко, ќерка и зет загинаа во сообраќајката кај Битола

Возачот на „Фиат тофас“ кој учествуваше во вчерашната несреќа кај Битола и неговите двајца сопатници всушност биле членови на едно семејство. Иако со различни презимиња, според неофицијалните информации станува збор за татко, ќерка и нејзиниот невенчан сопруг. Во автомобилот со скопски регистерски таблички, животот го загубија 38-годишниот Делшат И, неговата 20-годишна ќерка Ѓулшан Ф. и […]

______________________________________________________________________________________________________

5 загинати и 2 тешко повредени – сообраќајка во Битола

Вчера околу 21:00 часот кај Лознани битолско се случи тешка сообраќајна несреќа во која пет луѓе загинаа, а двајца патници се тешко повредени и се пренесени на клиниката во Битола на одделението за интензивна нега. Од СВР Битола ја потврдија информацијата. Незгодата се случила на новиот пат Битола- Прилеп. Од СВР Битола потврдија дека во […]

______________________________________________________________________________________________________

5 лица загинаа во страотната сообраќајка кај Битола – 2 тешко повредени

Вечерва нешто околу 21:00 часот кај Лознани битолско се случи тешка сообраќајна несреќа во која пет луѓе загинаа, а двајца патници се тешко повредени и се пренесени на клиниката во Битола на одделението за интензивна нега, јавува битолска ТВ Тера. Од СВР Битола за Тера ја потврдија информацијата. Незгодата се случила на новиот пат Битола- […]

______________________________________________________________________________________________________

Трагична сообраќајка кај Битола, неколку лица загинаа

Вечерва нешто околу 21:00 часот кај битолско Лознани се случила тешка сообраќајна несреќа во која неофицијално има неколкумина загинати, јавува телевизија Тера. Од СВР Битола потврдиле дека се случила сообраќајна несреќа во која има и загинати и повредени, но нема детали за несреќата поради увидот кој се уште трае.

______________________________________________________________________________________________________

Дете се удави во радовишко

Во водите на надојдената селска река Крива Лакавица во радовишкото село Липовиќ, вчеравечер паднал четвртооделенец и се удавил, јави А1 он. Неговото безживотно тело било пронајдено дури денеска во раните утрински часови.

______________________________________________________________________________________________________

Претепано 23 годишно момче во автобус на ЈСП

23 годишно момче во сабота вечер било крвнички претепано во автобус на ЈСП, соопштија од  Министерството за внатрешни работи. Од силините удари, момчето се онесвестило па со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница. Инцидентот се случил синоќа во 00.30 часот во автобуст на ЈСП со број 57 на пешачкиот мост на ул.„Цветан Димов”. А.П. […]

______________________________________________________________________________________________________

Прегазен пешак во Ѓорче Петров – починал

Дваесет и четиригодишен скопјанец прегази пешак  во населбата Ѓорче Петров, соопшти Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа се случила во петок, околу 17 часот на ул. ’Ѓорче Петров’, кога Г.У. со возило ‘фиат добло’ удрил во седумдесет иосумгодишниот Спира А. од Скопје. Истиот бил пренесен во Ургентен центар каде што во сабота им подлегнал на повредите.

______________________________________________________________________________________________________

Убиена жена во Кавадарци

Женски труп бил пронајден вчера околу 12:05 часот во објект во Кавадарци. Според првичните информации, по пријава на случајот извршен бил увид, при кој е констатирано дека на телото на жената на возраст од околу 50 години се забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1